Свечена Светосавска академија вечер во МНТ - Канал 5

Свечена Светосавска академија вечер во МНТ

 Во Македонскиот народен театар во Скопје (МНТ) вечер ќе се одржи Свечена Светосавска академија, во организација на Српскиот културен центар, по повод Свети Сава - националниот празник на српската заедница во Република Македонија.

Свечена Светосавска академија вечер во МНТ

На свеченоста, како што најави Министерот за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ, ќе присуствува и патријархот на Српската православна црква г. г. Порфириј.

Како што најавија организаторите, во рамки на програмата, меѓудругото, предвидена е Светосавска беседа од страна на Никола Селаковиќ, министер за култура на Србија, настапи на Првото белградско пејачко друштво, хорски ансамбл основан во 1853 година како и уметничкиот ансамбл при Министерството за одбрана на Србија „Станислав Банички“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

За светските шампиони Фабијан Руиз и Гави – 150 килограми домати!

Освојувањето на Светското првенство им носи бројни награди на фудбалерите, но подарокот што го добија Фабијан Руиз и Гави е секако еден од најнеобичните.

За светските шампиони Фабијан Руиз и Гави – 150 килограми домати!

Двајца членови на шпанската репрезентација беа наградени со количина домати што одговара на нивната телесна тежина.

Руиз и Гави се вратија во својот роден град Лос Паласиос и Вилјафранка – место јужно од Севиља со помалку од 40.000 жители – каде што во средата им беше приреден свечен пречек во градското собрание.

Фудбалерот на „Пари Сен Жермен“, кој беше стартер во финалето против Аргентина, и играчот од средниот ред на „Барселона“ се појавија со златни медали околу вратот, а беа пречекани од градските власти и голем број навивачи.

За да го прослават својот успех, Руиз и Гави застанаа на вагата за да се одреди количината на подароци.

Резултатот беше:

Фабијан Руиз – 85 килограми домати

Гави – 68,5 килограми домати

Локалните власти наведуваат дека оваа традиција станала „заштитен знак на општината“ кога станува збор за оддавање чест на врвни спортисти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Отворен целосно реконструираниот градски базен во Кавадарци

Градскиот базен во Кавадарци денес официјално е пуштен во употреба по завршената реконструкција.

Отворен целосно реконструираниот градски базен во Кавадарци

Во реконструкцијата како што појасни градоначалникот Митко Јанчев, биле вложени околу 1 милион евра преку владин јавен повик.

Обновени се големиот и малиот базен, системот за филтрација и пречистување на водата, соблекувалните, санитарните јазли и останатите придружни содржини, а поставени се и нови водни атракции и детски реквизити.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Невремето го оштети системот на Македонска пошта – три дена се доцни со достава на пратките

Невремето во Скопје предизвика проблеми и во Македонска пошта. 

Невремето го оштети системот на Македонска пошта – три дена се доцни со достава на пратките

Поради обилниот дожд била оштетена серверската соба, односно електронскиот систем за распределба на пратките, поради што веќе три дена има доцнење во доставата.

Директорот на Македонска пошта, Куртиши, уверува дека проблемот се санира и очекува од утре доставата да се нормализира.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер