Светска банка: Раст од 2,6 проценти на македонскиот БДП, од 2,5 во 2026-та - Канал 5

Светска банка: Раст од 2,6 проценти на македонскиот БДП, од 2,5 во 2026-та

 Раст од 2,6 проценти  на македонската економија годинава, од 2,7 во 2026, а од 2,8 проценти во 2027 година, прогнозира Светска банка во денеска објавениот Редовен економски извештај за Западен Балкан. 

Светска банка: Раст од 2,6 проценти на македонскиот БДП, од 2,5 во 2026-та

Раст од 2,6 проценти на македонската економија годинава, од 2,7 во 2026, а од 2,8 проценти во 2027 година, прогнозира Светска банка во денеска објавениот Редовен економски извештај за Западен Балкан. Во однос на проекциите на СБ од есента минатата година има зголемување од 0,1 процентен поен кај македонскиот БДП за годинава, а намалување за 0,3 проценти поени кај проекцијата за следната година.

Во извештајот се наведува дека економскиот раст во Западен Балкан се проектира малку да забави во 2025 година како последица на послабата надворешна побарувачка и економската несигурност која произлегува од менувањето на глобалните трговски политики што би можело негативно да влијае врз бизнисите и довербата на потрошувачите.

Светска Банка предвидува дека комбинираниот економски раст на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија и Србија ќе достигне 3,2 проценти во 2025 година, што е за 0,5 процентни поени под претходните проекции. Растот се предвидува да забрза до 3,5 проценти во 2026 година.

Надолна коренција од 0,3 процентни поени за годинава има за албанската економија, за каде е проектиран раст од 3.2 проценти, кај БиХ и кај Црна Гора исто така надолна корекција за по 0,5 процентни поени, со што растот во тие држави ќе изнесува 2,7 проценти, односно три проценти. Кај Косово има пад на проекцијата за 0,1 процент со којшто БДП ќе изнесува 3,8 проценти, а кај Србија исто така пад но за 0,7 проценти и српската економија ќе има раст од 3,5 проценти.

-Забележуваме одредени позитивни економски трендови во Западен Балкан кои ја потенцираат отпорноста на регионот и треба да го поткрепат цврстиот економски раст. Пониската инфлација и растот на платите ја поддржуваат потрошувачката, јавните инвестиции почнуваат да се зголемуваат, вели во пишана изјава Шиаочинг Ју, директорка на Светска банка за регионот на Западен Балкан.

Од друга страна, укажува Ју, сведоци сме на зголемена домашна несигурност во неколку економии во Западен Балкан. Побавната економска активност во Европската унија и зголемената глобална трговска несигурност би можеле негативно да влијаат врз изгледите за раст во регионот.

Според Светска банка, глобалната трговска несигурност веројатно негативно ќе влијае врз Западен Балкан како резултат на забавувањето на економската активност во еврозоната. Ваквото забавување би можело да ја намали трговијата со стоки и услуги, како и инвестициите и дознаките.

Во извештајот се наведува дека за време на овие периоди на несигурност, диверзификацијата на изворите на раст и обновата на агендата на структурни реформи се најделотворните стратегии за одржување на економската отпорност. Клучните мерки вклучуваат отстранување на пречките на пазарот на трудот – вклучувајќи ги и оние кои негативно влијаат врз жените – подобрување на регионалната економска интеграција, подобрување на стандардите за управување, како и зголемување на пазарната конкуренција за поттикнување на продуктивноста и поддршка на долгорочниот раст. Освен тоа, посочува СБ, за земјите на Западен Балкан, побрзото спроведување на реформите за пристапување во ЕУ – како што се приклучувањето во Единственото подрачје за плаќање во евра (СЕПА) и воведувањето на „зелени ленти“ за рационализирање на прекуграничната трговија – би можело дополнително да ја подобрат довербата на бизнисите, да привлечат инвестиции и да го поттикнат создавањето на работни места.

Во извештајот исто така се нагласува како зголемувањето на температурите и екстремните временски прилики, заедно со преодот кон економија со ниско ниво на јаглерод ги преобразуваат секторските вработувања во регионот, што пак бара значително прилагодување на работната сила.

Според Светска банка, шесте земји на Западен Балкан треба да дадат приоритет на реформирањето на своите системи за социјална заштита и услугите за вработување. Ова ќе ѝ помогне на работната сила во секоја од овие земји да се справи со негативните временски прилики како што се поплавите, сушите и шумските пожари и да биде подготвена за нови можности за вработување чии главен двигател е зелената транзиција.

- Зајакнувањето на системите за заштита на приходите на трудот да одговорат на потресите на вработувањето и подобрувањето на флексибилноста на системите за социјална заштита би можело да помогне во спречување на луѓето да западнат во сиромаштија. Освен тоа, преквалификацијата на работниците за зелени работни места би помогнала да се одговори на еволуирањето на побарувачката за вештини, промовирање на продуктивноста и растот, укажува Светска банка во Редовниот економски извештај за Западен Балкан.

Претходно, Меѓународниот монетарен фонд во најновиот извештај, наведе дека растот на македонската економија оваа и следната година ќе изнесува 3,2 проценти, со стапка на инфлација од 3,4, односно 2,2 проценти.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, по објавата на извештајот на ММФ, оцени дека проекцјата на Владата за раст на економијата на земјава од 3,7 проценти е реална.

-Оваа криза која дава голема неизвесност ние како држава може многу да ја искористиме, во смисла на префрлање на капацитетите од европските земји. Капацитетите во европските земји ќе се затвораат и понатаму, затоа што царините значат повисоки набавни цени и на тој начин европскиот пазар ќе бара алтернативи за отворање капацитети онаму каде што ќе имаат на некој начин поевтина работна сила. Иако во земјава веќе не е евтина работната сила, но е сепак на пониско ниво од европската. Оттука мислам дека проекцијата од 3,7 проценти е реална, рече Димитреска Кочоска при учеството на Пролетните средби на Групацијата на ММФ и Светска банка.

Во првиот квартал со автобуси превезени 9 845 000 патници

Вкупниот број на превезените патници во патничкиот патен превоз во првиот квартал годинава изнесува 9 845 000 и е намален за 8,6 проценти во однос на првото тримесечје од минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во првиот квартал со автобуси превезени 9 845 000 патници

Во градскиот превоз бројот на патници е намален за 12,4 проценти, а во приградскиот за 6,3 проценти, додека зголемување има во меѓуградскиот за 0.8 проценти и во меѓународниот превоз, за 54,9 проценти.

Вкупниот број на патничките километри е 247 877 илјади и е зголемен за 27,6 проценти во однос на истиот период од претходната година. Во градскиот превоз се зголемени за 30,5 проценти, во приградскиот за 7.2 проценти, во меѓународниот за 62,6 проценти, а намалени се во меѓуградскиот превоз за 5.2 проценти.

Украина од почетокот на војната спречила бегство на 49.000 регрути

Украинските погранични сили денеска објавија дека откако Русија ја нападна земјата пред повеќе од три години спречени се околу 49.000 регрути да избегаат од земјата. 

Украина од почетокот на војната спречила бегство на 49.000 регрути

-Околу 45.000 од нив беа приведени директно на таканаречената зелена граница, на неофицијални премини или за време на проверки во пограничните области, изјави портпаролот на Државната погранична служба Андриј Демченко во онлајн емисија. Другите мажи биле запрени на граничните премини.

Вкупно биле откриени речиси 900 групи чие бегство било организирано од шверцери.

Според Демченко, оние кои сакаат да избегаат плаќаат од 4.500 евра до речиси 11.000 евра за помош при напуштање на земјата.

Од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари 2022 година, во земјата е на сила воена состојба и е издадена наредба за мобилизација.

Мажите на возраст за регрутација помеѓу 18 и 60 години можат да ја напуштат земјата само со дозвола од локалната канцеларија за одбрана.

И покрај ова, повеќе од 800.000 украински мажи на возраст за регрутација добија статус на заштита во земјите-членки на ЕУ откако ја напуштија Украина./МИА

ЕЦБ предупредува за ризиците по финансиската стабилност во еврозоната

Царинските спорови и нарушените односи во меѓународните сојузи би можеле, според Европската централна банка (ЕЦБ), да претставуваат ризик за финансиската стабилност во еврозоната.

ЕЦБ предупредува за ризиците по финансиската стабилност во еврозоната

-Сè поизразените несогласувања околу трговскиот план и поврзаните ризици за економскиот раст влијаат врз изгледите за финансиска стабилност, изјави денеска потпретседателот на ЕЦБ, Луис де Гиндос, сумирајќи ги наодите од полугодишниот извештај на централната банка за финансиската стабилност.

Ризикот од економски пад е зголемен, при што особено берзите и натаму „остануваат чувствителни на ненадејни и остри прилагодувања“, посебно ако се има предвид променливата трговска политика на американскиот претседател Доналд Трамп, забележа Централната банка на еврозоната.

„Од претседателските избори во САД во 2024 година, неизвесноста дополнително се зголеми бидејќи новата американска Влада го промени правецот во неколку области на политиката“, се наведува во полугодишниот извештај за финансиска стабилност.

Трговските ограничувања и зголемувањето на царините веројатно ќе дејствуваат како товар, првенствено за извозно ориентираните компании во Европа. Доколку ова доведе до отпуштања, ЕЦБ верува дека ризикот би можел да се зголеми за банките во еврозоната, како и за компаниите што нудат финансиски услуги, но немаат банкарска лиценца, бидејќи заемопримачите би можеле да имаат проблеми со отплатата на долговите.

Мноштвото милијарди што Европа планира да ги инвестира во својата одбрана, исто така, не се без ризици, сметаат во Централната банка на Еврозоната.

И додека ваквите инвестиции имаат потенцијал да го поттикнат економскиот раст, повисоките трошоци за одбрана, заедно со други структурни предизвици како што се климатските промени, дигитализацијата и стареењето на населението, „би можеле дополнително да ја влошат веќе затегнатата фискална состојба на некои влади од еврозоната“, предупреди ЕЦБ. /МИА

притисни ентер