Светска банка: Најголем пад на светската економија од Втората светска војна

Пандемијата на коронавирусот и мерките преземени од страна на државите со цел сузбивање, ќе доведат на крајот на 2020 година до најголем пад на светската економија од Втората светска војна, нагласува Светската банка во најновиот извештај.

Според прогнозите на Светската банка, глобалниот раст ќе падне за 5,2 проценти оваа година, повеќето светски економии би доживеале најголем пад на производството по глава на жител од 1870 година, соопшти Светската банка во извештајот „глобални економски перспективи“.

Најтешко погодени се оние држави каде пандемијата има најголем замав и кои во голема мерка се потпираат на глобалната економија, туризмот, извозот на стоки и надворешното финансирање, се додава во извештајот.

СБ предупредува дека приходот по глава на жител се очекува да падне за 3,6 проценти, поради што милиони луѓе ќе се соочат со екстремна сиромаштија оваа година.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер