ЗабаваСвечено отворање на 55 издание на фестивалот „Илинденски денови“Овие денови, почнувајќи од 18 јули, па се до 31 јули, Битола е претворена во сцена на звуци, бои, носии, ора и песни од целиот свет.Со традиционалното фолклорно дефиле насловено „Со песни и игри низ битолските улици“ од Плоштадот Магнолија, низ Широк Сокак, до Офицерскиот дом, свечено беше означен почетокот на годинашниот Републички фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“. Во дефилето учествуваа дел од домашните и странски фолклорни ансамбли, меѓу кои и гости од Хрватска, Мексико, Грузија, Индонезија, Полска, Швајцарија и други земји, носејќи ја шареноликоста на своите традиции низ срцето на Битола. Програмата продолжи на Платото пред Офицерски дом со изведбата на орото „Комитско“ од страна на членовите на КУД „Илинден“ од Битола и свечените обраќања и поздравни говори од страна на поддржувачите на Републичкиот фестивал кој го слави фолклорното богатство и културното наследство. Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, посакувајќи им топло добредојде на гостите и учесниците на фестивалот, нагласи дека културата е најсилниот глас на Битола – тивка кога треба, понекогаш гласна, но секогаш горда и жива. „Овие денови, почнувајќи од 18 јули, па се до 31 јули, Битола е претворена во сцена на звуци, бои, носии, ора и песни од целиот свет. Со над 70 фестивалски настани, повеќе од 1300 учесници, 30 ансамбли од Македонија и интернационални гости од Швајцарија, Индонезија, Мексико, Грузија, Полска и Хрватска, Битола овие денови повторно станува центар на светскиот фолклор, простор за дијалог меѓу културите, за научна мисла, за креативност и за нови начини на претставување на традицијата. Од најпрепознатливиот белег на фестивалот, Дефилето со песни и игри низ битолските улици, кој го привлекува вниманието на битолчани и на сите посетители на Битола, преку неизбежниот звук на „Kомитското“ во изведба на КУД „Илинден“ кое ја отсликува македонската историја, традиција и болка, па се до семинарите во кои што сите учесници учат нешто ново за македонската традиционална музика и македонските ора, фестивалот„Илинденски денови“ никого не го остава рамнодушен. Тоа што го правиме денес, е она што ќе остане утре за нас, нашите деца и внуци, генерациите кои доаѓаат. Да не заборавиме дека културното наследство не е само сеќавање туку нешто што треба да се негува, споделува и осовременува. Токму затоа, овогодинешниот слоган „Денес за утре“, јасно ја отсликува идејата на фестивалот „Илинденски денови“, но ја претставува и нашата обврска како граѓани: да не заборавиме од каде сме и да им го пренесеме тоа знаење на оние после нас. Да ја негуваме традицијата, но и да ја носиме храбро кон иднината – со љубов, енергија и отвореност за соработка и разбирање. Во мое лично име и во име на Општина Битола, им благодарам на сите организатори, уметници, волонтери и поддржувачи што овозможија ова издание да биде уште едно незаборавно поглавје во големата приказна што ја пишува нашиот фестивал „Илинденски денови“, кој е дел од Битолското културно лето“, рече градоначалникот Коњановски во своето обраќање пред присутните. Програмата на Републичкиот фестивал „Илинденски денови“, продолжува до 31 јули и се реализира како дел од програмските содржини на „БИТ ФЕСТ“.Тагови: Oпштина Битола Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВо Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победатаЗаврши гласањето во Брвеница, граѓаните избираа меѓу Стојанчо Радически од ВМРО-ДПМНЕ и Аркин Јахиј од ДУИ За 21 часот државната изборна комисија најави дека ќе ги објави првичните резултати од денешниот втор кјруг за градоначалник во Брвеница.. ВМРО-ДПМНЕ пред малку го призна поразот на нивниот кандидат Стојанче Радичевски и ја честиташе победата на на кандидатот на ДУИ Аркин Јахиј. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Жешка одбојкаркаАтрактивната Кајла Симонс , која важи за најсекси одбојкарка во светот, ги воодушеви своите обожаватели со најновата објава на Инстаграм. Оваа 31-годишна девојка, поранешна универзитетска одбојкарка, а денес инфлуенсерка и модел, сподели неколку фотографии на кои позира на плажа. Со текот на годините, Кајла стекна голема база на обожаватели и има речиси милион следбеници на Инстаграм. Нејзината најнова објава прикажа дека 31 годишната екс одбојкарка ужива на егзотичните Бахами. На фотографиите таа носи светлозелено бикини кое ги истакна сите нејзини облини. На некои од нив позира легната покрај морето, додека на друга го покажува своето тело покриено со песок. Нејзината објава собра многу допаѓања и коментари. „Не сум сигурен дали песокот некогаш изгледал вака добро“, „Апсолутно прекрасна“, „Божица“ – ова се само дел од коментарите под објавата. За време на студиите на Универзитетот „Маршал“, Кајла играла одбојка. Таа се откажа од професионална одбојкарска кариера по завршувањето на четиригодишните студии, поради притисок и конфликти со универзитетската управа, која барала од неа да отстрани фотографии од Инстаграм и да го избрише својот профил. Сега убавата Кајла е инфлуенсерка и модел. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАлта банка – Битола: Експозитурите нема да работат со клиенти Од Алта банка – Битола информираат дека од 2 ноември 2026 година (понеделник), експозитурите на АЛТА банка АД Битола привремено нема да работат со клиенти, до дополнително известување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook