3Адвокатот на суспендираните полицајци: Случајот не смее да добие ниту етнички ниту политички предзнак
Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
1Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
КултураСветска оркестарска премиера на „Македонисимо“ на Трпчески во Виена„Музика која ги отвора ушите и срцата“, вака беше најавен синоќешниот голем настан за македонската музичка уметност. Светска премиера на оркестарската верзија на музичкиот проект „Македонисимо“ на Симон Трпчески и пријателите се одржа синоќа во престижната концертна сала „Музикферајн“ во Виена, заедно со австрискиот оркестар Тонкунстлер и диригентот Јутака Садо од Јапонија, соопшти Здружението за култура и уметност „КултурОп“. „Музика која ги отвора ушите и срцата“, вака беше најавен синоќешниот голем настан за македонската музичка уметност. Трпчески во изјава за МРТ појаснува дека на членовите квинтетот Македонисимо им донесе многу возбуда, среќа и гордост. - Се случи нешто што засекогаш ќе остане во аналите на историјата на македонската интерпретативна уметност. Возбудата е дотолку поголема што добивме уште една димензија на проектот Македонисимо, кој Панде Шахов овојпат го обои во најразлични оркестарски бои за поинаква звучна слика. Со желба изведбата да донесе уживање и за самиот оркестар, тој ја направи оркестрацијата многу внимателно. Во секој случај, незаборавно е чувството кога грмна тапанот и низ „Музикферајн“ се разлеаа корените на македонската нација, изјави Трпчески за МРТ. Композиторот и аранжер Панде Шахов, како што пренесува „КултурОп“, појасни дека не менувал ништо во делниците за квинтетот, туку само оркестарски ги обоил. Изведбата на квинтетот Македонисимо (Александар Краповски на виолина, Александар Сомов на виолончело, Хидан Мамудов на кларинет, саксофон и кавал и Влатко Нушев на перкусии, предводени од пијанистот Трпчески), посочува „КултурОп“, беше посебна инспирација и за членовите од оркестарот, на чело со нивниот музички директор и шеф-диригент Јутака Садо, кој подвлече дека кога првпат ги видел ритмите во партитурите, се исплашил како ќе ги диригира. -По дводневни проби, забележав дека со помош на прекрасните музичари од квинтетот Македонисимо, сега не се чувствувам како да следам ритам, матрица, туку како да создавам една многу слободна музика. И среќна! Кога завршува секој од ставовите, оваа музика нѐ прави насмеани, среќни. Има преголемо уживање во оваа музика што го слави животот на многу креативен начин, изјави маестро Садо за МРТ. „КултурОп“ информира дека одушевената публика тоа го препозна и по стоечките овации следуваа две изведби на бис. -Како што вели и официјалниот сајт на Тонкунстлер оркестарот, „радосната музика за која критичарите открија дека резултатот го „одзема здивот“, вечер (3 март) продолжува со својата реприза на големата сцена во Фестивалската сала на австриски Санкт Полтен, се наведува во соопштението. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеЗдружението на медицински сестри „За нас, “ бараат носење на декларација за безбедност при работаЗдружението на медицински сестри и техничари „За нас“ бара спроведување на Декларацијата за безбедност кој беше донесена на петтиот меѓународен конгрес во Струга на медицински сестри „Грижа за оние кои се грижат за сите“. Во декларацијата се бара патека во која ќе биде заштитено здравјето на медицинскиот персонал, а со тоа и здравјето на пацеинетите. Таа потенцира дека не само платата кај медицинскисте сестри важен е статутот, заштита на сестрите и итно носење на Законот за сестри со поддршка и на лекарската комора. Бешлиовска како симбол ја носи униформата на медицинска сестра за правата на медицинскисте сестри. Се надева дека во наредниот период ќе бидат слушнати нејзините барања и униформата ќе биде достоен симбол на секоја сестра, акушерка и техничар во болниците. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеЦелата акција за вакцинација против грип ќе почне на време, уверува КлековскиЦелата акција за вакцинација против грип ќе почне на време, уверува Министерот за здравство Сашо Клековски.Целата акција за вакцинација против грип ќе почне на време, уверува Министерот за здравство Сашо Клековски, посочувајќи дека пристигнатите 30.000 вакцини се наменети за најризичните категории на граѓани, што значи дека принципот „прв дојден, прв услужен“ овој пат нема да важи. За да добиете бесплатна вакцина против грип ќе мора да се пријавите електронски, на „мој термин“, што се очекува да биде овозможено најдоцна од утре, а Центарот за јавно здравје ќе одредува кој има приоритет да биде имунизиран. Сепак, со цел да се поттикне пријавувањето, Министерот прв ќе се вакцинира. -Мој термин треба да е денеска или утре подготвен и отворен за пријавување. Во моментот ја организираме логистиката и со Центрите за јавно здравје. Мое очекување е дека во оние стандардни термини кога започнувала имунизацијата во земјата а тоа е од 16-ти до 25 октомври ќе започне вакцинацијата. Јас ќе бидам првиот што ќе се вакцинирам за да го поттикнеме пријавувањето. Ние работиме да стигнеме до 80.000 дози да постигнеме. Ни беше важно да стигнат привите 30.000 за да почнеме веднаш со најризичните групи. На 15-ти ноември ќе ги имаме следните 26.000, а во меѓувреме работиме да го обезбедиме остатокот до 80.000. Ќе дадеме предност на ризичните групи. Кој проценува? Во основа по дијагнози Центрите за јавно здравје.- Сашо Клековски – Министер за здравство Клековски вели дека денови се во прашање во однос на набавката на БСЖ вакцината против туберколоза од јапонски производител, откако пред една недела се стопираше имунизацијата на новороденцињата во Македонија со онаа од бугарскиот производител „Бул био“ поради алармот што пристигна од Хрватска за сомнежи за нејзиниот квалитет, што беше вклучен поради зголемен број на случаи на остеомиолитис, или инфекција на коските кај деца. -Во тек е организација на логистиката, тие се набавуваат од централното депо на УНИЦЕФ, се завршуваат деталите и се навдевам дека за многу скоро ќе биде стигната во Македонија и дека нема да има проблеми во однос на прекинот на имунизацијата (колку долго ќе трае паузата), изјави Клековски. Инаку Клековски денеска го отвори реконструираниот машки оддел во Психијатриската болница Бардовци за што се одвоени околу 300.000 евра за инсталации, решетки, прозорци и реновирање на тоалети, посочувајќи дека нечовечките услови во ваквите установи мора да станат минато. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаБазенот „Партизан“ официјално предаден на Националната пливачка федерацијаУчилишниот базен „Партизан“ во Карпош официјално е предаден на Националната пливачка федерација на Македонија. Целта е базенот да се стави во функција на развојот на пливањето, со подобри услови за тренинзи и работа со младите пливачи. Министерот за спорт Борко Ристовски најави дополнителна поддршка за Пливачката федерација, со цел пливањето повторно да добие поголемо значење во македонскиот спорт.“ „Пливањето да го вратиме онаму кадешто заслужува а тоа е да биде еден од спортовите што се приоритет на оваа Влада и на Министерството за спорт / За прв пат можеби во историјата Пливачката федерација ќе раководи со базени коишто ќе бидат доделени да ги стопанисува, за почеток се два базени и овој денес уште еден ќе бидат предадени на Пливачката федерација која ќе добие финансиска поддршка од Владата и Министерството за спорт.“ - Борко Ристевски Базенот ќе има одредени термини за користење од страна на општината. Градоначалникот на Карпош, Сотир Лукровски, вели дека понатаму, во зависност од искуството и потребите, ќе се одлучува како ќе се организира неговото користење. - „Во договорот кој денес го потпишавме и во разговор со претседателот и останатите членови на федерацијата одредивме број на термини кој ќе ги користи општината. Во прво време термините ќе бидат наменети за најмладите – за децата од прво до петто одделение 10:10 / 10:45 За кратко време ќе ја видиме потребата на школските деца што не значи дека доколку констатираме дека ни остануваат термини кој не се исполнуваат од децата ќе определиме нови целни групи на граѓани кои ќе можат да ги користат услугите на базенот“- Сотир Лукровски За првпат Националната пливачка федерација на Македонија ќе управува со училишен базен. Од Федерацијата најавуваат дека базенот ќе се користи и за обука по пливање на децата од Општина Карпош, со цел уште од најмала возраст да се поттикне интересот за овој спорт. - ,,Овој базен за прв пат во нашата историја да го управува Пливачката федерација. Ние сме благодарни и се надеваме дека пред граѓаните ќе ја оправдаме довербата што ни ја дадовте. / Пливачката федерација во наредниот период покрај спортските клубови ќе ја извршува обуката на наши спортисти и пливачи на територија на општина Карпош ќе врши обука на дечиња кои учат во основните училишта и тоа ќе биде со некоја динамика која ќе ја договараме,, - Сашо Лазаревски Изградбата на базенот започна во септември 2023 година и чинеше 760.000 евра.. Станува збор за современ спортски објект со дименизии од 25 метри должина и 9 метри ширина, со длабочина која се движи од 0.80 до 1.20 метри, што овозможува безбедно користење и реализација на наставните и рекреативните активности. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00Од денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија15:00Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00
Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08