Други спортовиСвечено затворен ЕМОФ 2025 Со присуство на спортистите учесници на платото пред СЦ „Јане Сандански“ вечерва во Скопје е затворен Европскиот младински олимписки фестивал 2025.На присутните им се обрати претседателот на Македонскиот олимписки комитет Даниел Димевски кој изрази надеж дека многу од спортистите кои настапија во Скопје и Куманово, ќе бидат идни спортски ѕвезди. - Вие сте иднината и сегашноста. Се заблагодарувам за вашата посветеност и прекрасна изведба. Многу сум благодарен што го овозможивте овој настан. Поставивте многу олимписки, светски, европски и лични рекорди и сето ова ќе биде запишано во историјата на ЕМОФ Скопје. Македонија е мала земја, но со големо срце, истакна Димевски. Претседателот на Европскиот олимписки комитет Спирос Капралос им се заблагодари на сите вклучени во организацијата на ЕМОФ. -Со длабока емоција можам да кажам дека направивте се. Вашите перформанси беа гледани ширум Европа. Благодарност до сите 4000 спортисти кои учествуваа во 15 спортови. Но покажавте дека не ви е важна само победата, туку и почитта кон противникот. Многу од вас во иднина ќе бидат Олимпијци. Благодарност до сит ево организацијата, особено до волонтерите кои целосно беа ставени во функција на спортистите. Го прогласувам ЕМОФ 2025 за затворен рече Капралос. Домаќин на следниот, 19-ти ЕМОФ ќе биде Италија која со 50 медали, од кои 19 златни беше најуспешна на Фестивалот во Македонија. Тагови: Град Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканСкандал во Хрватска: Запалено српско знаме (ВИДЕО)На хрватскиот портал Индекс се појави видео клип, доставен од читатели, на кој се гледа група млади мажи како палат српско знаме во пресрет на прославата на операцијата „Олуја“.Според Индекс, во пресрет на годишнината од таа акција во Хрватска, две лица се искачиле на надвозник во близина на Оточац и запалиле српско знаме. На видеото се прикажани две лица облечени во црно, со покриени глави. Тие се искачиле на оградата на надвозникот, поставиле српско знаме, а потоа го запалиле. До нив е закачен транспарент на кој пишува: „Фала им за сè, ние сме слободни луѓе, Олуја '95“.Тагови: Олуја Хрватска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветОколу 800.000 Либанци се вратија домаОколу 800.000 Либанци раселени поради војната на југот на земјата почнаа да се враќаат во своите домови откако престанаа израелските напади, соопштија денес Обединетите нации.„821.077 луѓе почнаа да се враќаат во своите домови“, се вели во соопштението на ОН, додавајќи дека повеќе од 360.000 остануваат раселени, вклучувајќи околу 26.000 во владини засолништа. Израел започна воздушни напади и копнена инвазија на Либан во кои загинаа повеќе од 4.300 луѓе и расели стотици илјади. Седмата рунда разговори меѓу Либан и Израел, посредувана од САД, е во тек во Рим за спроведување на претходно потпишан рамковен договор. По петтата рунда разговори во Вашингтон, Либан и Израел потпишаа „рамковен договор“ на 26 јуни. Договорот предвидува спроведување на таканаречената „програма за пилот-зона“, која започна кон крајот на јули, кога израелската армија почна да се повлекува од тие територии. „Рамковниот договор“ предвидува либанската армија да преземе контрола врз делови од јужен Либан и да конфискува оружје од Хезболах, група поврзана со Иран, додека израелските сили постепено се повлекуваат. Фото: ВИТагови: Либан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветДва дена преживување во дивината: Спасени пилотите на исчезнат авионДвајца членови на екипажот на авионот „Цесна 182“ што исчезна додека патролираше низ шумските пожари во рускиот регион Иркутск се пронајдени живи по дводневна потрага.Двајца членови на екипажот на авионот „Цесна 182“ што исчезна пред два дена додека патролираше низ шумските пожари во регионот Иркутск се пронајдени живи, објавија денес регионалните служби за вонредни ситуации. Гувернерот на регионот Иркутск, Игор Кобзев, изјави дека пилотите успеале да се искачат на висина од каде што ги испратиле своите координати користејќи импровизирана радио станица, објави РИА Новости. Поиски пропавшего самолета Cessna 182 в Иркутской области — что известно на 5 августа:https://t.co/P7eDfGbrWQ#новости #иркутск pic.twitter.com/pvT6csiivN — @kpru (@kpru) August 5, 2026 Според него, тие се на околу 90 километри од градот Бодаибо, а испратен е хеликоптер за да ги евакуира. Авионот исчезна во понеделник додека ја испитувал областа погодена од шумски пожари. Истражниот комитет на Русија започна истрага за сомнителни прекршувања на прописите за безбедност на воздушниот сообраќај.Тагови: авион Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook