ЖивотСведоштво на 15 – годишно девојче за харемот на Гадафи: Не грижи се, после ќе ти се допаднеИако од владеењето на Гадафи поминаа речиси две години, на виделина постојано излегуваат нови детали од начинот на неговото владеење. Починатиот либиски лидер наводно наредувал грабнување на млади ученички, кои биле заробувани во подрумските простории на неговиот дворец и станувале сексуални робинки.Како што пишува Аник Којеан, во својата книга за харемот на Гадафи, девојките што биле во негова близина биле бирани за да ја задоволат неговата сексуална глад. Тие не биле таму за да го заштитуваат, не знаеле да ракуваат со оружје, биле обучувани за други техники – техники за заведување, наведува авторот. Ученичката Сораја била грабната кога имала 15 години. Поради својата убавини била избрана на полковникот да му предаде букет цвеќе кога тој дошол во посета на нејзиното училиште. После тоа Гадафи ставил рака врз нејзината глава, што било знак за неговите верни соработници дека таа е одбрана, односно дека мораат да му ја донесат во Харемот. Тој ден, се сеќава Сораја, бил крај за нејзиниот живот. Цели 7 години ја држеле како робинка во дворецот недалеку од главниот град Триполи. Таа тврди дека секојдневно била силувана, како и многубројните девојчиња и момчиња кои со неа ги делеле подрумските простории и таа тажна судбина. Во 2004 година Сораја била лично однесена кај Гадафи. Тој лежел гол в кревет. Како што сведочи девојката, тој и велел: „Не плаши се. Јас сум ти татко. Јас сум твој брат и твој љубовник. Јас тоа ќе ти бидам засекогаш бидејќи ќе останеш со мене засекогаш“. Сораја се обидела да се оттргне – „не грижи се, отпосле ќе ти се допадне“, и рекол Гадафи низ смеа. Шефот на харемот ја одвел на обука, тука морала да гледа и да учи од порно филмови, а на некои од нив бил прикажан и Гадафи како има однос со малолетнички. Сите девојки од харемот минале слична обука, се потсетува девојката која како што вели Којеан, е многу убава и покрај се што минала, личи на Анџелина Џоли, денес пуши по 60 цигари на ден и тешко се интегрира во општеството. „Не подготвуваа за насилен секс и понижување, а често бевме дрогирани или под дејство на алкохол“, вели Сораја. Голем број на ослободени жени од харемот, по падот на режимот сепак молчат. Многу сакаат да го заборават тоа што им се случувало. Сораја во 2009 година успеала да се врати дома. Вели дека не се срами од семејството бидејќи на тоа што го правела била принудена. Дел од ослободените пак пред падот на Гадафи биле испраќани ан Запад да работат како проститутки или биле венчани со некои пријатели на Гадафи за да молчат и да бидат под надзор. По граѓанската војна во Либија, Гадафи беше убиен на 20 октомври 2011 година додека бегаше од земјата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПриведен 31-годишник од тетовско за издржување затворска казна од една година Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа - Затвор Тетово за издржување на казната.На 22.11.2026 во 13:30 часот, полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Тетово, во координација со Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР, го привеле М.Б.(31) од с.Челопек, тетовско, врз основа на судска наредба за издржување казна затвор во траење од една година за сторено кривично дело по член 386 став 1 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа - Затвор Тетово за издржување на казната.Тагови: затворска казна Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЃорѓиевски: 80 години ЈУ Детски дом „11 Октомври“, 80 години љубов и грижа за децата без родителиЃорѓиевски денеска со особена чест присуствуваше на свеченоста по повод осум децении постоење на ЈУ Детски дом „11 Октомври“.Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска со особена чест присуствуваше на свеченоста по повод осум децении постоење на ЈУ Детски дом „11 Октомври“, што се одржа под покровителство на Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски. - Осум децении во кои генерации воспитувачи и стручни работници со знаење, трпение и љубов им обезбедуваат сигурна и професионална грижа на децата без родители и без родителска грижа. Секое дете заслужува да расте со чувство дека припаѓа. Да има кому да му се довери кога нешто го мачи, кого прво да го израдува со добра вест и кој да му каже „Верувам во тебе“ токму кога му е најпотребно. На сите што низ годините сте биле таа поддршка за децата, од срце ви благодарам. По 80 години, вредноста на вашата работа најдобро се гледа во оние навидум мали, а за едно дете огромни моменти кога знае дека може да смета на вас. Наша одговорност е да им бидеме потпора и додека растат и кога ќе дојде време сами да го изберат својот пат. Нека е честит големиот јубилеј – изјави Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека како градоначалник на Скопје, останува посветен, во соработка со надлежните институции, на тоа овие деца да ги имаат истите можности како и нивните врсници - да учат, да спортуваат, да го откријат својот талент и со самодоверба да зачекорат во самостоен живот.Тагови: Орце Ѓорѓиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПарното во Скопје повторно поскапува: Од 1 јануари повисоки сметки за 7,5 проценти?Скопјани од 1 јануари 2027 година ги очекува ново поскапување на парното греење.Според пресметките од предлог-одлуките објавени на веб-страницата на Регулаторната комисија за енергетика, за најголем дел од домаќинствата цената на греењето ќе се зголеми за околу 7,5 проценти. За фирмите и другите правни лица, пак, предвидено е зголемување за околу 13 проценти. Како главна причина се наведува растот на цената на природниот гас. Ова ќе биде трето поскапување на парното во период од една година, а од регулаторната комисија велат дека конечните проценти ќе се знаат по одржувањето на редовна седница за барањата.Тагови: парно Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook