КултураСвечено отворен 22 Интернационален фестивал на античка драма „Стоби 2025“Вечерва во 20 часот на втората фестивалска вечер со претставата „Калигула“ ќе се претстави Кумановскиот театар по текст од Алберт Ками во режија на Ѓорѓи Ризески, драматург е Сашо Костовски, сценограф Мартин Манев а композитор Алмир Бајрамоски Со претставата „Агаменон кругот на крвта“ на La MaMa Theatre New York и Titania Produktions од Атина, синоќа на сцената на велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ свечено беше отворено овогодинешното 22. издание на Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби 2025“. Претставата по концепт, адаптација режија и изведба на Рафика Чавише беше наградена со долг аплауз од публиката. Вечерва во 20 часот на втората фестивалска вечер со претставата „Калигула“ ќе се претстави Кумановскиот театар по текст од Алберт Ками во режија на Ѓорѓи Ризески, драматург е Сашо Костовски, сценограф Мартин Манев а композитор Алмир Бајрамоски. Во главната улога на Калигула настапува Марко Трајковиќ, на Еликон Илин Јовановски, во улогата Цезонија настапуваат Александра Михајловска и Владанка Крстевски. Хереа е Кети Дончевса Илиќ,а Сципион Давид Илиќ. Според програмата утревечер ќе биде изведена театарско - музичката претстава „Нешто големо“ на AccademiaMediterrenea Dell’Аттоre од Италија. Фестивалот потоа ќе продолжи на 4 ноември со претставата „Ифигенија за ништо“ по адаптација,текст и режија на Филип Петковски, а во изведба на актерите од Драмскиот театар во Скопје .Фестивалот завршува на 5 ноември идната среда со преставата „Лекција“ продукција Моушн Нетворк копродукција НУЦК „Ацо Шопов“ Театар Штип а потоа ќе бидат врачени и наградите на фестовалот,а за кои ќе одлучува жири комисијата во состав: Фаик Мефаилоски, Јордан Витанов и Кристина Атанасова Арсова. Жарко Спасовски директор на велешкиот Театар и организатор, во информацијата за МИА, потенцира дека имаат голема чест еден голем театар како La MaMa Theatre New York Titania Produktions од Атина што гостува во Велес. - Треба да сме среќни што сме донеле такви имиња,публиката тоа го препозна и впечатоците им беа убави и тоа се гледаше на нивните лица. Се надевам дека секоја наредна вечер публиката се’ повеќе и повеќе ќе ужива во претставите, најави Спасовски. На новинарско прашање дали има шанса Фестилот да се врати на сцената во античкиот театар во Стоби каде што беше првично реализиран, Спасовски потенцира дека секој велешанец и посетител од каде и да е овој фестивал како што е и насловен го сака да го гледа во археолошкиот локалитет Стоби. -Изминатите години поради небезбедната состојба со гледилиштето во театарот во Стоби тој беше префрлен во Театарот во Велес.Сите ние знаеме дека магијата на Интернационалниот фестивал на античка драма е во локалитетот Стоби, потенцира Спасовски. Тој очекува и искрено се надева догодина фестивалот да се врати во Стоби. Инаку годинава ИФАД „Стоби 2025“ со 800 илјади денари го финансира Министерството за култура и туризам, а со 500 илјади денари Општина Велес. Тој очекува догодина по примерот на Балканските фестивали и ИФАД „Стоби“ да има поглем буџет, а со тоа да расте и квалитетот на фестивалот со поголем број на претстави. Воедно најави дека ако успеат да го вратат ИФАД „Стоби“ во локалитетот Стоби велешкиот Театар како порано повторно на радост на публиката, фестивалот ќе го отвори со нивна премиера. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29Мицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
ЕвропаШокантен инцидент во Италија: Ученик избоде наставничкаСе обидел да го пренесува нападот во живо на социјалните мрежи.Според неименувани извори, ученик во средно училиште во римската населба Ченточеле денес испрскал наставничка во лицето со спреј-бибер, а потоа ја избодел. Наставничката добила итна медицинска помош. Иако нејзиниот живот не е во опасност, таа претрпела шок, наведуваат изворите, а пренесува агенцијата „ANSA“. 🔵#Roma Un 13enne ha accoltellato una insegnante, dopo averle spruzzato uno spray urticante. Il ragazzino avrebbe tentato di filmare la scena attraverso una videochiamata in diretta. A fermare l’aggressione un compagno di classe. pic.twitter.com/yXVh1Ab4d0 — Rai Radio1 (@Radio1Rai) September 18, 2026 Напаѓачот, 13-годишно момче, се обидел да го пренесува нападот во живо преку својот мобилен телефон, користејќи ја апликацијата „Телеграм“. Според изворите, друг ученик го спречил нападот. Извор: Б92Тагови: Италија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаО. Карпош: „Шарен детски свет“ ќе го краси дворниот ѕид на градинката „Орце Николов“ во Карпош 4Во детската градинка „Орце Николов“ во Карпош 4 започна изработката на муралот „Шарен детски свет“, со кој просторот наменет за најмладите ќе добие нов, креативен и весел изглед. Автор на муралот е уметникот Драган Китановски – Драш, кој преку својата уметност ќе го збогати просторот каде што секојдневно растат, играат и учат најмладите жители на Карпош. Во реализацијата на иницијативата денеска се приклучи и градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, кој на ѕидот ќе остави свој личен белег преку сопствена креација посветена на децата. Муралот има за цел да внесе повеќе боја, креативност и позитивна енергија во просторот на градинката, создавајќи пријатна и инспиративна средина за најмладите. Општина Карпош продолжува со иницијативи за разубавување на јавните и детските простори, создавајќи средина во која децата растат со повеќе боја, креативност и радост.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29Мицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
Забава„Звуците на културата во Ѓорче 2026“ вечерва со богата програма за сите генерацииПо досегашната програма исполнета со мјузикл, хип-хоп фестивал, театарска претстава, кино-проекции и содржини за најмладите, „Денови на Општина Ѓорче Петров 2026“ продолжуваат вечерва со нови настани во рамките на „Звуците на културата во Ѓорче 2026.Програмата ќе се одвива на Корзото, кај амфитеатарот и во Реонскиот парк, со музика, улични изведби, балет, хорско пеење, базар и детски работилници за посетители од различни генерации. Вечерва, на 18 септември, програмата на Корзото и кај амфитеатарот започнува во 18:00 часот со „Баскерфест“. Во 18:30 часот ќе настапи „Ребис“ – балетско студио, а во 19:00 часот хорот „Фрида“. Во рамките на „На Базар“, посетителите ќе можат да разгледаат што нудат поставените штандови, додека за најмладите ќе бидат организирани детски работилници. Музичката програма на „Октоберфест“ ќе се одржи во Реонскиот парк. Во 20:00 часот ќе настапат „Суперхикс“, во 21:30 часот „Пауза за ракија“, а вечерта ќе ја заокружи DJ Галоски, со настап од 23:00 часот. Програмата продолжува и во сабота, на 19 септември, во Реонскиот парк. The Crew ќе настапат во 19:00 часот, по што во 21:00 часот следува концертот на „Ареа“. Во 22:30 часот ќе настапат „Куку Леле“, а програмата ќе ја затворат трубачите „Левис“, со почеток во 23:30 часот. Преку различните културни и музички содржини, „Звуците на културата во Ѓорче 2026“ ја збогатуваат програмата на „Денови на Општина Ѓорче Петров 2026“ и создаваат простор за дружење и забава за сите генерации. Настаните се во организација на Општина Ѓорче Петров.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29Мицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29