Заменик-министерката за европски прашања на средба со претставници на француската амбасада: Реформите мора да донесат конкретни резултати
1Заменик-министерката за европски прашања на средба со претставници на француската амбасада: Реформите мора да донесат конкретни резултати
КултураСветска галерија на карикатури на Остен - Скопје 2014Во галеријата Остен утревечер ќе биде отворена 42.Светска галерија на карикатури - Скопје 2014 на која и официјално ќе се објават имињата на годинашните добитници на наградите и посебните признанија.Според оценката на жирито, прва награда за карикатура ќе добие Валериј Момот од Украина, прва награда за стрип Валентин Дружинин од Русија, прва награда за сатиричен цртеж Лук Вернимен од Белгија, а наградата Цицо за македонски карикатурист оди кај Петар Митров. Ова издание на традиционалната Светска галерија на карикатури го одбележаа досетливи и провокативни дела, кои преку призмата на комичното покажуваат како изгледа светот денес. Од таа богата конкуренција на нацртани идеи и пораки, произлегоа и одлуките на жирито. Посебни награди ќе им бидат врачени на Рамзес Моралес од Куба, Слободан Срдиќ од Србија, Лук Дешемекер од Белгија, Ерај Озбек од Турција, Јири Новак од Чешка, Владимир Павлик од Словачка, Божидар Божо Стефановиќ од БиХ, Павел Константин од Романија, Дарсоно од Индонезија и Фенг Гуибо од Кина. Пристигнатите 764 карикатури, стрипови и сатирични цртежи, дела на 229 карикатуристи од 52 држави, беа оценети од петчленото жири во состав Џавад Ализадех од Иран, карикатурист, основач и уредник на магазинот „Танз-О-Карикатура“, Марлене Похл од Германија, карикатурист и илустратор, генерален претседател на ФЕКО, Ленг МУ од Кина, карикатурист и директор на Музејот на карикатури GooglM, Мидхад Ајановиќ АЈАН од Шведска, карикатурист, автор на анимирани филмови, публицист и Мице Јанкуловски од Македонија, карикатурист и директор на ОСТЕН. Според Иранецот Џавад Ализадех, кој и пред 28 години бил член на жирито на Остен, преку карикатурата како медиум треба да се промовираат толеранцијата, умереноста и мудроста. Тој ефект го имаат и карикатурите на годинашните учесници на Светската галерија во Скопје./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗаменик-министерката за европски прашања на средба со претставници на француската амбасада: Реформите мора да донесат конкретни резултатиЗаменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков, оствари средба со Филип Маршето, заменик-амбасадор на Република Франција и францускиот експерт Жером Кел.Во фокусот на разговорот беа реализираните реформи и активностите на институциите за спроведување на Реформската агенда и приоритетите за наредниот период. „Нашата цел е реформите да не останат само обврски на хартија, туку да донесат мерливи резултати, поефикасни институции и подобри услуги за граѓаните. Посветени сме на спроведување на Реформската агенда 2024–2027 и исполнување на европските стандарди преку конкретни активности, јасна одговорност и континуирано следење на постигнатото“, истакна Трајков. На средбата беше нагласена важноста на соработката со Франција, размената на експертски искуства и континуираниот дијалог во поддршка на реформскиот процес и европската интеграција на нашата земја.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНетанјаху води на изборите, но нема мнозинство за владаДосегашните преброени гласови од изборите за Кнесетот во Израел покажуваат дека Бенјамин Нетанјаху е во водство. Со преброени 85 проценти од гласовите, неговиот блок предводен од партијата Ликуд, се очекува да освои 53 пратенички места. Главниот ривал на Нетанјаху – поранешниот началник на генералштабот на армијата – Гади Ајзенкот и неговиот опозициски блок, е на пат да освои 48 места. Арапските партии, според резултатите, би можеле да освојат рекордни 19 места. За мнозинство во Кнесетот, кој има 120 пратеници, потребни е 61 освоено место. Нетанјаху и Ајзенкот најавија дека ќе се обидат да формираат владина коалиција, а не се исклучува и влада на национално единство, бидејќи повеќето еврејски партии ја отфрлаат можноста за соработка со арапските партии. Сè уште не се преброени меѓу 430.000 и 480.000 гласачки ливчиња. По конечните резултати се очекува претседателот Исак Херцог да се консултира со политичките партии, а доколку не биде формирана влада, израел би можел да оди на нови избори.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Модар патлиџан со мелено месоВо четврток (22.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Васко Форти.Состојки за денешниот рецепт: 2 модри патлиџани 250 - 300 гр. мелено месо 1 главица кромид 150 мл. доматен сос 3 чешниња лук маслиново масло сол, бибер и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт:Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter