Свечено отворени 65-тите Струшки вечери на пoезијата - Канал 5

Свечено отворени 65-тите Струшки вечери на пoезијата

Со палење на фестивалскиот оган и читање на Константиновата Т`га за југ вчеравечер во Домот на поезијата во Струга почна 65-тото издание на најпрестижната поетска манифестација во светот, Струшките вечери на поезијата.

Свечено отворени 65-тите Струшки вечери на пoезијата

Струга повторно стана дом на поети од сите поетски меридијани, испраќајќи порака дека поезијата и денес има моќ да обединува, да инспирира и да го брани човечкото достоинство.

Фестивалот за отворен го прогласи покровителот на манифестацијата, претседателката на Република Македонија г-ѓа Гордана Сиљановска-Давкова, а свои обраќања имаа и министерот за култура и туризам, г. Зоран Љутков и директорот на НУМ Струшки вечери на поезијата г. Никола Кукунеш.

Посакувајќи им топло добредојде во Струга, директорот на НУМ Струшки вечери на поезијата, Никола Кукунеш на свеченото отворање во Домот на поезијата, забележа дека во ерата на дигитална глобализација, соочени сме со нов, тивок, егзистенцијален предизвик и оти големите јазици се сериозна закана за малите.

„Големите јазици, носени на крилјата на технологијата, се сериозна закана за малите јазици, кои водат лавовска битка да си го сочуваат здивот. Со гаснењето на еден мал јазик, не исчезнуваат само неколку илјади зборови од некој речник. Умира еден уникатен начин на кој се набљудува светот. Се брише една уникатна нијанса на залезот, која само на тој јазик може да се именува, испаруваат една специфична тага и една автентична радост. Не верувам дека постои несогласување околу фактот дека малите јазици се чувари на уникатните кодови поврзани со душата кои, доколку исчезнат, ниту еден голем јазик нема да може да ги преведе, замени или надомести“, подвлече Кукунеш.

Според директорот на Струшките вечери на поезијата, јазикот опстојува само доколку секојдневно го живееме, создаваме литература или ја преведуваме, го исполнуваме дигиталниот простор со него, да не остане празно ехо од минатото, туку да пулсира како жив глас во иднината.

„Прометејска е целта на сите нас кои живееме и создаваме во мали јазични средини, да го сочуваме тој пламен и да им го пренесеме на идните поколенија. Ставањето на јазикот во строги рамки, далеку од влијанијата однадвор, не нуди оптимистичка перспектива. Јазикот опстојува само доколку секојдневно го живееме, создаваме литература или ја преведуваме, го исполнуваме дигиталниот простор со него, да не остане празно ехо од минатото, туку да пулсира како жив глас во иднината. И денес, како и во минатите 65 години, сме тука во чест на струшките браќа Димитрија и Константин Миладиновци, на 165 годишнината од излегувањето од печат на „Зборникот“ - капиталното дело на македонската преродба. Повторно сме тука да им се поклониме и да им изразиме најдлабока почит, со завет дека нивното дело нема да му го препуштиме на заборавот. Од нив научивме дека поезијата може да живее насекаде, а од „Струшките вечери на поезијата“ дека Струга е нејзин дом“, додаде Кукунеш.

За претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова да се биде во Струга е дар за сетилата и мелем за душата.

„Струга е најпоетскиот град на планетава, градот што живее од емотивни изблици и со нив, во којшто песните креираат слики на радост и тага, плач и смеа, еднината станува множина, односно дело и култура. Веќе 65 лета, овој поетски дом поврзува меридијани, го соединува и обединува светскиот поетски сој со љубителите и почитувачите на убавата реч во старата, но витална Струшка бунтовна република на поетите, кои се борат за подобар и похуман живот. Шест и пол децении сме благословени да бидеме домаќини на мајсторите на јазикот и алхемичарите на мислата, преточувајќи ги во естетика и етика“, рече Сиљановска-Давкова.

Струга, подвлече, видела и неа ја виделе многубројни врвни учесници и лауреати на „Златниот венец“, поетски роднини на Прличев.

„Нивните имиња се посеани во Паркот на поезијата, заедно со засадените дрвја, како верни сведоци на безграничноста на поезијата. Благодарение на нив и на неа, ја победуваме ефемерноста на настаните и нештата што нѐ вознемируваат и нервираат со вечноста на духот. И годинава, овде во Домот на поезијата „Браќа Миладиновци“ сведочиме за едноставноста и скромноста на маговите на зборот, кои рецитираат небаре водат битка на живот и смрт, нѐ тревожат или галат, отвораат универзуми, нѐ соочуваат со болните вистини, нѐ фрлаат или спасуваат од водите на Дрим, небаре јагули желни за Саргасовото Море, нѐ учат и поттикнуваат на непокор, слобода, пркос, чувствителност и мудрост“, истакна претседателката на државата и покровител на манифестацијата.

Сиљановска-Давкова смета дека поезијата сѐ уште има моќ да го менува, па и да го спаси светот и покрај наездата од алгоритми и сурова вештачка интелигенција. Уметноста, подвлече, е буревесник, а книжевноста била и останува да биде не само естетски, туку и општествен бунт.

Вечерва Струга, како што подвлече министерот за култура и туризам Зоран Љутков, повторно станува место каде што зборот ја надминува својата книжевна форма и добива сила на духовен настан.

„Струшките вечери на поезијата претставуваат една од најуспешните културни приказни на современа Европа. Тежината на оваа манифестација не лежи во нејзиното времетраење, туку во влијанието што го оставила врз современата светска поезија. Нивната вистинска вредност се наоѓа во фактот што овде, од година во година, се потврдува достоинството на различноста. Поезијата отсекогаш била еден од најсигурните начини на кои човештвото разговара со својата совест. Во стихот се зачувани стравовите и надежите на епохите, сеќавањата на народите и вечната човечка потрага по смисла. Оттаму произлегува и нејзината трајна вредност: таа не нуди готови вистини, туку го проширува хоризонтот на нашето разбирање за светот и за самите себе си. Токму затоа Струшките вечери на поезијата се повеќе од книжевен настан. Тие претставуваат сведоштво дека културата сè уште поседува сила да создава блискост таму каде што постојат разлики и да гради доверба таму каде што постојат растојанија“, рече Љутков.

За поезијата на лауреатот на 65-тите Струшки вечери на поезијата, холандската поетеса Анеке Брасинга заклучи дека ја истражува границата меѓу видливото и невидливото, меѓу секојдневието и тајната што живее зад него.

„Во нејзините стихови зборовите не го опишуваат светот. Тие го преиспитуваат. Не нудат готови одговори, туку отвораат нови хоризонти на мислата. Брасинга припаѓа на оние ретки автори кои успеваат од обичниот миг да создадат чувство на вечност. Нејзината поезија нè потсетува дека човекот не живее единствено во времето што го мери часовникот, туку и во времето што го создаваат спомените, соништата и надежта“, подвлече Љутков.

Доделувањето на Златниот венец на Анеке Брасинга, според него, носи и дополнителна симболика. Македонија и Холандија со децении градат пријателство засновано врз заемна почит, разбирање и соработка.

„Вечерва тие врски добиваат нов израз во просторот на културата, каде што народите се среќаваат преку своите најдлабоки духовни искуства. Политиката ги обликува односите меѓу државите, но културата ја создава нивната подлабока смисла. Таа создава трајни мостови во просторот на човечкото искуство“, додаде Љутков.

На јубилејните 65-ти Струшки вечери на поезијата, кои годинава се одржуваат под мотото „Каде што живее поезијата“ учествуваат околу 70 поети, критичари, преведувачи и литературни работници од земјава и странство. Покрај добитничката на „Златен венец“ за 2026 година, Анеке Брасинга од Холандија, добитникот на наградата „Мостови на Струга“, Даниел Хајндс од Обединетото Кралство, учествуваат и еминентни поети од Македонија, Грција, Турција, Мексико, Шпанија, Кина, Италија, Монголија...

НУМ Струшки вечери на поезијата

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Беше прекрасен татко, но падна во депресија по отказот“- мајка за сопругот кој ги уби нивните две деца

Мајката на две деца чиј татко ги убил фрлајќи ги од покривот на гаража, а потоа извршил самоубиство, проговори за околностите околу нивната трагична смрт!

„Беше прекрасен татко, но падна во депресија по отказот“- мајка за сопругот кој ги уби нивните две деца

Шестгодишната Каролин Линч и нејзиниот брат Џејмс Линч, на осум години, беа пронајдени во вторник, 3 ноември, пред општинска зграда во Маунт Либан, Пенсилванија, со повреди за кои се сомнева дека се предизвикани од падот, објави Пипл.

Нивниот татко, Патрик Линч, исто така е пронајден со слични повреди. Сите тројца починаа во инцидент што полицијата го истражува како убиство-самоубиство, соопшти шерифската служба на округот Алегени.

Според PennLive, Патрик ги фрлил децата од петкатна паркинг гаража. По убиствата, мајката на децата објави на Фејсбук дека Патрик бил депресивен откако неодамна ја изгубил работата.

На снимка од екранот од објавата, која ја споделија Daily Voice, WPXI TV и PennLive, Ана ДеМеј Линч напиша дека Патрик „донел неповратна одлука да ги убие нашите две деца и себеси“, додавајќи дека тој бил „прекрасен татко“.

„Тој беше отпуштен во август и набргу потоа, стана депресивен“, додаде таа во објавата.

На профилот на Патрик на LinkedIn е наведен како научник за податоци, кој работел на машинско учење и вештачка интелигенција, а неговата последна работа завршува во август.

Ана во својата објава на Фејсбук напиша дека успеала да го убеди Патрик да оди на терапија и дека тој имал закажан преглед за следниот ден.

„Еден ден предоцна“, напиша таа. „Никогаш не помислив дека нашата приказна ќе заврши вака“.

За Ана е отворена страница GoFundMe додека се бори со загубата на Каролин и Џејмс и се подготвува за нивните погреби.

Заедницата на Маунт Либан, исто така, се собира за да им оддаде почит на децата, за кои канцеларијата на медицинскиот испитувач соопшти дека починале од „повеќе повреди од тап предмет“.

„Таа беше само мало снопче радост. Ги сакаше луѓето“, изјави Вики Хефелфингер, која го познаваше семејството Линч преку нивното учество во училиштето за пливање.

„Секој пат кога ја гледавме, таа им мавташе на сите. Ги гледаше другите деца и беше едноставно толку храбро мало девојче“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Познато е колку заработува Ламар Одом за една недела на OnlyFans (ВИДЕО)

Поранешната НБА ѕвезда Ламар Одом би можела да заработи повеќе од 180.000 евра благодарение на својот нов профил на платформата OnlyFans. 

Познато е колку заработува Ламар Одом за една недела на OnlyFans (ВИДЕО)

Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс заработил повеќе од 45.000 евра за само осум дена, изјавил извор за TMZ.

Месечната претплата за пристап до неговите ексклузивни фотографии и видеа е околу 13,45 евра.

Одом отвори профил на OnlyFans минатиот месец, што го прави првата поранешна НБА ѕвезда што се приклучила на платформата, според медиумските извештаи.

Тој ја објасни својата одлука велејќи дека смета дека времето е вистинско за тоа. Призна дека во текот на својот живот поминал низ многу бурни периоди, но исто така рече дека подготвува уште неколку изненадувања за своите фанови.

„Сите опции се отворени“

Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Клиперс објави дека на неговиот профил ќе има разновидна содржина, вклучувајќи изненадувања што неговите фанови можеби не ги очекуваат.

„Сè уште нема да откривам премногу. Ќе мора да се претплатите за да дознаете. Само знајте дека сум искрен и сите опции се отворени“, рече тој.

Одом рече дека во текот на целиот свој живот често донесувал непредвидливи одлуки и дека сè уште може да ја изненади јавноста. „Отсекогаш сум бил отворена книга, но има поглавја што луѓето сè уште не ги виделе“, изјави тој.

Неговата девојка Рејчел Бредли исто така отвори профил на OnlyFans. Извор близок до двојката откри за TMZ дека постои можност тие да објавуваат содржина заедно во иднина.

Беше во брак со Клое Кардашијан

Одом јавно ја потврди својата врска со Рејчел Бредли во април, кога објави видео на Инстаграм од нив како заедно влегуваат во Crypto.com Arena во Лос Анџелес. Неколку дена претходно, тие споделија и заедничка фотографија со актерот Тери Крус и неговата сопруга Ребека Кинг Крус.

Пред врската со Бредли, Одом беше во долгогодишна врска со Лиза Моралес, со која има две деца, ќерката Дестини (28) и синот ЛЈ (24).

Тој е особено познат на јавноста по бракот со ријалити ѕвездата Клое Кардашијан, со која се ожени во 2009 година. Нивниот брак западна во криза, а во 2013 година решија да се разделат. Разводот официјално беше финализиран во 2016 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фицо тврди: Резултатите од референдумот за пристапување во ЕУ беа фалсификат

Словачкиот премиер Роберт Фицо денес тврдеше дека референдумот за пристапување на земјата во Европската Унија бил наместен и дека немало да има пристапување доколку не било така.

Фицо тврди: Резултатите од референдумот за пристапување во ЕУ беа фалсификат

„Одржавме референдум кој, доколку не беше наместен, немаше да биде успешен. Тоа мора да се каже. Разликата беше толку мала што, според мене, беа направени одредени корекции за да се обезбеди дека исходот е онаков каков што беше потребен за Словачка да го одобри пристапувањето кон оваа организација“, изјави Фицо за телевизијата TA3.

Зборувајќи за атмосферата во Словачка во 2004 година, кога земјата се приклучи кон ЕУ, Фицо оцени дека пристапувањето било проследено со голем ентузијазам од една страна, но дека од друга страна, резултатот од референдумот бил многу тесен.

Референдумот за пристапување кон Европската Унија во Словачка се одржа во мај 2003 година, со излезност од 52 проценти, а мнозинството гласаше позитивно за пристапувањето.

Словачка се приклучи кон Европската Унија во 2024 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер