ВМРО-ДПМНЕ: Венко Филипче ја мрази Македонија, треба да се извини што лажеше за прославата за независност
1ВМРО-ДПМНЕ: Венко Филипче ја мрази Македонија, треба да се извини што лажеше за прославата за независност
Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
КултураСвечено отворање на македонскиот павилјон на 57. Биенале во Венеција Во просториите на Сале д’Арми (Sale d’Armi), во престижниот изложбен простор Арсенале во Венеција, денеска свечено ќе биде отворен Павилјонот на Република Македонија во рамки на 57-то издание на Биеналето во Венеција, една од најстарите и најпрестижни европски манифестации, која за јавноста ќе биде отворена од 13 мај до 26 ноември, соопшти Министерството за култура.На отворањето ќе се обрати министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска. Официјален претставник на Република Македонија на оваа најголема и најзначајна интернационална ревија на уметноста во светот е реномираниот уметник Томе Аџиевски, кој, со поддршка од Министерството за култура ќе се претстави со проектот „Red carnival“ (Црвен карневал). Комесар на оваа мултимедијална инсталација е Дирекцијата за култура и уметност - Скопје, а куратор е Бранислав Саркањац. Томе Аџиевски е еден од најеминентите македонски автори, чиешто творештво е автентично, но во исто време и препознатливо во меѓународни рамки. Своите дела ги претставил пред уметничката јавност во Белград, Загреб, Сарaево, Анталија, Грац, Нирнберг, Дрезден, Берлин, Манчестер, Париз, Вашингтон, Њујорк, Сан Франциско, Лос Анџелес, Венеција, Болцано, Александрија и на многу други места. Неговото творештво е изложено во еминенти галериски простори надвор од границите на нашата држава и тоа во Австрија, Германија и на многу други уметнички точки во светските метрополи. Венециското биенале, кое има големо значење за промоција на македонската култура и уметност, годинава се одржува под мотото „Viva Arte Viva“. Директор на манифестацијата е светски реномираниот куратор Кристин Масел. На Биеналето својата уметност ќе ја претстават 57 земји од целиот свет преку националните павилјони, а ќе излагаат стотици автори. Република Македонија досега има остварено 11 претставувања на Биеналето во Венеција започнувајќи од 1993 година со проектот на авторите Петре Николовски и Глигор Стефанов. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Венко Филипче ја мрази Македонија, треба да се извини што лажеше за прославата за независностОчигледно дека Венко Филипче ја мрази Македонија.Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата. Сите факти се на маса и сите конструкции паднаа. По обелоденувањето на информациите поврзани со проектот за одбележување на 35 години независност, јасно е дека нема ништо спорно и ништо незаконски. Венко Филипче и СДС со денови ја лажеа јавноста, создаваа афери таму каде што ги нема и преку своите контролирани пера организираа хајка против луѓе и уметници. Сега, кога фактите ја разобличија нивната приказна, најмалку што можат да направат е јавно да се извинат. Но оваа измислена афера откри нешто многу поголемо – на Филипче и СДС им пречи сè што создава чувство на гордост и припадност кон Македонија. Им пречи одбележувањето на независноста, им пречи кога народот е горд, им пречи кога Македонија слави сопствени успеси и сопствена историја. Затоа нивната политика сè повеќе се претвора во антимакедонска матрица во која секој национален успех треба да биде омаловажен, секоја прослава да биде претворена во скандал, а секој човек кој не се вклопува во нивниот наратив да биде изложен на организирана хајка. Особено лицемерно е однесувањето на Филипче. Во едната половина од денот измислува борба против некаква негова измислена „српска свест“, а во другата половина застанува во одбрана на турбо-фолкот и неговото присуство. Денес едно, утре друго – единствениот принцип е политичката корист. Тоа не е политика на принципи, туку политика на конфузија, двојни стандарди и немоќ. И токму затоа Филипче толку лесно самиот се препознава кога ќе се спомене талогот. Не затоа што некој го посочил, туку затоа што политиката на лаги, конструкции, хајки и омаловажување на сопствената држава сама го пронаоѓа своето место. Фактите победија, лагите паднаа. А талогот, колку и да е гласен, на крајот секогаш останува на дното. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНеколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
МакедонијаНеколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)Ноќеска избувнал голем пожар во скопската населба Шуто Оризари, изгорени се неколку дуќани и кафулиња.Како што пренесуваат повеќе медиуми, на терен нема повредени, но е предизвикана голема материјална штета. Постојат и сомневања дека пожарот бил подметнат. Се очекуваат повеќе детали од МВР и противпожарните служби. Тагови: пожар Шуто Оризари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОпштина Карпош: Детското игралиште во „Жданец“ со нов ликДетското игралиште во населбата Жданец е целосно реновирано и реконструирано, со што најмладите жители добија побезбедно, поуредно и пофункционално место за игра и дружење.Во рамки на реконструкцијата, целосно се заменети оштетените реквизити, поставени се нови седишта на клацкалките, како и нова заштитна мрежа на кошот кој се наоѓа во состав на игралиштето. Дополнително, со цел подобрување на урбаната и естетската функционалност на просторот, заменети се дотраените дрвени даски на клупите со нови. Општина Карпош континуирано вложува во ревитализација на детските игралишта, обновување на постојната урбана опрема и поставување нова опрема таму каде што има потреба, создавајќи поквалитетни и побезбедни јавни простори за сите генерации. Грижата за јавниот простор е заедничка одговорност. Затоа апелираме до сите граѓани совесно да ја чуваат и одржуваат урбаната опрема, која е наше заедничко добро и простор што го користиме сите. ОПШТИНА КАРПОШТагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook