Светска банка: Западниот Балкан мора да вложи милијарди за заштита од климатските промени - Канал 5

Светска банка: Западниот Балкан мора да вложи милијарди за заштита од климатските промени

Навремените инвестиции во адаптација на климатските промени, особено во инфраструктурата за заштита од поплави, можат во голема мера да ја заштитат економијата и во исто време да ја намалат загубата на БДП.

Светска банка: Западниот Балкан мора да вложи милијарди за заштита од климатските промени

Во следните пет до десет години, шесте земји од Западен Балкан мора да инвестираат 37 милијарди долари во програми кои ќе обезбедат справување со климатските промени доколку сакаат да го заштитат своето население и да избегнат штети кои можат значително да влијаат на нивниот економски раст, предупреди денеска Светската банка (СБ).

Во редовниот извештај за климатските промени и развој поврзани со Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Македонија, Албанија и Косово, Светска банка посочува дека овие инвестиции ќе ги ублажат ефектите од шоковите и стресот поврзани со климатските промени.

Во Извештајот се посочува дека таквите инвестиции во адаптацијата носат тројна корист од избегнати загуби, забрзан економски потенцијал и зголемени социјални и еколошки заеднички придобивки со поврат проценет на околу четири долари за секој инвестиран долар.

Аналитичарите на СБ процениле дека штетите предизвикани од климатските промени би можеле да ја намалат економијата на Босна и Херцеговина, односно нејзиниот бруто домашен производ (БДП) за дури 14 отсто до 2050 година. Само оваа земја мора да смета на фактот дека ќе треба да инвестира дури 6,8 милијарди долари во заштита од климатските промени во наредната деценија.

Документот на СБ е објавен по разорните поплави кои погодија делови на Босна и Херцеговина во октомври, при што загинаа 27 жители, а прелиминарните проценки покажуваат дека материјалната штета е над 100 милиони евра.

- Климатските промени не се само еколошки предизвик, туку и директна закана за економската стабилност, јавното здравје и социјалната благосостојба на Босна и Херцеговина, рече Кристофер Шелдон, шеф на канцеларијата на Светска банка за Босна и Херцеговина и Црна Гора, предупредувајќи дека неодамнешниот поплавите се доказ за опасните последици од климатските промени.

Со оглед на тоа што поплавите претставуваат над 90 проценти од штетите поврзани со климата, извештајот на СБ ја истакна потребата од решенија засновани на природата, како што се обновување на поплавните рамнини и зачувување на тресетите за да се зголеми отпорноста и да се поттикне економскиот раст.

Навремените инвестиции во адаптација на климатските промени, особено во инфраструктурата за заштита од поплави, можат во голема мера да ја заштитат економијата и во исто време да ја намалат загубата на БДП, а истовремено да обезбедат отворање нови работни места и зголемување на трговските можности.

- Проекциите покажуваат дека секое евро потрошено за адаптација на климатските промени постигнува поврат до десет евра, што укажува на големите економски придобивки од ваквите иницијативи, се наведува во извештајот.

Светска банка нè потсетува на неопходноста од транзиција кон намалување на емисиите на јаглерод преку производство на енергија, односно достигнување на нула емисии до 2050 година. Ова вклучува напуштање на производството на електрична енергија од јаглен, зголемување на производството на енергија од обновливи извори, како што е сонцето и ветер и подобрување на енергетската ефикасност во бројни сектори./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Важни избори за членови на Претставничкиот дом на САД за два дена

Во вторник, на 3 ноември, Американците ќе излезат на гласање за конгресните избори, кои ќе го одредат односот на силите во Вашингтон во текот на последните две години од мандатот на претседателот Доналд Трамп. 

Важни избори за членови на Претставничкиот дом на САД за два дена

Повеќе од 200 милиони граѓани имаат право на глас на овие избори, кои доаѓаат по две години одбележани со високи трошоци за живот, војни и обвинувања за корупција.

Гласачите ќе ги изберат сите 435 членови на Претставничкиот дом на САД – кои имаат двогодишен мандат – како и 35 од 100-те американски сенатори, кои се избираат со шестгодишен мандат. Американците, исто така, ќе избираат гувернери во 36 сојузни држави, членови на државните законодавни тела, а ќе одлучуваат и за бројни прашања ставени на гласање.

Изборите во средината на мандатот традиционално се сметаат за референдум за поддршката на претседателот и неговата партија. На овие избори, партијата на претседателот често губи пратенички места, а промената на мнозинството во Конгресот може значително да го ограничи просторот за политичко маневрирање на претседателот.

Според најновиот просек од анкетите на „RealClearPolitics“ (RealClearPolitics), Демократите имаат предност во испитувањата за тоа која партија гласачите би ја поддржале на изборите за Конгресот. Кон крајот на октомври, овој просек изнесуваше 51,5 отсто за Демократите и 43,1 отсто за Републиканците.

На изборите одржани пред две години, гласаа приближно 155 милиони луѓе. На претходните избори во средината на мандатот, на гласање излегоа околу 122 милиони од вкупно повеќе од 240 милиони регистрирани гласачи. Излезноста на ваквите избори е традиционално помала отколку на претседателските избори.

Интересот за овогодинешните избори е очигледен и преку предвременото гласање. До завршната фаза од кампањата, десетици милиони Американци веќе го искористија своето право на глас, при што бројот на предвремени гласови се приближува до 50 милиони, според податоците објавени од „Асошиејтед прес“.

Претседателот Трамп, исто така, веќе гласаше. Во текот на целата кампања, тој ги повикуваше гласачите од Републиканската партија да се однесуваат како тој самиот да е на гласачкото ливче.

Сепак, претседателот не се кандидира на овие избори.

Демократите моментално имаат 214 места во Претставничкиот дом, додека републиканците го држат мнозинството. За да се обезбеди контрола врз овој дом, кој брои 435 пратенички места, потребни се најмалку 218 места.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„На кавга со Иван“ - Петар Богојески

Утре, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Петар Богојески

„На кавга со Иван“ - Петар Богојески

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни

Според УХМР времето денес ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни (над 25 l/m²).

Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни

Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 11, а максималната ќе достигне од 11 до 15 степени.

Во Скопје, претежно облачно со повремен дожд, особено попладне и во текот на ноќта. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 14 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Под влијание на циклонска активност од денес до вторник времето ќе биде претежно облачно и постудено со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Пообилни врнежи ќе има во недела и во вторник. На повеќе места се очекува да наврне поголема количина на дожд (над 25 l/m² за 24 часа), а во текот на прогнозираниот период локално и над 60 l/m². Од среда и во деновите потоа ќе се задржи стабилно време.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер