Светска премиера на „Соларис“ на МНТ на Виенскиот фестивал - Канал 5

Светска премиера на „Соларис“ на МНТ на Виенскиот фестивал

Во комплексот MuseumsQuartiers (MQ) во Виена вечер на фестивалот „Винер фествохен“ (Wiener Festwochen) светска премиера ќе има претставата „Соларис“ на Македонскиот народен театар во режија на Украинецот со меѓународна кариера Андриј Жолдак.

Светска премиера на „Соларис“ на МНТ на Виенскиот фестивал
Виенскиот фестивал, кој е меѓу престижните во Европа, е копродуцент на нашиот театарски проект.

„Соларис“ е втора соработка на Жолдак со МНТ по премиерата на „Електра“ во 2014 година. Овојпат режисерот, кого го нарекуваат Мејерхолд на новото време, го поставува на сцена истоимениот филозофски и научнофантастичен роман на Станислав Лем и се очекува повторно да ја покаже својата специфична театарска естетика.

Книгата на полскиот писател, која раскажува за залудните обиди за комуникација со животот на други планети во вселената, го инспирирала и режисерот Тарковски кој ја екранизираше во 1972, а филм „Соларис“ направи и Содерберг 30 години подоцна.

Сценскиот „Соларис“ на Жолдак е најавен како фасцинантна и опасна одисеја низ сеќавањата и искрените копнежи. Во најавата за македонската претстава, Виенскиот фестивал пишува дека „Соларис“ е еден вид повратен лет - патување од далечна ѕвезда во најдлабокото себе, во свет кој е помистериозен и од огромниот универзум.

За режисерот Жолдак, пак, „Винер фествохен“ наведува дека е автор кој не признава бариери, комбинира комедија дел арте со сајберпанк и научна фантастика, дека создава нагол и сигурен во себе театар кој понекогаш опасно непретпазливо се истура со енергија и имагинација. - Неговиот театар е чист бес, ја слави ирационалноста и достигнува до самите ѕвезди кои ја инспирираат неговата космогониска визуелна екстраваганција. Затоа и не изненадуваат неговите најнови продукции..., најавува фестивалот во програмата.

Подготовките на претставата траеја 40 дена и по светската премиера во MuseumsQuartiers (MQ) во австриската престолнина, скопската публика ќе ја види во септември. Жолдак, кој живее во Берлин и режира во повеќе европски центри (оваа година во Русија и Белгија), неодамна изјави дека е задоволен од соработката со ансамблот на МНТ. За нашиот театар рече дека станува можеби најдобар на Балканот, а за Македонија дека веќе е негов втор дом.

Во актерската екипа на „Соларис“ се: Дарја Ризова, Дејан Лилиќ, Александар Ѓорѓиоски, Славиша Кајевски, Драгана Левенска, Александар Михајловски, Софиа Наевска-Трифуновска и Арна Шијак, од кои повеќето учествуваа и во „Електра“, како и две деца - Калина Трипкова и Дарио Ефтимовски. Андриј Жолдак е автор и на сценографијата, заедно со Моника Пормале од Летонија, костимограф е Даниел Жолдак, а музиката е на Владимир Кликов. Асистент на режија е Никола Кимовски.

Оваа копродукциска претстава ќе има уште две изведби (11-ти и 12 јуни) на Виенскиот фестивал на кој, како и во минатите години учествуваат претстави на големи имиња на европскиот и светскиот театар.

Според директорот на МНТ Дејан Пројковски, премиерата на „Соларис“ на „Винер фествохен“, кој постои од 1951 година, е почеток на презентирањето на МНТ во првата лига театарски фестивали. Селекторката на фестивалот Марина Давидова, која посети една од пробите на „Соларис“ во Скопје, оцени дека ќе биде најдобра претстава иако на фестивалот нема официјален натпревар.

„Винер фествохен“ (т.е. Виенски фестивалски недели) се одржува пет или шест седмици во мај и јуни и годишно има околу 180.000 посетители. Свечено беше отворен на 13 мај и ќе трае до 19 јуни. Годинава е домаќин на продукции од сите страни на Европа, но и надвор од континентот (на пример од Тел Авив и од Техеран) и е копродуцент и на други претстави кои во Виена ќе бидат изведени премиерно. Од нашиот регион фестивалот е копродуцент и со ХНК Риека и Словенско младинско гледалишче од Љубљана за претставата „Нашето насилство и вашето насилство“.

Гостуваат проекти од различни жанрови и режисерски пристапи - покрај драми, опери и балет, има и мјузикли, танцов театар, мултимедијални претстави и необични перформанси (како театарот на фигури „Mi gran obra“ од Барселона, интерактивната исталација „Les thermes“ на продукција од Лил, 24-часовниот перформанс од Антверпен „Mount Olympus“...) Во придружната програма се секојдневни средби со режисери, автори, актери, продуценти, дијалози и дебати, изложби, инсталации и концерти на отворено. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Дефокус и напад врз СДСМ токму на денот кога го објавивме планот за распродажба преку рудниците

Токму денеска, кога го откривме планот на Мицкоски за распродажба на Македонија преку давање на рудниците и труење на народот за туѓи интереси и профити.

СДСМ: Дефокус и напад врз СДСМ токму на денот кога го објавивме планот за распродажба преку рудниците

Токму денеска, кога објавивме мегаскандал: приватна компанија за оружје плаќала над 1,5 милиони долари за лобирање за Мицкоски.

Кога на јавноста ѝ станува јасно зошто Мицкоски договара антимон без да го праша народот: за милиони да завршат во приватни џебови.

Денеска дефокус и напад врз СДСМ од платформата на Мицкоски, ЗНАМ 2.0.

Дефокус и напад врз СДСМ и претседателот Филипче од луѓе купени со тендери вредни 1,6 милиони евра.

Одговорот на едно едноставно прашање целосно ги разобличува: Кому му одговара да се пренасочи вниманието на јавноста со ваков дефокус?

Кому му одговара да не се зборува за криминалот на Мицкоски и за распродажбата на Македонија?

Одговорот е еден: На шефот на организираната криминална група, арамијата Христијан Мицкоски!

Сè е јасно.

Граѓаните и членовите на СДСМ не се наивни.

Сите гледаат дека единствено СДСМ и претседателот Филипче се секојдневно на терен со граѓаните и деноноќно се борат против бандата на Мицкоски.

ВМРО е во слободен пад. Арамијата веќе нема рејтинг.

Не постои друга опозиција во Македонија.

Затоа сакаат да ја срушат СДСМ, но од тоа нема да има ништо.

Порака до сите нив: сите ќе одговарате, а власта ќе ја вратиме во рацете на народот.

ЗНАМ 2.0 нема да помине!

No pasaran!, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стручната комисија утврди: Нема лекарска грешка во лекувањето на родилката од Струмица која остана неподвижна

Нема лекарска грешка во случајот со Станка Михајлова од струмичко Баница, која по породување со царски рез и остана неподвижна, потврди петчлената комисија која го испитуваше случајот. 

Стручната комисија утврди: Нема лекарска грешка во лекувањето на родилката од Струмица која остана неподвижна

Комисијата била составена од гинеколог, анестезиолог, невролог, неврохирург и радиолог, а двајца од експертите биле од Србија и од Словенија.

По извршениот надзор, заклучокот бил едногласен дека невролошката состојба на Михајлова не е последица на спиналната анестезија.

Како најверојатна причина за состојбата, експертите го наведуваат спонтаното крварење од ретка малформација на крвните садови. Сепак, за конечно утврдување на причината е препорачана дополнителна дијагностика, како и продолжување на рехабилитацијата.

Случајот во јавност го објавки свекрот на Михајлова, Велибран Стојанов , и побара помош од министерот за здравство Сашо Клековски.

Министерството за здравство најави темелна проверка , а по налог на министерот, Државниот санитарен и здравствен инспекторат започна вонреден инспекциски надзор и со странски експерти од Словенија во трите установи каде што Михајлова била лекувана.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Членството на Црна Гора доведено во прашање - Хрватска ја спушта рампата за Подгорица?

Билатералниот спор меѓу Хрватска и Црна Гора ја става во опасност можноста Црна Гора да стане 28та членка на Унијата во 2028та година .

Членството на Црна Гора доведено во прашање - Хрватска ја спушта рампата за Подгорица?

Билатералниот спор меѓу Хрватска и Црна Гора ја става во опасност можноста Црна Гора да стане 28та членка на Унијата во 2028та година - воени злосторства, спорна поморска граница и имотни побарувања ја одложија закажаната меѓувладина конференција со кандидатот фаворит откако Хрватска се спротистави на затворањето на неколку преговарачки поглавја – пишува Бриселскиот медиум Еуроњуз повикувајќи се на дипломати вклучени во процесот.

Во последните недели се водат билатерални разговори на министерско ниво со поддршка од Европската комисија, но сè уште не е пронајдено решение. Доколку се постигне доволен напредок, се очекува меѓувладина конференција да ги затвори понатамошните преговарачки поглавја на 12 или 13 октомври. - пишува Бриселски Еуроњуз.

Освен нерешени прашања од времето на југословенските војни, барањата на Загреб кон Подгорица вклучуваат и враќање на училишниот брод Јадран како и преименување на базен именуван по поранешниот југословенски ватерполист Зоран Гопчевиќ.

Неоптоварена од поголеми билатерални спорови, соседна Албанија пак уверено чекори по европскиот пат - Европската комисија работи на затворање на процесот на пристапување на Албанија до крајот на следната година, објави Еуроњуз повикувајќи се на високи претставници од ЕУ.

Комисијата подготвува патоказ за да ја потврди наведената цел на Албанија за затворање на сите преговарачки поглавја до крајот на следната година и да ги утврди приоритетните резултати за пополнување на преостанатите празнини во пристапувањето.

Овие патокази кои шефицата на ЕК – Урсула фон дер Лајен ги најави, ќе бидат вклучени во новиот пакет за проширување што се очекува кон крајот на октомври, а освен за Албанија, се очекува да бидат изработени и за Црна Гора, Украина и Молдавија.

Во случајот со Црна Гора, како што уверува еврокомесарката за проширување – Марта Кос, дури и оваа кандидатка да не ги затвори сите поглавја оваа година, сепак би можела да се приклучи на Унијата во 2028 година, доколку добие брза ратификација на договорот од сите земји членки.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер