Свештеник му подари на Папата стар автомобил Рено 4

Италијанскиот свештеник Ренцо Зоча на папата Франциско му го поклони својот 20 години стар автомобил Рено -4 за да се вози низ Ватикан.

Папата Франциско со насмевка на лицето го прими поклонот и веднаш седна во него и започна да го вози.

По добивањето на поклонот скромниот Франциско изјави дека во неговата родна земја Аргентина возел ист таков автомобил Рено 4 . Воедно Фрамнциско ги повика и високите членови на црквата да избегнуваат да купуваат скапи автомобили.

Светштеникот Зоча за италијанските медиуми изјави дека е трогнат од настојувањата на Франциско која сака црквата да им ја врати на сиромашните. Тој исто така дополни дека бил изненаден од тоа што папата Франциско го повикал на телефон и му рекол дека го прифаќа поклонот.

Во саботата италијанскиот свештеник со своето рено 4 пристигнал во резиденцијата на папата во Ватикан и пред камерата на ББЦ му го предал автомобилот на Франциско,

УНЕСКО: Убиени се 44 новинари, кои известувале за еколошките проблеми

Новинарите кои известуваат за еколошки прашања се соочуваат со зголемено насилство ширум светот од страна на државните и приватните актери, објави УНЕСКО, истакнувајќи дека 44 од тие новинари биле убиени меѓу 2009 и 2023 година.

Повеќе од 70 отсто од 905 новинари анкетирани од агенцијата на ОН во 129 земји рекле дека биле нападнати, им биле упатени закани или притисоци и дека насилството врз нив се влошило, а само во последните пет години биле пријавени 305 напади.

УНЕСКО, културната агенција на ОН, во својот извештај извести за физички напади, повреди, апсења и малтретирање, како и правни дејствија против новинари, вклучувајќи тужби за клевета и кривични постапки.

Најмалку 749 новинари, новинарски групи и медиумски куќи биле нападнати во 89 земји во сите региони, се вели во извештајот, при што државните актери се одговорни за најмалку половина, а приватните актери најмалку за една четвртина.

„Државните актери, полицијата, воените сили, државните службеници и вработени, локалните власти се одговорни за повеќето напади за кои се достапни информации за сторителите“, се вели во извештајот.

Овие новинари покриваа широк спектар на теми, вклучувајќи протести, конфликти за рударство и земјиште, сеча и уништување на шумите, екстремни временски услови, загадување и еколошка штета и индустријата за фосилни горива.

Мажите обично се почесто напаѓани, а жените почесто дигитално, се вели во извештајот.

Од 44 новинари убиени во 15 земји додека известувале за еколошки прашања, само пет случаи резултирале со пресуди, се вели во извештајот. Во 19 од 44 убиства, сторителите останале неидентификувани.

Најмалку 24 новинари ги преживеале обидите за атентат.

Санкционирани 100 возачи во Скопје, 14 возеле без возачка дозвола

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот при што на територија на град Скопје изречени се вкупно 100 мерки.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот при што на територија на град Скопје изречени се вкупно 100 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 14 санкции, 12 мерки за користење мобилен телефон при возење и пет санкции за некористење сигурносен појас.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, наведуваат од МВР.

Демократски сојуз: Мандат за состав на влада добива кандидатот на партијата која има мнозинство

Демократскиот сојуз ги потсетува партиите, посебно ДУИ, но и сите граѓани, дека соглано член 99 од  Уставот на Република Македонија, мандат за состав на Влада добива кандидатот на партијата/ партиите кои имаат мнозинство (најмалку 61 пратеник).

Влада ја избира Парламентот со мнозинство гласови од 120-те пратеници. Мнозинство се 61 пратеник.

За избор на Владата нема двојно гласање (Бадентер), тоа не е предвидено ниту со Уставот, ниту со било каков договор или закон, ниту пак има таква пракса.

Се работи за класична манипулација или непознавање на политичкиот систем и Уставните решенија за избор на Влада.

Сосема е извесно дека по 20 години на власт, недопирливите од ДУИ, ќе бидат испратени во долгогодишна опозиција и за грабежот што го направија и разнебитување на институциите и државата во целина ќе одговараат.

Наводната проевропска партија "ги отвори вратите на ЕУ", при што за време на нивното владеење над 800 илјади граѓани од Македонија се иселија во земјите на ЕУ, меѓу нив и над 200 илјади албанци.

Сите партии се изјаснија дека по изборите нема да коалицираат со ДУИ.

Тоа е јасно за сите граѓани, затоа ќе гласаат за промени, а на ДУИ во опозиција ќе им се приклучи и СДСМ.

Демократски сојуз

притисни ентер