Сведочење за „Пулс“: Обезбедувањето требало да реагира за присуство на малолетници по полноќ, а пиротехниката била безбедносен ризик - Канал 5

Сведочење за „Пулс“: Обезбедувањето требало да реагира за присуство на малолетници по полноќ, а пиротехниката била безбедносен ризик

Сведокот појасни дека само во случај кога се ангажирани пет или повеќе работници, правното лице што ја дава услугата мора да изработи план за обезбедување и да го поднесе до полициската станица на чие подрачје се одржува настанот. 

Сведочење за „Пулс“: Обезбедувањето требало да реагира за присуство на малолетници по полноќ, а пиротехниката била безбедносен ризик

Законските процедури за добивање лиценца, обврските при склучување договори за обезбедување, како и овластувањата на работниците при контрола на влез и присуство на малолетници во објекти, се во фокусот на денешното рочиште за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, на кое во својство на сведок - технички советник, сведочеше Верица Милевска-Стефановска, претседател на Комората на Република Македонија за приватно обезбедување.

На прашања на Обвинителството, Милевска-Стефановска појасни дека Министерството за внатрешни работи (МВР) издава дозвола за вршење дејност врз основа на строго утврдени законски критериуми. Физичкото обезбедување, појасни, опфаќа телесна заштита, мониторинг, патролно обезбедување, како и обезбедување јавни собири и спортски настани.

- За да може компаниите да работат во секторот приватно обезбедување, МВР врз основа на одредени законски критериуми ќе даде дозвола за вршење дејност во вид на давање услуги за физичко и техничко обезбедување или за сопствени потреби и откога правното лице ќе ја добие дозволата, има законски рок од шест месеци да почне да работи во дејноста, а кога ќе ги стави лицата во работен однос, мора во рок од 30 дена да поднесе легитимации за обезбедување. Лиценцата на работникот за обезбедување е еден од условите за да може да работи, тоа значи дека е едуциран, но јавните овластувања работникот ќе ги врши со легитимација - истакна сведокот.

Милевска-Стефановска додаде дека за давање услуга за физичко обезбедување законскиот минимум е 15 работници со легитимации, за техничко обезбедување се потребни три, а за обезбедување сопствени потреби минимумот е десет работници. Дејноста, како што нагласи, е од јавен интерес според законските одредби.

Осврнувајќи се на правниот основ за ангажман, Милевска-Стефановска посочи дека секое правно лице задолжително го склучува договорот со корисникот на услугата исклучиво во писмена форма. - Има една одредба во законот, каде што се вели: ако договорот не е во писмена форма, се смета за ништовен - нагласи Милевска-Стефановска.

Сведокот појасни дека само во случај кога се ангажирани пет или повеќе работници, правното лице што ја дава услугата мора да изработи план за обезбедување и да го поднесе до полициската станица на чие подрачје се одржува настанот. Милевска-Стефановска истакна дека во законот не постојат точно пропишани правила за бројот на работници што треба да се ангажираат, туку тоа е предмет на договорна услуга во зависност од видот на објектот и безбедносната процена.

Во однос на ингеренциите при влез во објектите, претседателката на Комората рече дека работникот има право да изврши преглед и да реагира доколку затече општо опасно средство, но сепак, вели, зависи од договорот. На прашањето за присуство на малолетници во угостителски објекти по полноќ, Милевска-Стефановска посочи дека обезбедувањето има обврска да реагира.

- Со оглед на фактот дека конкретно во такви објекти мора да има и други закони, на видно место поставени табли кои предупредуваат дека не е дозволено присуство на малолетници, обезбедувањето морало да реагира или во најмала рака да го извести сопственикот на објектот – рече Милевска-Стефановска.

На прашањето дали употребата на пиротехника претставува безбедносен ризик, сведокот одговори потврдно, по што Судот не дозволи дополнително прашање за тоа дали лицата што ја користат треба да имаат посебна едукација. Според досегашните наводи во јавноста, токму искрите од пиротехничките средства биле причина за брзото ширење на огнот во дискотеката.

Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК и претставува една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата. Со денешното рочиште продолжува доказната постапка со изведување сведоци на предлог на Обвинителството – кое го застапува тим од 15 јавни обвинители.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВИДЕО: Хеликоптери се судрија при гаснење пожар во Грција – извлечени телата на пилотите

Грчката противпожарна служба потврди дека се извлечени телата на пилотите чиј хеликоптер експлодираше и се урна по судирот со друг хеликоптер за време на мисија за гаснење пожар во Грција.

ВИДЕО: Хеликоптери се судрија при гаснење пожар во Грција – извлечени телата на пилотите

Пилотот бил Данец, а копилотот Грк, објави државниот сервис ERT. Со нивната смрт, вкупниот број на жртви од шумските пожари во Грција се искачи на пет, по смртта на тројца пожарникари на Крит и на Пелопонез минатата недела.

ERT емитуваше снимка на која се гледа како роторот на едниот хеликоптер удира во другото летало, по што тоа експлодира и во пламен паѓа на земјата.

Двајца членови на екипажот од вториот хеликоптер го преживеале инцидентот откако пилотот успеал да изведе принудно слетување, објави медиумот.

Хеликоптерите се судрија додека гаснеле пожар западно од Атина.

Започната е голема операција за пребарување и спасување во областа близу селото Псата, соопшти противпожарната служба.

Во меѓувреме, пламените јазици од огромен пожар, што беснее на околу 50 километри западно од Атина, се проширија до непосредна близина на градот Мегара, кој брои околу 36.000 жители. Според првичните проценки, од петокот досега се уништени повеќе од 10.000 хектари шума, како и куќи, штали и земјоделско земјиште, објави ЕРТ. Стотици припадници на службите за итни интервенции, вклучително и пожарникари од Романија и Франција, се борат со големиот пожар што беснее околу густо пошумениот планински венец Китерон.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува топлотниот бран, денесска сончево со температура до 39 степени

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека времето денес ќе биде сончево и топло со мала локална облачност.

Продолжува топлотниот бран, денесска сончево со температура до 39 степени

Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен, а во источните делови од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени.

Во Скопје, сончево и топло со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Под влијание на топла воздушна маса од југ во деновите од продолжениот викенд и до крајот на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 33°C, а на некои места ќе надмине 40°C. Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 3. август 2028 година

Дневен хороскоп за понеделник, 3. август 2026 година. 

Дневен хороскоп за 3. август 2028 година

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Веројатно доста ќе се движите меѓу луѓе и така ќе доаѓате до нови контакти. Можно е убаво патување или излет.

Кариера

Нема многу да се грижите за утре. Вашите деловни амбиции се веќе сосема јасни , а вие вредно работите за да ги остварите.

Здравје и совет

Излезете на свеж воздух.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Може да очекувате уште еден ден во кој ќе има контакти и можности за дружење. Ќе ви биде пријатно и убаво.

Кариера

Ново или старо , тоа ќе биде дилемата што полека ќе ја решавате во вашата глава пред понеделник . Како и да е , не ви е лошо.

Здравје и совет

Забавувајте се.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Малите игрички со кои сакате да потврдите што е , а што не е важно во приватниот живот , ќе ви биде главна преокупација.

Кариера

Не сонувате за нешто нереално , но очекувате повеќе да бидете фокусирани на своите соништа . Имате право на нив.

Здравје и совет

Мала кашлица.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Ќе и одолеете на секоја провокација и ќе најдете мир во приватните односи. Ќе почувствувате олеснување и намалување на напнатоста.

Кариера

Оние кои се занимаваат со истражувачки професии , денеска би можеле да го добијат успехот што долго го посакуваат.

Здравје и совет

Конечно имате позитивен став.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ако се обидете по секоја цена да го зацврстите својот однос , денеска нема да успеете. Препуштете и се на сегашноста и уживајте во неа.

Кариера

При смислувањето нова работна стратегија , ви паѓа на памет идеја дека не сте доволно платени .

Здравје и совет

Немојте да бидете алчни .

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Ќе посакате чувствата да ги изразите или да ги доверите на некој кој е вмешан во вашата љубовна приказна. Во тоа ќе бидете упорни.

Кариера

Денеска ќе ви изгледа како она што го работите да не е доволно стабилно или една ситница ќе ве натера да мислите дека ништо не е сигурно.

Здравје и совет

Посетете стоматолог.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Додека вие го расположувате , партнерот се лути. Ќе мора да го утешите со својата смисла за хумор и со топлина.

Кариера

Важно е да гледате каде одите.Вашиот пат секогаш е долг и далечен. така ви се чини и до утрешниот работен ден.

Здравје и совет

Разведрете ги другите со хумор.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Вашето љубовно небо е отворено за поквалитетни интимни односи. Ќе ви признаат дека сепак ве сакаат. Тоа е добро.

Кариера

Некои ваши непријатели конечно ќе ве остават на мир. Ќе работите поорганизирано , ќе ви биде попријатно , а нема да изостанат ниту резултатите.

Здравје и совет

Зголемена енергија.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Тешко ќе наоѓате рамнотежа во приватните односи. Повлечете се , смирете се и бидете трпеливи и реални.

Кариера

Вашите деловни желби ќе бидат едно , а реалните можности нешто друго. Сепак ако почнете да го работите она што најдобро го знаете , резултатите ќе ве расположат.

Здравје и совет

Емотивни фрустрации.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Ќе направите куса пауза од љубовните очекувања и тоа ќе биде добро. Но , ниту самите нема денеска да најдете душевен мир.

Кариера

Попладне ќе добиете информација дека еден извор на пари е прекинат или дека е откажана работата што би ги донела. Немојте да тагувате.

Здравје и совет

Поработете на методите за релаксација.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Додека вие сакате со цела сила , расте нетрпението кај вас.Ќе мора малку подобро да се контролирате и се ќе биде добро.

Кариера

Почнуваат нови притисоци на работното место и вие ќе мора со тоа да се соочите. Нема веќе одложување на роковите.

Здравје и совет

Најдете пет минути за пауза.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Веќе не се плашите од своите тајни или криење на чувствата. Добивате нов полет и на конструктивен начин им приоѓате на односите.

Кариера

Почнуваат да се редат некои коцки во ваша корист и тоа ве радува. Работите со повеќе волја и сте повеќе продуктивни.

Здравје и совет

Во секој случај, следува подобрување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер