Сестра му на Ким Џонг-ун со остра реакција: Северна Кореја не е виновна за најголемиот грабеж во историјата од 6,3 милијарди
2Сестра му на Ким Џонг-ун со остра реакција: Северна Кореја не е виновна за најголемиот грабеж во историјата од 6,3 милијарди
3Бернам сака Британија да ја врати во ЕУ- од Брисел го предупредија: Многумина се трауматизирани од Брегзитот
3Изградиле чудесен подземен систем под Токио- бетонскиот гигант со 59 столбови е одбрана од катастрофи (ВИДЕО)
КултураСвети Спас - најстара црква во центарот на СкопјеЦрквата Свети Спас, која се наоѓа источно од тврдината Кале, е најстара црква во централното градско подрачје. Според стручната литература таа била подигната кон крајот на седумнаесеттиот или во почетокот на осумнаесетиот век, по пожарот од 1689 година, во кој изгорел поголемиот дел од градот.Во 1963 година, бил делумно разурнат јужниот дел на црквата. Тогаш, бил откриен постар ѕид кој припаѓал на првобитната црква. На овој ѕид се наоѓаат добро зачувани фрески. Судејќи според стилот, живописот припаѓа на шеснаесеттиот век. Се претпоставува дека над таа стара црква била изградена новата на крајот на седуманесеттиот или почетокот на осумнаесеттиот век. Според некои податоци, нејзиното градење било поврзано со градењето на црквата „Света Петка” во нејзина близина, која била претворена во џамија. Ако во минатото оваа црква била свето место каде што старите Скопјани се собирале на утрински литургии, каде што свештениците ги извршувале Светите тајни, каде што се палале свеќи за здравје и спасениe и за покој на душите на починатите, денес таа е Музеј, во кој можете да влезете само за да го разгледате преубавиот иконостас. Ако во минатото таа била многу посетувана за Божик, денес таа, токму поради овој празник не работи. Раскошна внатрешност Градена во период кога Македонија била под турско ропство, кога Турците не дозволувале светилиштата да доминираат во просторот, таа е длабоко вкопана во земја.Во неа се влегува низ неколку камени скали. Црквата е троброднасредниот брод е засводен, страничните се рамни и покриени со штици во коцки, додека во западниот дел е подигната галерија за жени. Таа е скромна однадвор. Но, кога ќе влезете внатре тешко дека ќе останете рамнодушни од она што ќе го видите внатре. Прекрасниот иконостас зрачи во темниот простор. Тој е долг 10 метри, а висок 6 метра. Преубавата длабока резба низ која се проткаени мотиви од Сатриот и Новиот завет е само уште еден доказ дека низ овие простори од многу одамна твореле врвни мајстори на занаетот. Освен сцени од Светото писмо се забележуваат и разни геометриски орнаменти, фигури од растителниот и животинскиот свет. Според својата конструкција иконостасот се дели на пет хоризонтални појаси: база, галерија на престолни икони, архитрав, атика и акротерион. Стручните лица забележуваат дека, големата уметничка вредност на овој иконостас се согледува во нежноста на линиите, во изведената пластичност на формите, мајсторската стилизација и барокната разиграност. Престолните икони, во најголем број, се работени заедно со иконостасот. Во неговиот горен дел се забележува и икона посветена на Рождеството Христово, на празникот кој го прославуваме на 7 Јануари, а кој во минатото бил одбележуван и во оваа црква, која денес, токму на овој голем христијански празник е затворена токму поради празникот. Иконостасот изработен од резбарската група на Гарката Според уметничките квалитети иконостасот спаѓа во редот на најубавите Мијачки копаничарски дела. Тој бил изработен од 1819 до 1824 година, од резбарската група на Петре Филиповски – Гарката со неговиот брат Марко и Макарие Фрчковски од селото Галичник. Во десниот крај од иконостасот на јужната страна се претставени авторите Петре Филиповски како го изработува планот, а другите двајца држат во рацете чекани и длета. Во книгата Споменици на културата на Македонија издадена 1980 година е забележано дека, Петре Филиповски целиот свој живот го посветил на копаничарското дело и тој оставил поголем број иконостаси, како што се: во манастирската црква во Лесново, големиот крст за црквата Св. Ѓорѓи во Призрен и иконостасот и балдахинот на Св. Јован Бигорски. Во последните години на својот живот го изработил иконостасот за црквата Св. Никола во Крушево. Но, ова негово последно дело изгорело за време на Илинденското востание во 1903 година, се вели во книгата Споменици на културата на Македонија. Во текот на деветнаесеттиот век црквата го добила својот дефинитивен внатрешен изглед. Во 1924 година биле довршени иконостасот и иконите, а во 1867 година е изработен дел од престолните икони. За изведување на иконостасот и иконите, занаетчиските еснафи и трговци од Скопје го дале својот прилог. Гробот на Гоце Делчев Она по што исто така е познат комплексот Свети Спас е тоа што во неговиот двор се наоѓа гробот на големиот македонски револуционер и национален херој Гоце Делчев. Посмртните останки на Гоце Делчев во Скопје биле пренесени на 10 октомври 1946 година и на празникот 11 Октомври биле свечено положени во камениот ковчег. Со тоа е исполнет заветот тој да биде погребан во главниот град на слободна Македонија, за која се борел и загинал. За моштите на Гоце Делчев се знае дека од 1917 година од селото Баница се преместени во Софија, каде останале се’ до пренесувањето во Скопје.Откако во Софија им биле предадени на тогашните македонски претставници, посмртните останки патувале неколку дена преку Пиринска Македонија, Струмица и Штип, а на 10 октомври 1946 година стасале во Скопје и со највисоки почести биле погребани во црквата „Св. Спас". За цело време додека се пренесувале коските на Делчев, биле пречекувани од македонските граѓани кои масовно излегувале да му оддадат почит на великанот. Секоја година на 4 мај, на денот кога бил убиен големиот македонски револуционер,пред белиот камен саркофаг во кој се ставени неговите коски се поклонува држвана делегација. Во конаците на црквата Св. Спас е сместен Музејот на Гоце Делчев, во кој се изложени парчиња на оружје и други експонати. Може да се најде комитска облека, може да видите парчиња оружје од приватни колекции, јатагани, куршуми, пушки и друго. Комплексот Свети Спас, кој е само уште еден дел од Музејот на отворено- Старата скопска чаршија, навистина има што да им понуди на посетителите. Во црквата, која денес е Музеј, богослужба се врши само за нејзиниот патронен празник Спасовден. Ирена Радовановиќ ###Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЉубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
БизарноСлушнале необични звуци под надгробен споменик, па почнала полициска акција- никој не очекувал што ќе откријат (ВИДЕО) Мачка која три дена била заробена во гроб на гробиштата Фирлеј во полскиот град Радом била спасена по повеќедневна операција во која биле вклучени членови на градската гарда и општинските служби.Инцидентот се случил на 1 ноември, кога лице кое ги посетило гробиштата слушнало гласно мјаукање што доаѓало од под надгробен споменик, објавува порталот „Ехо Дња“. Поставена е стапица во кафез Сведокот веднаш ги известил надлежните органи, по што на местото на настанот пристигнале полицијата, вработените во гробиштата, претставници на организациите за заштита на животните и членовите на градската гарда. Сопствениците на гробот дале согласност тој да се отвори за да се спаси животното. Сепак, мачката се скрила во тешко достапен дел од гробот, па првиот обид бил неуспешен. Операцијата следниот ден исто така не дала резултати, бидејќи животното повторно избегало во подлабокиот дел од гробот. Затоа, спасувачите одлучиле да остават стапица во кафез со храна за да ја привлечат мачката. Стратегијата се покажала како успешна и на 3 ноември, мачката се појавила од своето скривалиште и конечно била извлечена од гробот. Благодарност до учесниците во операцијата Заменик-командантот на градската гарда на Радом, Грегорж Самбор, изјави дека животното, и покрај тоа што било заробено и гладно три дена, било во многу добра состојба. Мачката ќе биде прегледана во локална ветеринарна клиника, по што ќе биде префрлена во засолниште за животни, каде што ќе ѝ се најде нов дом. Самбор им се заблагодари на сите што учествуваа во операцијата и нагласи дека трпението и оставањето на животното на мира биле клучни за успешно завршување на спасувањето.Тагови: надгробен споменик Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаУнгарија ги објави имињата на 60.000 соработници на комунистичката државна безбедност Унгарија објави дел од достапните податоци од архивите на поранешната комунистичка државна безбедност, благодарение на што ќе биде можно да се пребаруваат околу 60.000 имиња од овие досиеја преку интернет.Унгарија објави дел од достапните податоци од архивите на поранешната комунистичка државна безбедност, благодарение на што ќе биде можно да се пребаруваат околу 60.000 имиња од овие досиеја преку интернет, изјави денес генералниот директор на Унгарскиот историски архив на Службите за државна безбедност, Герге Бендегуз Чех. Чех изјави за јавниот сервис Радио Кошут дека три вида документи - таканаречените „Досиеја 6“, или записи за регрутирање, ќе бидат достапни на веб-страницата Nyitottaktak.hu, пренесува MTI. Тој додаде дека базата на податоци може да се користи без регистрација и дека пребарувањата може да се вршат врз основа на имиња и други лични податоци. Тој нагласи дека самото присуство на име во записите не докажува дека лицето соработувало со службите за државна безбедност, туку дека податоците само укажуваат дека поединецот некако стапил во контакт со тајната служба, на пример во случаи кога обидот за регрутирање бил неуспешен или кога лицето одбило да соработува во рана фаза. Чех додаде дека ќе бидат потребни понатамошни истражувања и пристап до досиејата за регрутирање за да се утврди вистинската природа на односите и активностите на службите за државна безбедност. Досиејата достапни денес даваат детален увид во подготовките за регрутирање, следењето на дотичниот човек, притисоците што се вршат врз него, текот на соработката и нејзиното прекинување. Чех нагласи дека никој не треба да се оценува само врз основа на неговото име што се појавува во базата на податоци, туку дека архивата има за цел да помогне во толкувањето на документите со разјаснување на работењето на службите за државна безбедност, методите што се користат за регрутирање агенти и техничката терминологија што се користи во документите. Тој изјави дека лицата на кои се однесуваат податоците, како и нивните потомци, можат да поднесат корекции до архивата, како и документи што ги содржат нивните лични податоци и приказни. Коментирајќи ја изјавата доставена до архивата од поранешниот премиер Миклош Немет, која се однесува на минатото на поранешниот премиер Виктор Орбан, Чех рече дека Немет лично ја посетил оваа институција и доставил изјава што ја потпишал во присуство на неговите адвокати. Архивата го третира документот како мемоар и го става на располагање на истражувачите, но Чех нагласи дека содржината на изјавата не е поткрепена со никакви оригинални документи, докази или други извори и дека, според моменталните сознанија на архивата, „ниту еден друг доказ или документ не потврдува“ она што е опишано во неа. Орбан вчера објави на својата Фејсбук страница документи за кои тврди дека докажуваат дека тој, заедно со неговата сопруга, биле под надзор на членови на комунистичката државна партија. Унгарскиот премиер Петер Маѓар рече дека со објавувањето на досиејата на тајните служби од комунистичката ера, унгарската влада исправа пропуст што датира од демократската транзиција во 1990 година. Маѓар, во пренос во живо од подрумот на Историскиот архив на Службата за државна безбедност, рече дека по падот на комунизмот, многу земји од Централна Европа објавиле записи за регрутирање на информатори, како и имињата на оние што го одржувале режимот во живот, но дека Унгарија не го сторила тоа. Маѓар рече дека последователните влади во текот на изминатите 36 години го спречиле објавувањето на досиејата. Шефот на парламентарната група на унгарската опозициска партија Фидес, Јанош Бока, денес го критикуваше начинот на кој беа објавени досиејата на тајните служби од комунистичката ера. Во објава на Фејсбук, Бока изјави дека владејачката партија Тиса продолжува да ги лаже Унгарците бидејќи, според него, објавувањето на десетици илјади документи кои се „извадени од контекст и без никаква анализа“ не придонесува за разбирање на минатото на Унгарија „или за соочување со него“. Според него, објавувањето на овие документи служи само за предизвикување немири, поделба на унгарскиот народ и одвлекување на вниманието од вистинските проблеми на Унгарија. „Никогаш нема да знаеме со сигурност кој соработувал со комунистичкиот режим, зошто или како; многу од оние што учествувале повеќе не се живи, а некои документи исчезнале, биле уништени или останале доверливи до ден-денес“, рече Бока.Тагови: Унгарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЉубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
СветСестра му на Ким Џонг-ун со остра реакција: Северна Кореја не е виновна за најголемиот грабеж во историјата од 6,3 милијарди Северна Кореја негираше дека стои зад најголемиот грабеж во историјата, откако 6,3 милијарди долари беа украдени од берзата за криптовалути Binance.Сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, Ким Јо Џонг, ги обвини САД за „сериозна политичка провокација“ со ширењето на она што таа го нарече „апсурдни тврдења“ што го поврзуваат Пјонгјанг со хакерскиот напад, објави Би-Би-Си. Федералното биро за истраги на САД (ФБИ), заедно со експерти за сајбер безбедност, соопшти дека Северна Кореја стои зад нападот, додека најголемата светска берза за криптовалути се обидува да ги врати украдените пари. „Ова не е прв пат САД да се обидат да шират лажна слика за ДНРК во меѓународната заедница, слепо поврзувајќи ја нашата земја со инциденти на „кибер криминал“ секогаш кога тие се случуваат на меѓународно ниво“, рече Ким Јо Џонг, според севернокорејските државни медиуми. North Korea denies being behind record $6.3bn Binance hack https://t.co/fsXal0MVDo — BBC News (World) (@BBCWorld) November 3, 2026 Нејзините изјави следеа по хакерскиот напад, а сето тоа доаѓа помалку од две недели пред американскиот претседател Доналд Трамп и Ким Џонг Ун да бидат во иста просторија за време на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (APEC) во Кина. Како еден од најизолираните и најстрого санкционираните режими во светот, Северна Кореја се потпира на нелегални мрежи за да добие странска валута и да ја финансира својата нуклеарна програма. Хакирањето стана еден од најпрофитабилните начини за генерирање приходи. Според податоците од Elliptic, компанија за анализа на блокчејн технологија, режимот минатата година заработил 7,6 милијарди долари приходи. Нападот од минатата недела врз Binance далеку го надмина претходниот најголем грабеж во историјата на криптовалутите, кога 1,46 милијарди долари беа украдени од берзата Bybit во 2025 година. Сепак, таа сума е сè уште мала во споредба со најголемиот грабеж на физичка валута досега, кога семејството на ирачкиот диктатор Садам Хусеин украде 1 милијарда долари од Централната банка на Ирак во 2003 година. ФБИ соопшти дека нападот врз Binance, како и грабежот врз Bybit, биле извршени од севернокорејската хакерска група TraderTraitor, позната и како Lazarus Group. Ким Јо Џонг, исто така, ги обвини САД за измислување обвинувања за вмешаност на Северна Кореја во нападот врз Bybit. Таа рече дека обете обвинувања се „злокобен обид за оцрнување на меѓународниот углед на Северна Кореја“. Првичната истрага на Binance откри дека хакерите го компромитирале лаптопот на еден од нивните инженери околу 20 часот во четврток, добивајќи пристап до системот на компанијата и можност за вршење неовластени трансакции за повлекување. Според анализата на TRM Labs, поголемиот дел од парите биле украдени во првите 20 минути од нападот. Компанијата Elliptic, која го следи протокот на украдени пари, открила дека Северна Кореја користела 12.000 крипто паричници на 11 различни блокчејни за да ги испере парите до понеделник. Компанијата проценува дека само „занемарлив дел“ од средствата веројатно биле претворени во готовина. Покрај големата мрежа на хакери, Северна Кореја се потпира и на околу 100.000 ИТ специјалисти кои се претставуваат како легитимни професионалци за да се инфилтрираат во западните компании. Во текот на викендот, британскиот весник The Telegraph објави истрага за шемата, за која се верува дека носи дури 600 милиони фунти годишно за режимот. Иако таа сума е значително помала од приходите што Пјонгјанг ги генерира од хакирањето, таа е постојан извор на пари што ѝ помогна на Северна Кореја да ги подобри своите нуклеарни капацитети. Јужна Кореја проценува дека нуклеарниот арсенал на Северна Кореја денес би можел да брои дури 120 боеви глави.Тагови: милијарди Северна Кореја Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook