Светска банка: Македонија треба да спроведе реформи за справување со заканите

Македонија, како и останатите земји од Западен Балкан, се соочува со сѐ поголеми предизвици од природни опасности што влијаат на животите, го попречуваат растот и ги оптоваруваат јавните финансии. 

За да се подготви за овие закани поврзани со климатските промени и да продолжи со пристапувањето во Европската унија, земјата треба да преземе низа реформи, се вели во новиот извештај на Светска банка насловен „Преглед за климатски јавни финансии на Македонија“.

- Според Прегледот за климатски јавни финансии на Македонија подготвен од Светска банка, во изминатите 50 години, Северна Македонија забележа значителен пораст на бројот на поплави, екстремни топлотни бранови, пожари и обилни врнежи. Само во последните две децении, земјата се соочи со 12 катастрофи поврзани со климатските промени кои погодија 1,3 милиони луѓе. Со раст на глобалното затоплување, се очекува ситуацијата да се влоши во наредните години, се вели во денешното соопштение од Светска банка.

Според директорот на Канцеларијата за Светска банка за Косово и Македонија, Масимилиано Паолучи, преземањето итни активности за ублажување и прилагодување на климатските промени е приоритет, но потребни се и сет на политики и значителни инвестиции.

- Се очекува климатските влијанија да се интензивираат заедно со емисиите на стакленички гасови, со што земјата ќе биде потопла и посува, и ќе се соочи со почести и посилни поројни дождови кои ќе доведат до поплави, вели Паолучи.

Извештајот ја нагласува важноста од паметните фискални политики за апсорпција на загубите поврзани со климатските промени и поддршка на одржлив економски развој.

- Даночната политика, на пример, би можела да го поттикне зелениот транспорт и одржливите технологии, со отстранување на крајните субвенции за електричната енергија на јаглен, а истовремено да ги заштити ранливите домаќинства од зголемените трошоци за енергија. Означувањето на буџетот за климатските промени и процесите на зелени набавки може да ги намалат економските трошоци и да ги заштитат јавните финансии, велат од Светска банка.

Извештајот ја нагласува потребата Македонија брзо да воведе цена на емисии на јаглероден диоксид за да ги ограничи емисиите на стакленички гасови и да собере значителни приходи за државниот буџет, потенцијално до 730 милиони евра годишно.

Со оглед на тоа што Македонија има за цел да се приклучи на Европската унија и да се усогласи со нејзините цели за нула емисии, извештајот ја нагласува важноста за поддршка на зелената транзиција на земјата преку мерки на фискалната политика.

Манчестер сити нема да го задржи Едерсон доколку тој сака да го напушти тимот

Голманот на Манчестер сити, Едерсон би можел да го напушти тимот во летниот преоден рок, пренесува инсајдерот Фабрицио Романо.

Според Романо, за услугите на 30-годишниот Бразилец се заинтересирани клубови од Саудиска Арабија.

Во исто време, „граѓаните“ нема да го задржат голманот ако тој сака да си замине.

Едерсон игра за Манчестер Сити од 2017 година. Оттогаш, тој одигра 332 натпревари за тимот, прими 257 гола и ја задржа мрежата чиста на 155 натпревари.

Договорот на голманот со клубот е до летото 2026 година./МИА

ВМРО-ДПМНЕ: Со укинувањето на економските директори, се укинува дуализмот во здравството

Владата ги укина економските директори во здравствените установи, парите ќе одат кон подобрување на здравствените услуги.

На вчерашната седница владата пристапи кон предлог измени на Законот за здравствена заштита, со цел укинување на институцијата економски директор во јавните здравствени установи.

Со укинувањето на економските директори, се укинува дуализмот во здравството, но и се подобрува ефикасноста.

Со воведување на систем на еден директор, се намалуваат административните трошоци, а средствата ќе се пренасочат во подобрување на здравствената инфраструктура, зголемување на транспарентноста и отчетноста.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Муцунски на средба со австралискиот амбасадор, унапредување на економската соработка

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска се сретнал со амбасадорот на Австралија, Даниел Емери.

Муцунски, како што соопшти МНР, го запознал соговорникот со приоритетите во работата на Министерството и на Владата, меѓу кои најголемо внимание и ангажман ќе биде посветен на забрзувањето на евроинтегративните реформски процеси.

Соговорниците размениле мислења за актуелната билатерална соработка, во чии рамки нашата дијаспора во Австралија игра важна улога и претставува мост за поврзување меѓу граѓаните на двете земји.

На средбата биле дискутирани можностите за унапредување на економската соработка и трговската размена, соработката во други области од заеднички интерес, како и прашањата поврзани со политичката и безбедносната состојба во регионот и надворешно политички теми.

притисни ентер