Свештеник сакал да направи подвиг- се врзал за 1.000 балони и полетал, но направил грешка (ВИДЕО) - Канал 5

Свештеник сакал да направи подвиг- се врзал за 1.000 балони и полетал, но направил грешка (ВИДЕО)

Во обид да ги спои верата, хуманоста и екстремните подвизи, бразилскиот свештеник Аделир Антонио де Карли го загуби животот во една од најнеобичните хуманитарни акции некогаш забележани.

Свештеник сакал да направи подвиг- се врзал за 1.000 балони и полетал, но направил грешка (ВИДЕО)

Неговата идеја беше исто толку смела колку што беше и опасна - да користи 1.000 балони исполнети со хелиум за да се вивне во небото и да собере пари за изградба на капела за возачи на камиони, покрај автопат.

Тој бил обучен падобранец

Од бразилскиот град Паранагуа, свештеникот го започнал своето последно патување. Носел шлем, термално одело, дополнителна водоотпорна облека и падобран, верувајќи дека е подготвен за сите предизвици што ги носат височините.

Неговата цел не беше само хуманитарна - тој сакаше да го сруши и светскиот рекорд од 19 часа поминати во воздух користејќи балон.

Не му недостасуваше искуство. Тој беше обучен падобранец и имаше успешен потфат зад себе во јануари истата година. Притоа, користејќи 600 балони, леташе четири часа! Таквиот исход му даде самодоверба да проба нешто уште поамбициозно и поризично.

Балони забележани во морето

За вториот лет, тој дополнително се опремил со GPS уред и радио станица за да биде во контакт со контролата. Сепак, по осум часа во воздух, контактот одеднаш бил изгубен. Свештеникот исчезнал, а пребарувањето во кое биле вклучени авиони и спасувачки екипи не дало резултати.

Два дена подоцна, балони биле забележани во морето, во близина на неговата последна позната позиција, што дополнително го зголемило стравот дека се случила трагедија.

Дури неколку месеци подоцна, телото било исфрлено од морето и пронајдено од двајца минувачи. ДНК анализата потврдила дека станува збор за несреќниот свештеник, објавува „Мирор“.

Дали имало проблем со GPS уредот?

Началникот на полицијата, Даниел Бандеира, рекол дека претходно биле речиси сигурни во неговиот идентитет, врз основа на облеката и опремата пронајдени со телото.

Пред неговото исчезнување, свештеникот успеал да испрати порака во која се наведува дека му е многу студено, но се чувствува добро. Постојат индикации дека имал проблеми со својот GPS уред и отстапил од планираната рута. Во своите последни пораки, тој наводно предупредил дека губи висина.

Конечното потврдување на неговата смрт донесе болен крај на оваа приказна. Неговиот брат, Моасир де Карли, кратко рече дека семејството конечно може да организира достоинствен погреб.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма: Авион исчезна над океанот

Според неофицијални информации, авион од типот „ Gulfstream G100# со шест лица во него – кој летал од Бермудски Острови кон Бостон – се урнал во Атлантскиот Океан.

Драма: Авион исчезна над океанот

Авионот изгубил контакт за време на летот, по што започнала потрага по леталото и лицата во него.

Врз основа на моментално достапните информации, авионот исчезнал рано утринава, а потрагата е насочена кон областа во близина на брегот на Нантакет, Масачусетс.

Американската крајбрежна стража потврди дека во потрагата се вклучени воздушни и поморски единици, пренесува британскиот таблоид „The Sun“.

Засега нема официјална потврда дека авионот навистина се урнал, ниту пак се познати околностите на наводната несреќа.

Надлежните служби ја продолжуваат потрагата, а дополнителни информации се очекуваат штом ќе бидат познати резултатите од операцијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маскиран демонстрант запалил лице на жена, протетсите во Франција надвор од контрола

Протестите на средношколците од посиромашните предградија на Париз ја зафатија целата земја. Десетици илјади ученици и нивни поддржувачи излегоа на улиците во Франција и се чини излегоа од контрола.

Маскиран демонстрант запалил лице на жена, протетсите во Франција надвор од контрола

Како што јавија дел од медиумите маскиран тинејџер во Марсеј бил приведен откако се обидел со спреј и запалка да запали лице на жена.

Причината за протестите е поради лошата состојба на училиштата, преполните училници и недостигот на наставен кадар, а особено е лоша состојбата во посиромашните населби, тврдат демоинстрантите

Неделава на протестите учествуваа ученици од над 1000 средни училишта, а за време на немирите беа уапсени повеќе од 5000 лица, но имаше и сериозно повредени демонстранти, еден ученик бил повреден од гумен куршум

Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез повика на враќање на редот.

Протестите започнаа во предградијата на Париз, каде што нивото на сиромаштија е високо, а потоа се проширија во самиот Париз и други француски градови, вклучувајќи ги Марсеј, Стразбур, Тур и Лил.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АКТО завршува во недела со „Бистро на еден ден" во дворот на Железничката зграда

Со настанот „Бистро на еден ден", утре, 4 октомври, се затвора 21. издание на фестивалот АКТО. 

АКТО завршува во недела со „Бистро на еден ден" во дворот на Железничката зграда

Во периодот од 12 до 16 часот, во дворот на Железничката зграда (ул. Борка Талески бр.26, Скопје) ќе се одржи интервенција во јавен простор, едукативна програма за деца, музичка програма и перформативно готвење во живо.

Настанот БИСТРО НА ЕДЕН ДЕН претставува еден од серијата јавни настани/интервенции, развиени во рамките на едукативната платформа ,,Градот како сцена: Изведување на јавниот простор". Еден од главните фокуси во рамките на оваа платформа е активирање на просторот на киното во Железничката зграда, како потенцијален заеднички простор за пошироката заедница на граѓани.

Програмата вклучува перформативен настан „Ручаме солидарно" - готвење со колективот ХНУ перформанс и SCEN[ски] дизајн, музички настап на Хана Корнети (12:00) и винил DJ сетови на Chvare (13:00) и SHEF SHEF (15:00). За најмладите е подготвена детската ликовна работилница „Креативна игра", а дел од настанот се и креативната работилница 5 до 12, The Dude Specialty Coffee, пиварата БАК, како и издавачките куќи ИЛИ-ИЛИ и Шарла.

Влезот е слободен.

Со овој завршен настан, посветен на заедницата и јавниот простор, 21. АКТО [26] ја заокружува петдневната програма, која вклучуваше изведба на перформативен радио есеј, Лабораторија за перформативно-просторни практики, предавање на проф. Радивоје Динуловиќ и доделување на наградата ДЕНЕС 2026.

Проектот 21. АКТО фестивал за современи уметности е поддржан од Гете институт Скопје и Министерство за култура и туризам на Република Северна Македонија, како и преку проектот „Култура за развој" на Владата на Швајцарија, кој го имплементира Хартефакт Фонд.

Тимот на АКТО фестивал за современи уметности

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер