Свеченост по повод примопредавањето на должноста командант на Командата за операции - Канал 5

Свеченост по повод примопредавањето на должноста командант на Командата за операции

Денес во касарната „Боро Менков“ во Куманово се одржа свеченост по повод примопредавањето на должноста командант на Командата за операции (КО). 

Свеченост по повод примопредавањето на должноста командант на Командата за операции

Врз основа на Укази на претседателката и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска Давкова, должноста командант на КО од бригаден генерал Бесник Емини ја прими бригаден генерал Мирче Ѓоргоски.

Бригадниот генерал Ѓоргоски досега ја извршуваше должноста началник на штаб во Командата за операции, а отсега ќе раководи со најголемата оперативна команда во Армијата на Република Северна Македонија, додека бригадниот генерал Бесник Емини кој беше на оваа должност од јуни 2021 година, во иднина ќе ја извршува должноста државен советник за политика и планирање во Директоратот за политика и планирање, кризен менаџмент и цивилно-воена соработка во Министерството за одбрана.

Во своето обраќање началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, истакна да се биде на чело на оваа команда, која го зазема најважното место во одбраната на суверенитетот и интегритетот на татковината, е вистински предизвик, огромна привилегија и чест, но и огромна одговорност. На досегашниот командант му изрази благодарност за неговото посветено и професионално командување и раководење со КО, истовремено изразувајќи уверување дека новопоставениот командант со своето искуство и војничка кариера ќе продолжи со успех да ја води КО.

Генералот Емини во својот говор изрази благодарност до припадниците на КО за нивниот висок професионализам, труд, залагање и резултати, кои го направија да биде горд командант. Генералот изрази и благодарност за досегашната професионална соработка до Генералштабот на Армијата, Министерството за одбрана, акредитираните аташеи на НАТО земјите и Канцеларијата за одбранбена соработка на САД. Обраќајќи се до припадниците на КО им порача да продолжат со успешно извршување на нивните обврски и задачи бидејќи само со чесна посветеност, личен интегритет и храброст можат успешно да придонесат во градењето на ликот на современ воин на нашата Армија.

Новопоставениот командант, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски, во своето обраќање изрази благодарност за довербата која му е дадена да командува со КО. На досегашниот командант му оддаде признание за покажаното лидерство, умешноста во командувањето и пренесувањето на искуството на помладите со кои имал повеќе пати непосредна соработка во текот на досегашното работење. Генералот Ѓоргоски во своето обраќање најави дел од приоритетните задачи кои што следуваат, вклучително и модернизацијата на Армијата, која е најголема во историјата на нашата Армија и бара максимално ангажирање, а при која ќе го употреби сиот свој капацитет и знаење.

На денешната свеченост покрај началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски присуствуваа и заменикот на началникот на Генералштабот, генерал-мајор Азим Нуредин, директорот на Генералштабот, бригаден генерал Орце Јордев, генерали во Армијата, пензионирани генерали, поранешни команданти на КО, командантот на Мултинационалната бригада на Југоисточна Европа (СЕЕБРИГ), воено-дипломатскиот кор, градоначалници од зоната на одговорност, претставници од локалната самоуправа и останати гости, соопштија од АРМ.

Видео: Најмалку 21 лице загина во сообраќајка во Мексико

 Најмалку 21 лице загина во сообраќајна несреќа на автопатот што ги поврзува мексиканските држави Оахака и Пуебла, соопшти висок мексикански државен службеник.

Видео: Најмалку 21 лице загина во сообраќајка во Мексико

Во објава на социјалните мрежи, министерот за внатрешни работи на Пуебла, Самуел Агилар, напиша дека во несреќата учествувале три возила и дека има многу повредени луѓе.

Мексиканскиот весник Ла Хорнада јави дека смртоносната несреќа се случила кога камион што превезувал цемент се обидел да претекне друго возило пред да премине во спротивната лента и да удри во автобус, а потоа челно се забил во комбе. Камионот мешалка по сударот паднал во бездна и се запалил.

Несреќата се случила на кривулести, стрмни патишта во оддалечените делови на Мексико, каде што сообраќајните несреќи се чести. Во март, најмалку 11 лица загинаа кога автобус се преврте во Оахака. Пред две години загинаа 29 лица откако автобус падна во бездна во јужните делови на Мексико.

Без струја делови од Центар, Аеродром, Сарај и Бутел

Без струја денеска од 9 до 11 часот ќе бидат објектите во околината на Транспортниот центар, односно делови од улиците: „Мирче Ацев“ и „Никола Карев“, Општина Центар, а од 9 до 12 часот делови од ул. „Ѓорѓи Капчев“...

Без струја делови од Центар, Аеродром, Сарај и Бутел

Без струја денеска од 9 до 11 часот ќе бидат објектите во околината на Транспортниот центар, односно делови од улиците: „Мирче Ацев“ и „Никола Карев“, Општина Центар, а од 9 до 12 часот делови од ул. „Ѓорѓи Капчев“, Општина Аеродром, и од село Никиштани, Општина Сарај.

Најавен е прекин во снабдувањето со електрична енергија и на објектите во околината на БОРА ПЕТРОЛ во Индустриската зона - Качанички Пат, Визбегово, Општина Бутел, од 11 до 14 часот.

РЦУК Скопје соопшти дека прекинот е поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа најавени од ЕВН Македонија.

Путин нема да присуствува на мировните разговори со Украина во Истанбул

Рускиот претседател Владимир Путин не е меѓу имињата наведени од Кремљ во списокот на лица кои треба да присуствуваат на мировните преговори за војната во Украина во Истанбул денеска.

Путин нема да присуствува на мировните разговори со Украина во Истанбул

Рускиот претседател Владимир Путин не е меѓу имињата наведени од Кремљ во списокот на лица кои треба да присуствуваат на мировните преговори за војната во Украина во Истанбул денеска, и покрај повиците од украинскиот претседател Володимир Зеленски тој да присуствува. Составот на руската делегација што ќе отпатува во Турција на преговори со Украина е објавен на официјалната веб-страница за правни информации на Русија.

Делегацијата ќе ја предводи помошникот на Путин, Владимир Медински. Во делегацијата се и заменик-министерот за надворешни работи Михаил Галузин, началникот на Главната дирекција на Генералштабот Игор Костјуков и заменик-министерот за одбрана Александар Фомин.

На списокот на експерти што учествуваат во руската делегација се заменик-началникот на информатичката служба на Генералштабот Александар Зорин, заменик-началникот на претседателската администрација за државна политика и хуманитарни прашања Елена Подобреевска, директорот на Вториот оддел за земјите од ЗНД при руското Министерство за надворешни работи Алексеј Полшчук и заменик-началникот на Главната дирекција за меѓународна воена соработка на Министерството за одбрана Виктор Шевцов.

Владимир Медински ја предводеше и руската делегација на претходните преговори со Украина во Истанбул во март 2022 година.

Американскиот претседател Доналд Трамп нема да патува во Турција за да учествува на претстојните разговори меѓу Русија и Украина, изјави американски функционер.

Функционерот го објави ова откако рускиот претседател Владимир Путин го објави списокот на учесници во руската делегација за преговорите, во кој не е вклучен самиот руски лидер. Трамп ја разгледуваше идејата да патува во Турција доколку Путин пристигне на разговорите, но рускиот претседател одлучи да не учествува во денешните дискусии во Истанбул.

притисни ентер