3МНР: Не е во интерес на ниту една земја да создава имиџ на земја заштитник на лица кои бегаат од правдата
КултураСвечен собир на МАНУ: Чествувањето на Конески е чествување на кодот на нашата државаЧествувањето на Конески е чествување на кодот на нашата држава, нација и идентитет.Чествувањето на Блаже Конески е чествување на кодот на нашата држава и нација, кодот на нашиот бит и нашиот идентитет. Денес, не е доволно само свечено да го чествуваме делото на Блаже Конески, неопходно е да ги почитуваме неговите научни придобивки за континуитет на македонскиот јазик, културна и национална историја. Тие треба да бидат суверен и неотуѓив составен дел на македонскиот национален интерес, а националниот интерес е државен интерес. Кој го цени Конески, треба да ги цени придобивките од неговото огромно дело, кое заокружува една самосвесна вековна, културна, јазична и национална нишка. Нема друг избор. Ова беше посочено на денешниот свечен собир во МАНУ, по повод 100-годишнината од раѓањето на македонски поет, писател, литературен преведувач и лингвистички научник Блаже Конески. Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" (УКИМ), Никола Јанкуловски во своето пригодно обраќање посочи дека ниту еден друг универзитет во светот, освен Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје немал предавач, професор и ректор кој во изминативе децении остварил толкав влог во националната наука, култура и уметност, колкав што е влогот на Конески. – Чествувањето на великанот Блаже Конески е чествување на кодот на нашата држава и нација, кодот на нашиот бит и нашиот идентитет. Нашиот Универзитет ќе немаше таква историја и цврсти темели без Конески. И не само нашиот Универзитет, туку ова важи и за сите институции и организации во чии што темели е градена сенката на Конески, вклучително и Македонската академија на науките и уметностите, и Друштвото на писателите на Македонија, рече Јанкуловски. Кога станува збор за Универзитетот од една страна, потенцира Јанкуловски, Конески е дел од нашата историска лична карта пред светот, но од друга страна тој е придвижникот, кој што ги постави и димензиите на професор и научник, кон кој што секој од тимот на УКИМ треба да се стреми. Според Јанкуловски, кога сите би го следеле примерот на Конески како научник и професор, но и педагог, остварувањата на севкупното наше општество би биле многу повисоки. – Мора да сме одговорни и пред историјата и пред сегашноста и да се потсетиме дека Конески удри клучен дел од темелите на УКИМ не само како предавач, туку како личност, кој со пожртвуваност се има заложено и за формирање на првиот тим на тогашниот Филозофски факултет. Од потфатите на Конески произлезе ангажираниот кадар, кој потоа разви неколку факултети, кои денес сочинуваат голем дел од целината на УКИМ, рече Јанкуловски. Според ректорот, минаа сто години од раѓањето на великанот, и како што рече, доблесно е сите да се запрашаме, „Се роди ли нов Конески ?". За љубов на вистината, посочи тој, мора да признаеме дека одговорот на ова прашање не е потврден. Јанкуловски додаде дека по заминувањето на човекот кој одбележа цела епоха на современата македонска култура и наука во државата, се уште „не се пројави друг придвижник, научник и творец, со толку темелито научно и уметничко дело". -Дај боже на секои сто години да ни се раѓа по еден Блаже Конески. Но, се уште нема друг кој едновремено има остварено толкав влог во македонската наука, култура и уметност, а со тоа и влог во македонската држава, како што стори Конески, додаде ректорот на УКИМ. Неспорно е, како што рече тој, дека на Конески му должиме уште многу навраќања, препрочитувања и толкувања. – Сите имаме долг кон Конески, смета Јанкуловски. Членот на МАНУ, Марјан Марковиќ на свечениот собир ја прочита пораката на академикот Катица Ќулавкова, секретар на Одделението за лингвистика и литературна наука (ОЛЛН) при МАНУ и раководител на проектот „Критичко издание на целокупните дела на Блаже Конески", која не беше во можност да присуствува на настанот. Во пораката, Ќулавкова потсетува дека Блаже Конески „го заокружува процесот на стандардизацијата на македонскиот словенски јазик зачнат во 9-от век во рамки на старословенскиот, подоцна и црковнословенскиот јазик од светите Кирил и Методиј". Тој, следејќи ја подеднакво и историјата на јазикот, но и неговата современа употреба и структура ги поставува на врвно научно ниво нормите на македонскиот современ јазичен код. – Блаже Конески со своето дело ја пренесува пораката дека јазикот има стратешки интерес за опстанокот на еден народ, за востановување на една нација и на една држава. Тој смета дека македонскиот јазик е македонски национален интерес, а не национален интерес на соседите, се вели во пораката на Ќулавкова. Затоа, според Ќулавкова, должност на македонскиот народ, но и на македонските државни институции е да се спротивстават на пропагандите кои го негираат постоењето и идентитетот на македонскиот јазик и му ја одземаат стекнатата функција на главен и единствен државен јазик. – Денес не е доволно само свечено да го чествуваме делото на Блаже Конески. Неопходно е да ги почитуваме неговите научни придобивки за континуитет на македонскиот јазик, културна и национална историја. Тие треба да бидат суверен и неотуѓив составен дел на македонскиот национален интерес. А националниот интерес е државен интерес, смета Ќулавкова. Таа подвлекува дека ако се отстапи од јазичното, културното и историското наследство на македонскиот народ, тогаш ќе се отстапи од сувереноста на македонската држава, ќе се поткопаат нејзините темели, а последиците можат да бидат трагични и неповратни – Затоа, да чествуваме, но и да го одбраниме нашето цивилизациско и национално право на историско, јазично, културно, црковно, уметничко и научно наследство. Кој го цени Конески, треба да ги цени и придобивките од неговото огромно дело, кое заокружува една самосвесна, вековна, културна, јазична и национална нишка. Нема друг избор, смета Ќулавкова. Претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев по повод годишнината од раѓањето на Конески потсети на „континуитетот на нашето духовно траење и на нашата состојба во периодот од школата на Климент Охридски до школата на Блаже Конески, што се нераскинлив дел од нашето суштествување". Коцарев ги цитираше зборовите на Конески „Поетот не создава ништо, она што го прави поетот поет, тоа е особената усет за речевната дејност на колективот, така што крајниот продукт, односно песната, е плод на комплициран процес во кој учествуваат наведените три фактори – традицијата, колективот и авторот". На свечениот собир омаж за Конески читаа академиците Зузана Тополињска и Влада Урошевиќ, а во вториот дел на собирот беше претставено уметничкото и научното дело на Блаже Конески во контекст на критичкото издание на неговите целокупни дела на МАНУ. Се работи за 12 тома со целокупните дела на Блаже Конески, а соодветните томови ги претставија професорите Венко Андоновски, Наташа Аврамовска, Иван Џепароски, Анастасија Ѓурчинова, Красимира Илиевска, Марјан Марковиќ, Веселинка Лаброска, Људмил Спасов, Лилјана Макаријоска и Станислава-Сташа Тофоска. На Свечениот собир беше промовирана и веб-страницата со дигиталните изданија на објавените томови од „Критичкото издание на целокупните дела на Блаже Конески", што ја подготви Истражувачкиот центар за реална лингвистика при МАНУ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата18:28Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата15:36Брвеница избира нов градоначалник: Право на глас имаат 16.256 граѓани10:10Светски рекорд на Матка: Врело стана најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри15:00
ЖивотКрадци во Франција сокриле скапоцен дијамант во јаболко: Го пронашла гладна собаркаРедок розов дијамант ќе биде изложен во Франција за првпат откако бил украден пред речиси точно сто години – што е и последниот пат кога бил прикажан пред јавноста.Кражба од пред еден век Скапоцениот камен од девет карати, во форма на круша, познат како „Гранд Конде“, бил украден за време на ноќен упад во замокот Шантили во октомври 1926 година. Крадците го сокриле во издлабено јаболко. Дијамантот – еден од ретките кралски скапоцености што ја преживеале Француската револуција – бил пронајден неколку недели подоцна, кога една гладна собарка во хотелот каде што престојувале крадците, каснала токму од тоа јаболко. Нова изложба во музејот „Конде“ Дијамантот ќе биде изложен во музејот „Конде“ во замокот Шантили до 3 јануари. Директорот на музејот, Матје Делдик, истакнува дека иако приказната за јаболкото можеби звучи неверојатно, таа била опширно пренесена во тогашните весници. Делдик одби да му открие на Си-Ен-Ен на која сума е осигуран дијамантот, но напомена дека биле спроведени опсежни научни истражувања за неговите карактеристики, со цел да се овозможи негова единствена идентификација. Изложбата ги вклучува резултатите од оваа анализа, како и претходно непознати архивски материјали што детално ја прикажуваат историјата на дијамантот и неговата кражба. Ретки розови дијаманти Природните розови дијаманти се исклучително ретки и често се продаваат за десетици милиони долари. Според податоците на аукциската куќа „Сотбис“, највисоката цена постигната за еден таков дијамант на аукција изнесувала 71,2 милиони долари, во 2017 година. Точното потекло на дијамантот „Гранд Конде“ сè уште е непознато. Според информациите од замокот Шантили, тој за првпат се споменува во 1740 година, во пописот на имотот на Луј Анри де Бурбон, принцот од Конде. Извор: Индекс.хрТагови: дијамант Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈон Фрчкоски на „Кавга со Иван“Утре, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Јон ФрчкоскиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСиљановска-Давкова: Врело стана најдлабока подводна пештера во светот!За неа, светскиот рекорд е не само признание за знаењето, храброста и истрајноста на спелеонуркачите, туку и реална можност за меѓународна афирмација на македонското културно наследство како исклучително.Претседателката вчеравечер се сретна со учесниците во меѓународната експедиција „Врело 2026“ и членовите на Спелеонуркачкиот клуб „Врело“, кои ја информираа за текот на експедицијата и за историскиот успех со кој пештерата Врело во кањонот Матка, со истражена длабочина од 338 метри, стана најдлабоката подводна пештера во светот истражена од човек. Таа им честиташе за извонредниот подвиг, истакнувајќи дека Врело е природен феномен што ги разгорува истражувачкиот дух и љубопитноста за откривање на тајните на природата. За неа, светскиот рекорд е не само признание за знаењето, храброста и истрајноста на спелеонуркачите, туку и реална можност за меѓународна афирмација на македонското културно наследство како исклучително. Спелеонуркачите ја запознаа претседателката со предизвиците со коишто се соочиле за време на нуркачкиот подвиг, необичните сознанија за подводниот свет на Врело, како кристално чистата вода и умерената температура од петнаесетина степени, новооткриените два канали и над 150 метри нови големи ходници. Според учесниците во уникатниот подвиг, Врело е раскошен и мистериозен природен феномен со волшебна привлечност, една од досега најинтересните подводни пештери за нив. Тие ѝ изразија благодарност за прифатеното генерално покровителство, истакнувајќи ја неговата важност за успешната реализација на експедицијата. Претседателката им посака успех во идните подвизи и изрази убедување дека нивниот успех е инспиративен за многу други спелеонуркачи.Тагови: Врело Гордана Сиљановска-Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter