Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
1Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
КултураСвети Климент Охридски и Свети ПантелејмонМакедонската парвоалсвна црква - Охридска архиепископија денеска го празнува споменот на св. Климент Охридски кој е упокоен на овој ден 916 година. Исто така, на овој ден се празнува и споменот на светите Седмочисленици, како и на големиот исцелител свети Пантелејмон. Големиот македонски и сесловенски просветител свети Климент Охридски Чудотворец починал на денешен ден 916 година. Но бидејќи тој и за време на својот живот именденот го празнувал на 8 декември (25 ноември с.с.) на празникот на Св. свештеномаченик Климент епископ Римски, подоцна неговиот главен празник бил поместен на овој датум, а на денешен ден се празнувал заедничкиот спомен на седумтемина рамноапостолни словенски светители познати како свети Седмочисленици (св. Кирил, Методиј, Климент, Наум, Сава, Горазд и Ангелариј). Св. Климент Охридски Чудотворец е најпознатиот ученик на светите браќа Кирил и Методиј, последен од нив починал и поради тоа денот на неговото упокојување бил земен за нивни заеднички празник. Светиот великомаченик Пантелејмон спаѓа меѓу најпознатите исцелители што лечеле со Божја помош. Настрадал за време на царот Максимилијан кога е вршен страшен прогон на христијаните. Роден е во Никомидија во областа Витанија во Мала Азија. Најпрвин се викал Пантелеон, што значи „лав во сè", а подоцна бил наречен Пантелејмон што значи „семилостив". Татко му бил паганин, а мајка му христијанка, којашто од мал го воспитувала во христијански дух. Но таа умрела додека тој бил мал, а татко му го дал да го изучува лекарскиот занает кај познатиот лекар Евстрогиј кој го лекувал и царското семејство. Така младиот Пантелејмон се стекнал со симпатии и од царот Максимилијан кој од учителот барал да не го жали трудот кога се работи за образованието на младиот ученик. Така Пантелејмон со многу желба од своја страна, но и со внимание од страна на познатиот лекар го изучувал лекарскиот занает, се стекнал со многу симпатии и од пошироката средина и бргу напредувал во медицинските науки. Пантелејмон секој ден го посетувал својот учител Евстрогиј. Патот минувал покрај една бедна куќичка во која живеел еден стар свештеник по име Ермолај. Тој посакал Пантелејмона да го воведе во вистинската вера. Најпрвин го повикал и го распрашувал за неговите родители и за неговото верување. Тој му раскажал за сè искрено дека мајка му била христијанка и додека била жива го воспитувала во тој дух, а дека татко му е паганин зашто сака да остане во служба на царот. Потоа свештеникот му зборувал на Пантелејмон за вистинскиот Бог Исус Христос, за неговите чуда, за исцелувањето болни, за воскреснувањето мртви итн. Тие раскажувања го потсетиле на зборовите на мајка му за вредностите на вистинската вера и кај него се разгорела љубовта кон Бога. Така кога почнал да лекува Пантелејмон се повикувал на Господ. Еднаш на враќање од кај учителот на патот видел мртво дете каснато од змија, којашто лежела покрај детето. Пантелејмон најпрвин се исплашил, но кога се сетил на зборовите од свештеникот дека Господ е семоќен, се наведнал над детето и побарал за него лек повикувајќи ја Божјата сила. Тогаш детето се разбудило, а змијата умрела. Потоа Пантелејмон веднаш отишол кај свештеникот и се крстил. Подоцна лекувал и слеп човек кого не можел да го излекува ниту еден лекар во империјата. Кога и него го излекувал кај свештеникот дошол и татко му и тој се крстил. Свети Пантелејмон бил многу популарен лекар што лечел од разни телесни и душевни болести. Кога умрел и татко му имотот го раздал на сиромасите, а тој лечел бесплатно. Особено внимателно ги лекувал христијаните што имале рани од мачењето. Поради завист од лекарите бил наклеветен кај царот кој најпрвин се обидел да го врати во идолопоклонство, но Пантелејмон му одговорил дека ниту по цена на животот нема да се откаже од својот единствен Бог Исус Христос. За да му докаже на царот кој е вистинскиот Бог побарал од царот еден безнадежно болен што требало да го лекуваат идолските жреци, односно лекарите неверници. Откако тие не успеале да го излекуваат Пантелејмон и над него го повикал името на Исус по што болниот веднаш оздравел. [Промотивната конференција за проектот „Мониторинг на православното културно наследство“ на ИКОМОС Македонија денеска ќе се одржи во манастирот „Св.Пантелејмон“, во Нерези, со почеток во 11:00] По тој настан популарноста на Пантелејмон уште повеќе пораснала, а многумина поверувале во Исус Христос и се крстиле. Тоа, пак, уште повеќе ги разгневило лекарите кои од царот побарале да го погуби за да не привлече многумина во христијани. Поради тоа бил мачен, бесен, гребан по телото со остри предмети и горен со оган, а потоа фрлен во казан со растопено олово, но сето тоа јуначки го поднесол. Најпосле царот наредил да се исече со меч заедно со свештеникот Ермолај. Откако бил осуден на смрт, не со страв туку со радост тргнал кон губилиштето пеејќи ги Давидовите псалми. Потоа клекнал да се моли, а во тоа време џелатот замавнал со сабјата и го удрил по вратот, но на општо изненадување на насобраниот народ сабјата се искршила на безброј делови. Додека се молел Пантелејмон џелатот не можел да го погуби, иако повеќепати се обидувал. Дури откако ја завршил молитвата самиот побарал да го погубат. Тоа се случило во родното место Никомидија на 27 јули според стариот (или на 9 август според новиот) календар во 305 година. На Света Гора има голем манастир посветен на свети Пантелејмон во кој според преданието се наоѓаат дел од моштите на светецот. Во Македонија впечатливи градби посветени на св. Пантелејмон се Светиклиментовата црква на Плаошник, потоа црквите во Горно Нерези, Скопско, во Велес, манастирите во Кочанско, Штипско и други места. Тропар Свети великомаченик Пантелејмон Страдалнику свети и лекару Пантелејмоне, моли го милостивиот Бог да ни дарува прошка на гревовите на нашите души.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПотврдена средба на Трамп, Си Џинпинг и Путин в четврток во КинаБелата куќа потврди. Следната недела во четврток во кинескиот град Шенжен ќе се одржи состанок на Доналд Трамп, Си Џинпинг и Владимир Путин, на маргините на Самитот на Азиско-пацифичката економска соработка -АПЕК.Портпаролката на Белата куќа, Оливија Велс, изјави дека една од главните теми на разговорите ќе биде намалувањето на нуклеарното оружје. Претседателот јасно стави до знаење дека ќе се занимава со прашањето за намалување на нуклеарното оружје во светот. Американски претставник, кој зборувал под услов на анонимност, открил дека Трамп планира на средбата да го отвори и прашањето за Иран, а темата за Украина најверојатно нема да биде дел од трилатералните разговори, бидејќи сад водат одделни дипломатски процеси со Киев и Москва, во кои Кина не учествува. Американскиот претседател ќе отпатува во азија во понеделник, а според најавите, најпрво ќе ги посети филипините, по што ќе замине за шенжен, каде ќе се одржи самитот на АПЕК.Тагови: Владимир Путин Доналд Трамп Си Џинпинг Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветКуба се подготвува за можен американски воен нападКуба се подготвува за можен американски воен напад по изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, кои беа протолкувани како закана за воена интервенција. Ова го изјави кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел, кој порача дека земјата е подготвена да се брани од секоја странска агресија. „Одлучни сме да го одбиеме секој обид за странска воена агресија врз нашата земја“, рече Канел. Неговата изјава следува откако Трамп прашан дали би размислил за воена интервенција со цел да ја „ослободи“ Куба, за американски медиуми рече: „Сакам да ја решам Куба пред да си заминам“. Тој додаде дека САД внимателно ја следат ситуацијата на островот, оценувајќи дека земјата е во многу лоша состојба и дека практично е пропадната држава. Тагови: куба Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
МакедонијаКравите од Крива Паланка осамнаа во светските медиумиКравите од Крива Паланка го обиколуваат Светот. Веста дека стотици говеда шетаат слободно низ градот го објавија неколку угледни светски медиуми, како Асошиејтед прес и Еуроњуз, каде што случајот со кравите се најде во познатата рубрика „без комента“. Медиумите наведуваат дека жителите на Крива Паланка, опишана како земјоделски град, се бори со повеќе од илјада крави кои им ги уништуваат имотите.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook