Светот ги враќа рестриктивните мерки, вакцинираните со поголеми привилегии - Канал 5

Светот ги враќа рестриктивните мерки, вакцинираните со поголеми привилегии

Голем број земји во светот поради бавното темпо на имунизација против Ковид-19 се одлучуваат за воведување задолжителна вакцинација за одделни професии, како и рестриктивни мерки за невакцинираното население.

Светот ги враќа рестриктивните мерки, вакцинираните со поголеми привилегии

Интересот за вакцинација се намалува, делта сојот забрзано се шири, нов бран на епидемијата се приближува, а колективниот имунитет е далеку.

Со цел да се стави под контрола ширењето на коронавирусот, расте бројот на земји во Европа и светот кои воведуваат ограничувања за невакцинираните граѓани и бараат задолжително приложување на вакцинален сертификат за оние кои сакаат да имаат целосен пристап до јавните и угостителските услуги, и да присуствуваат во затворен јавен простор.

БАЛКАН:

Ноќните клубови, дискотеките, бузуки и слично во Грција, без оглед дали се на отворено или затворено, ќе примаат исклучиво вакцинирани гости или лица кои прележале Ковид-19, согласно новата министерска одлука, јави дописничката на МИА од Атина. За кафулињата и рестораните, мерката за вакцинирани гости се однесува само на внатрешните делови, додека пак за ноќните клубови важи и за отворен и за затворен простор. Ова, како што пренесува МИА, во пракса значи дека за забавување во ноќен клуб во Грција, дури и да е летен клубот, потребен е или сертификат за вакцинација или потврда за прележан Ковид-19, а оваа мерка за грчкиот ноќен живот важи и за туристите. При влезот ќе се врши проверка на сертификатите преку специјалната апликација „Covid free GR", заедно со документ за лична идентификација, а државјаните од трети земји, односно туристите, исто така ќе треба да го покажат нивниот сертификат.

Вакцинацијата во Грција ќе биде задолжителна за здравствените работници и вработените во центрите за грижа на лица, а за оние кои ќе одбијат да се вакцинираат, а работат во приватните центри, предвиден е принуден неплатен одмор.

Можноста за поставување центри за вакцинација во универзитетските кампуси за имунизација на студентите со почетокот на академската година, ја разгледува грчката Влада.

Болниците во Србија почнаа да воведуваат правило според кое здравствените работници кои не биле вакцинирани или не се заразиле со коронавирусот, мора да донесат негативен ПЦР-тест при враќањето од одмор, што ќе го платат сами, пишува Политика. Весникот наведува дека мерката ќе важи до септември, затоа што здравствените власти стравуваат дека некој може да го донесе вирусот во болница по враќањето од странство. Освен оние кои биле вакцинирани и оние кои го прележале вирусот, од оваа мерка се исклучени и лекарите на кои не им е дозволено вакцинирање поради комплицирана здравствена состојба или ја примиле првата доза. Здравствените работници кои ќе ја игнорираат таа мерка ќе мора да одат на дисциплинска комисија, како и дека може да сносат кривична одговорност доколку заразат пациент.

Според националната стратегија, целото население во Албанија треба да биде вакцинирано до пролет следната година. За да се постигне целосна имунизација, предвидена е вакцинација на 2,2 милиони луѓе, за кои се потребни 4,4 милиони дози вакцини. Од 14 јули почнаа да функционираат мобилни екипи кои ги посетуваат жителите во руралните средини, како и по домови за изнемоштени, стари и лица со попреченост.

На патниците кои ќе влегуваат во Словенија од 15 јули до 23 јули, без оглед од каде доаѓаат, ќе им треба негативен тест за коронавирус, потврда за вакцинација или прележан Ковид-19 во последните шест месеци. Поради бројните протести, словенечката Влада донесе одлука за исклучоци – патници во транзит и возачи во меѓународен товарен транспорт.

Преку „Планот спонзорирани летни одмори" надлежното Министерство за туризам на Кипар им нуди попуст за летување на граѓаните, под услов да се вакцинирани, односно да имаат примено барем една доза или да прележале Ковид-19 во последните 180 дена, јави дописничката на МИА од Атина. Согласно програмата, во која учествуваат околу 220 хотели и туристички објекти, лицата кои ги исполнуваат условите можат, во периодот од 15 јули до 31 август 2021 година да добијат 35 отсто попуст, а цените се до 80 евра дневно за двокреветна соба со појадок и неопходно е да останат најмалку три вечери.

На пет различни локации, во веќе постоечките центри за вакцинација, Кипар воведува имунизација без закажан термин, односно „walk-in" центри, кои ќе бидат само за вакцинација со прва доза, а не и за ревакцинација и засега имунизацијата ќе се врши само со Фајзер.

Епидемиологот и член на хрватскиот владин научен совет Бранко Колариќ смета дека луѓето кои имаат ковид сертификат и доаѓаат од „црвената зона" треба да бидат контролирани на некој друг начин. Според него, треба да се стави крај на масовните собири во Хрватска за оваа сезона и дека вакцинацијата е нешто што ќе ја реши оваа епидемија. Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ нагласи дека вакцинацијата во државата нема да биде задолжителна.

ЕВРОПА:

Францускиот претседател Емануел Макрон, во радио-телевизиско обраќање до нацијата, соопшти дека вакцинацијата за негувателите и медицинскиот персонал ќе биде задолжителна, а најави и воведување други мерки за борба против епидемијата, јави дописникот на МИА од Париз. Тој истакна дека Франција се соочува со „силно обновување на епидемијата што ги зафаќа сите територии", објаснувајќи дека „појавата на делта сојот резултира со зголемување на инфекциите во светот". Макрон смета дека треба да се постави прашањето за задолжителна вакцинација за целото население, и ги повика сите Французи да се вакцинираат што е можно поскоро. Шефот на француската држава потенцира дека од почетокот на август, здравствениот пасош ќе важи за кафулињата, рестораните, трговските центри, болниците, домовите за пензионери, но и во авионите, возовите и автобусите за долги патувања. Притоа, појасни дека „само вакцинираните и тестираните кои се негативни ќе можат да пристапат до овие места без оглед дали се клиенти, корисници или вработени".

По најавите во Франција дека вакцинацијата ќе биде задолжителна за здравствените работници, во Белгија засега таква мерка не се планира, но не се исклучува целосно, јавува дописничката на МИА од Брисел. Властите се охрабрени и од фактот што се зголемува поддршката на здравствените работници за вакцинација, па така во делови од земјата се постигнува речиси 80 отсто покриеност во овие професии.

Владата на Летонија одлучи да ја направи вакцинацијата против Ковид-19 задолжителна за вработените во образованието и здравствените установи, јави ДПА. Од октомври, вработените во медицински, јавни и образовни институции ќе треба да покажат потврда за вакцинација против Ковид-19. Во другите сектори, работодавците ќе имаат право да отпуштаат невакцинирани работници од 1 октомври, според новите правила донесени од Владата во Рига. Мерките мора да бидат одобрени од Парламентот за да стапат на сила.

Власта во Словачка донесе одлука од понеделник, 19 јули, во земјата да влезат лица кои се целосно вакцинирани без да бидат ставени во карантин. Оние кои ја примиле втората доза на вакцина во периодот од две недели пред да влезат во Словачка, исто така, ќе се сметаат за целосно вакцинирани. Новата мерка ќе ги опфати и луѓето кои заболеле од Ковид-19 а потоа биле вакцинирани со првата доза на лекот најмалку 14 дена пред да влезат во државата. Останатите граѓани ќе мора да поминат низ домашна самоизолација.

Властите во Шпанија во дел од регионите повторно го враќаат полицискиот час, како и ограничувањата за собири и ноќниот живот, за да се спречи драстичниот пораст на бројот на новозаболени од коронавирусот, додека делта варијантата се пренесува меѓу невакцинирани млади луѓе во државата.

Министерството за социјални работи на Австрија разгледува стратегии за да ги убеди Австријците да се вакцинираат против коронавирусот што е можно помасовно поради ширењето на делта мутацијата. Еден од предлозите е вакцинирање и на гробишта под мотото „имунизација наместо да се лежи на ова место". Идејата е да се вакцинира и во музеите, со бесплатен влез за граѓаните кои сакаат да се имунизираат, како и да се отвори „драјв-тру" за возачи на скутери и велосипедистите.

Холандија повторно воведе ограничувања во ноќните клубови, рестораните и музичките фестивали само неколку недели откако беа укинати. Мерките ќе останат во сила најрано до 14 август.

Малта соопшти дека ќе забрани влез за сите невакцинирани посетители на островот, изјави министерот за здравство Крис Ферн. Негативен тест за коронавирус веќе нема да биде доволен за да се премине границата на овој мал медитерански остров.

СВЕТ:

Канада може да ги отвори границите за сите вакцинирани посетители од почетокот на септември и најверојатно ќе може да прима вакцинирани граѓани на САД од средината на август. Тоа е соопштено од кабинетот на премиерот Џастин Трудо.

Заштитните маски се враќаат во Лос Анџелес, каде здравствените работници се борат со алармантно зголемување на бројот на луѓе кои страдаат од многу заразната делта мутација на коронавирусот. Одделот за јавно здравје на округот Лос Анџелес побара носење маски во затворени јавни простории и фирми, без оглед на тоа дали граѓаните се вакцинирани или не.

Австралиските власти го продолжија локдаунот во Сиднеј за уште најмалку 14 дена, бидејќи ниту три недели по воведувањето на првичните ограничувања, не е спречено најсериозното ширење на коронавирусот годинава во тој град. Премиерката на Нов Јужен Велс, Гледис Береџиклијан, најави дека ограничувањата ќе останат во сила најмалку до 30 јули.

На невакцинираните жители во некои делови на Кина ќе им биде забранет пристап до јавни услуги, вклучително и болници, училишта и домови за стари и изнемоштени лица. Земјата има за цел да ја зголеми стапката на вакцинација против коронавирус на најмалку 80 проценти. Во текот на изминатата недела, десетици влади во најмалку осум кинески провинции издадоа известувања со кои ги предупредуваат граѓаните дека имаат рок за вакцинација до крајот на јули или почетокот на август, по што ќе се соочат со бројни ограничувања во нивниот секојдневен живот.

Невакцинираните луѓе не претставуваат само ризик за нивното здравје, тие претставуваат ризик за сите доколку се заразат со коронавирусот, сметаат експерти за заразни болести, според кои „колку повеќе има невакцинирани луѓе, толку се поголеми шансите вирусот да се размножи".

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дошол на погреб на пријател, па случајно пропаднал во гробот на татко му и починал (ВИДЕО)

Адилсон Марсаро (48) од Бразил го загуби животот во необична несреќа на гробиштата, кога пропаднал во гробот на сопствениот татко. 

Дошол на погреб на пријател, па случајно пропаднал во гробот на татко му и починал (ВИДЕО)

Трагедијата се случила додека тој престојувал на гробиштата на погреб на пријател, а бетонската конструкција на која седел наеднаш се урнела.

Несреќата се случила во средата, на 21 октомври, на градските гробишта Сао Хозе во Линхарес, во бразилската држава Еспирито Санто.

Марсаро дојде тој ден да присуствува на погребот на пријател кој загинал во сообраќајна несреќа претходниот ден.

Според гробарот Назаре Бравин, човекот пристигнал на гробиштата со мотор, ги поздравил присутните и прашал каде ќе биде погребан неговиот пријател.

После тоа, тој ги оставил моторот и кацигата, а потоа се упатил кон гробот на својот покоен татко, кој се наоѓал на истите гробишта.

Кога стигнал до гробот на својот татко, Адилсон седнал на бетонскиот надгробен камен.

Во тој момент структурата наеднаш попуштила под неговата тежина и човекот пропаднал во гробницата.

Силен тресок го привлече вниманието на луѓето во близина. Кога сфатиле што се случило, веднаш повикале брза помош.

На местото на настанот пристигнале припадници на противпожарната служба и брзата помош, но несреќниот човек не можел да се спаси.

Лекарите можеле само да констатираат смрт. Неговото тело е извлечено од урнатата гробница и пренесено на обдукција.

Како што пишува Њујорк Пост, Марсаро бил погребан веќе следниот ден, на истите гробишта каде што го загубил животот.

Градските власти на Линхарес изразија сочувство до семејството и пријателите на жртвата.

Во соопштението тие наведуваат дека вработените на гробиштата веднаш ги известиле надлежните органи, но дека обидите за спасување биле неуспешни.

Воедно, тие ги потсетија граѓаните да бидат особено внимателни при посетата на гробните места, особено во пресрет на празникот Денот на мртвите, кога се очекува поголем број посетители.

По трагедијата се отвори и прашањето за безбедноста на гробните градби.

Градската управа соопшти дека е надлежна за одржување на заедничките површини, патеките и другите јавни делови на гробиштата.

Сепак, одржувањето на поединечните гробови и надгробни споменици, според локалните правила, е обврска на семејството на починатиот.

Бразилската цивилна полиција покрена истрага за да се утврдат сите околности на несреќата.

Засега не е соопштено зошто попуштила бетонската конструкција или дали претходно имало знаци на нејзино оштетување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп: Мора да го запрам убивањето на иранските лидери

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека мора да престане да убива ирански лидери за да утврди со кого преговараат САД и го повтори својот став дека на Иран никогаш не смее да му биде дозволено да развива нуклеарно оружје.

Трамп: Мора да го запрам убивањето на иранските лидери

„Морам да престанам да убивам ирански лидери затоа што морам да сфатам со кого, по ѓаволите, преговараме“, рече Трамп на предизборен митинг во Џорџија, објави Дејли експрес. Трамп повтори дека Иран повеќе нема авиони, нема бродови и нема лидери.

„Лидерот од прво ниво го нема, лидерот од второ ниво го нема“, рече Трамп.

Тој, исто така, ја бранеше својата одлука од 2018 година да ги повлече САД од нуклеарниот договор со Иран од 2015 година, постигнат под тогашниот американски претседател Барак Обама, велејќи дека ја донел одлуката во клучно време за да го спречи Техеран да добие нуклеарно оружје.

„Го раскинав еден од најлошите договори што некогаш биле склучени, Заедничкиот сеопфатен план за акција (JCPOA) на Барак Хусеин Обама, познат и како нуклеарен договор со Иран, што доведе до тоа Иран да добие нуклеарно оружје. За среќа, го раскинав токму на време“, тврдеше Трамп.

Тој повтори дека САД го уништиле капацитетот за збогатување ураниум на Иран во воените операции спроведени оваа и минатата година.

„Ги победивме воено, финансиски и на други начини. Мора да се погрижиме тие никогаш, ама баш никогаш да не добијат нуклеарно оружје“, повтори Трамп.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пет илјади патници уплатиле крстарење на топлите Бахами, а завршиле во студената Канада (ВИДЕО)

Повеќе од 5.000 патници кои очекуваа еднонеделен одмор на сончевите Бахами завршија во студената Канада откако Ројал Карибиан мораше да го пренасочи своето крстарење поради бура. 

Пет илјади патници уплатиле крстарење на топлите Бахами, а завршиле во студената Канада (ВИДЕО)

Бродот „Оаза оф д Сис“ исплови од Њу Џерси на 18 октомври на планирано седумдневно патување, но патниците дури на половина пат дознаа дека пловат кон Халифакс, Нова Шкотска, наместо кон тропските острови, објави CTV.

Неочекуван пресврт

Ненадејниот пресврт значеше дека патниците се пакувале за сосема погрешни температури. Ситуацијата беше влошена од објавата дека нема да им биде дозволено да го напуштат бродот додека е закотвен во пристаништето.

„Мојот сопруг ме праша: „Ова е шега, нели?““, изјави Мари Дурнинг од Њу Џерси за CTV News. „Донесов зимска капа и грејачи за уши, но го заборавив шалот.“

Патниците кои пристигнаа на крстарењето од подалечни земји немаа зимска облека со себе, ниту пак имаа каде да ја земат пред да се качат.

@chelsea_davis21 Bahamas? Canada? Tomato, tomato 🤷🏼‍♀️ #royalcaribbean #Canada #oasisoftheseas #halifax #novascotia ♬ original sound - Chelsea Davis

Разочарување на социјалните мрежи

Актерката Микајла Ајверсон објави видео на Инстаграм снимено на аеродромот Њуарк кратко откако дозна за промената. Во него, таа се пожали на ситуацијата, а видеото стана вирално со 1,4 милиони прегледи.

„Ни беше кажано, по слетувањето во Њуарк, дека нашето семејно крстарење до Бахамите, кое тргнува за само 12 часа, сега оди во Нова Шкотска? И нема да ни биде дозволено да се симнеме од бродот цела недела. @royalcaribbean, немаме облека за тоа“, напиша таа во објавата.

Меѓу патниците имаше и Канаѓани, кои практично беа испратени дома поради промената на рутата. „Многу сум разочаран“, рече Николас Мели од Торонто. Тој и неговото семејство возеа седум часа до Њу Џерси за да се качат на бродот. „Јас сум од Канада и сакав да одам на Бахамите“.

@katymarie923 It was a not so perfect day at cococay. Now it’s just me and my bonine against the seas. #royalcarribean #utopiaoftheseas ♬ Hoist The Colours (A Cappella) - The Wellermen & Eric Hollaway & Big Brev & Ebucs & Luke G. Taylor & Bobby Bass & Jesse Elkins & Davide Dalmonte

Се обидоа да ги обештетат

И покрај сè, дел од патниците решија да го извлечат најдоброто од ситуацијата. „Бидејќи потрошивме многу пари на ова патување, им реков на сите да ги надминат своите фрустрации пред да се качиме на бродот. Откако ќе се качиме на бродот, не сакам повеќе да слушам за тоа“, рече Двејн Хикс од Филаделфија.

„Така се среди, но сум благодарен и ќе се обидам да го извлечам најдоброто од ситуацијата“, додаде Џим Метјуз од Њу Џерси. „Освен тоа, слушнав дека Халифакс е прекрасен град.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер