Свечен прием за македонските алпинисти во Агенцијата за млади и спорт - Канал 5

Свечен прием за македонските алпинисти во Агенцијата за млади и спорт

По повод освојувањето на еден од најтешките светски врвови - Хималајскиот врв К2 (8,611 м) директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески денеска организираше свечен прием за освојувачот на врвот Здравко Дејановиќ.

Свечен прием за македонските алпинисти во Агенцијата за млади и спорт
На приемот присуствуваше и претседателот на Федерацијата за планинарски спортови на Македонија (ФПСМ) Јовица Угриновски, како и македонските алпинисти Живко Темелковски и Александар Киркоски кои ги искачија Елбрус (највисок врв во Европа 5.642 метри), односно Мон Блан (4.810 метри).

- Упатувам честитки за херојскиот подвиг на нашиот Златко Дејановиќ кој успеа да го освои еден од најтешките светски врвови. Агенцијата за млади и спорт беше во контакт со Дејановиќ во текот на целата експедиција преку неговата матична федерација. Можеби бевме првите, заедно со неговото семејство кои ја дознаа информацијата дека Златко успеал во својот подвиг и високо го развиорил македонското знаме на врвот на светот, истакна Спасески.

Директорот на АМС додаде дека институцијата која ја предводи застана зад овој подвиг и го поддржа Здравко Дејановиќ преку Федерацијата за планинарски спортови на Македонија со 250 илјади денари.

- Исто така, учествуваме и со 150.000 илјади денари во поддршката за македонската експедиција за првото Македонско искачување на Алпите и освојување на италијанските насоки на врвовите Дуфоршпице (4.634 м) и Монт Блан (4.810), рече Спасески.

Тој очекува во наредниот период голем број млади алпинисти и планинари да ги следат чекорите на нашите освојувачи на големите врвови почнувајќи од покојниот Диме Илиевски-Мурато, Христијан Делев, Сашко Кедев, Илина Арсова и Здравко Дејановиќ, кои преку нивниот личен подвиг, како што кажа, придонесуваат во промоцијата на Република Македонија во меѓународни рамки, но и во афирмација на алпинизмот и спортот, воопшто.

Од името на ФПСМ успесите на Дејановиќ и на останатите македонски алпинисти ги поздрави претседателот на федерацијата Угриновски.

- Вредноста во меѓународните планинарски кругови за освојувањето на Монт Еверест се вреднува како освоен златен олимписки медал, а искачувањето на К2 би било еквивалент на четири златни олимписки медали, рече првиот човек на планинарската федерација.
Освојувачот на К2 успехот го оцени како тимски и остварен по долгогодишни подготовки.

- Искуството од минатата година кога се обидов да го искачам врвот, годинава многу ми значеше и со поддршка од АМС и ФПСМ успеав да ја исполнам целта. За разлика од лани, времето годинава беше подобро. Бев добро подготвен на физички и психолошки план, рече Дејановиќ и ја потенцира радоста и гордоста која ја чувствувал кога го развиорил македонското знаме на вториот по височина светски врв.

Водич на експедицијата од 15 члена која го искачи највисокиот европски врв Елбрус беше Живко Темелкоски, член на ФПСМ и претседател на планинарскиот клуб Бистра.

- Искачувањето на Елбрус не е технички тешко, но е специфично поради неговата местоположба, помеѓу Касписко и Црно Море. Оваа планина е една од најсмртоносните планини во светот. Нестабилно време, кое постојано се менува, нарочито со силен ветар и грмотевици, безбројните скриени процепи во дебелиот мраз, се големи опасности за алпинистите, истакна Темелкоски.

За експедицијата „АЛПИ 2014“ говореше Киркоски.

- Околу нашата експедиција на Алпите, можеби најдобро е да ја наречеме „АЛПИ 2014“ со назнака „Прво македонско искачување на Италијанските насоки на Дуфоуршпитзе 4.634м. и Монт Бланц 4.810м. Тоа беше и нашата цел, бидејки овие две насоки досега не се искачени никогаш од македонски планинари, потенцира Киркоски.

Учесници во акцијата АЛПИ 2014 беа четворица планинари; Васил Трендафилов, Горан Срезоски, Александар Кирковски, Никола Андоноски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дали имате „iPhone“? Можеби имате и бесплатен пристап до „Apple TV“ – еве како да проверите

„Apple TV“ е сервис за стриминг сличен на „Netflix“ или „HBO“, а неодамна стана достапен. Одредени корисници го добиваат бесплатно – прочитајте понатаму за да видите дали спаѓате во оваа категорија.

Дали имате „iPhone“? Можеби имате и бесплатен пристап до „Apple TV“ – еве како да проверите

Корисниците кои плаќаат барем за основниот пакет на „iCloud“ добија посебни поволности: бесплатен пристап до сервисот за стриминг „Apple TV“ и до гејминг-сервисот „Apple Arcade“.

За појаснување: „iCloud“ е сервис што „Apple “го нуди на сите корисници; во суштина, тоа е простор за складирање податоци во „облак“ (cloud), сличен на „Google Drive“.

Повеќето корисници на „iPhone“ се соочуваат со проблем околу просторот за складирање – порано или подоцна, меморијата на телефонот се полни, главно со фотографии и видеа. Поради тоа, многумина одлучуваат да плаќаат за „iCloud“ услугите, со пакети што започнуваат од само 1 евро месечно за 50 GB дополнителен простор.

Како да добиете пристап до „Apple TV“?

Од минатата недела, доколку плаќате дури и за најмалиот „iCloud“ пакет – или за некој поскап – добивате и бесплатен пристап до сервисот „Apple TV“ за гледање серии и филмови (наслови како „Severance“, „Slow Horses“ и „Silo“ се меѓу најпопуларните продукции на „Apple TV“).

Сè што треба да направите е да ја преземете апликацијата „Apple TV“ од „App Store“ (доколку веќе ја немате). Кога ќе се обидете да се најавите, телефонот автоматски ќе ви предложи да го користите сервисот бесплатно, поврзан со вашата „iCloud“ сметка.

Ако не плаќате за „iCloud“, а сепак сакате да го користите „Apple TV“, можете да платите месечна претплата, иако таа чини 15 долари месечно.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мајка избоде три деца во Австралија, едното почина

Во областа Блу Маунтинс  во Австралија, мајка ги избоде своите три деца, а потоа и себеси.

Мајка избоде три деца во Австралија, едното почина

Едно петгодишно дете почина, додека другите две деца и мајката се во критична состојба. 45-годишната осомничена била пронајдена со повреди за кои полицијата верува дека сама си ги нанела.

Сведоци ја опишуваат потресната глетка

Први на местото на настанот наишле велосипедисти кои минувале низ областа. Тие пружиле прва помош и повикале итна помош, но петгодишното дете починало пред пристигнувањето на медицинските екипи. Другите две деца – двете на возраст под пет години – и мајката биле пренесени во болницата Вестмид и во Детската болница во Вестмид. Сите се во критична состојба.

Џули Сукар изјавила за „Најн њуз“ дека едно од повредените деца било бебе. „Видов жена како лежи во грмушките и бебе во носилка, а друга жена се обидуваше да ѝ помогне“, вели таа. „Од другата страна имаше уште едно дете. Не сфатив веднаш дека се три, сите само се обидуваа да помогнат.“

Мајката ќе се соочи со обвиненија за убиство

Заменик-комесарот на полицијата, Питер Меккена, за „news.com.au“ потврди дека осомничената е мајката на децата. „Веруваме дека таа сама си ги нанела повредите“, рече тој. Тој додаде дека истрагата трае помалку од 24 часа. Полицијата планира да ја обвини мајката за убиство доколку таа закрепне од повредите опасни по живот.

Според досегашните информации, насилството се случило на влезот од празен плац во близина на противпожарен пат во градот Вали Хајтс, каде што мајката го паркирала автомобилот. „Се чини дека локацијата била избрана случајно“, рече Меккена. „Ќе ја товариме за запирање на возилото таму, а доказите од местото на настанот укажуваат дека целиот инцидент се случил токму на таа локација. Немам објаснување зошто таа ја избрала токму таа локација.“

Полицијата потврди дека таткото на децата бил известен за инцидентот. Тој бил на работа во моментот на нападот.

„Најтрагичните 48 часа“

Меккена истакна дека овој настан е дел од „најтрагичните 48 часа“ во неговата кариера, во текот на кои биле регистрирани четири сериозни случаи на семејно насилство. Во сите случаи, сторителите претходно не ѝ биле познати на полицијата.

„Немавме сознанија за семејно насилство во тие врски, ниту пак постоеја какви било судски налози за забрана за приближување. Ниту едно од вклучените лица не ни беше познато во контекст на овој вид насилство“, изјави Меккена. „Не можеме да спречиме нешто за што не знаеме, но ова докажува дека такви работи можат да се случат насекаде и во секое време. Токму затоа ни е потребна помош од заедницата – ако се грижите за некого, известете нè.“

Тој наведе дека при убиствата било употребено ладно оружје и дека полицијата се сомнева оти сторителите биле во роднинска врска со жртвите. „Сè започна во саботата во близина на Вага, каде што 31-годишен маж наводно ја убил својата 23-годишна партнерка со ладно оружје“, рече Меккена. Мажот е обвинет за убиство. „Ужасот продолжи на плажата Бонди, каде што 47-годишен внук наводно ја убил својата 90-годишна баба, исто така користејќи ладно оружје“, продолжи тој. И тој е обвинет за убиство. „Потоа имавме случај во Мол Ривер, близу Тентерфилд, каде што 37-годишен маж ја убил својата 70-годишна мајка со ладно оружје.“ И тој маж е обвинет за убиство.

Апел од полицијата и активистите

Меккена нагласи дека семејното насилство останува главен приоритет за полицијата на Нов Јужен Велс. „Ако некој се чувствува заробен во врска и мисли дека нема излез, ве молиме знајте дека излез постои“, рече тој, повикувајќи ги таквите лица да стапат во контакт со полицијата или со други надлежни служби.

Тој додаде дека полицајците кои интервенирале во овие случаи ќе ја добијат сета потребна стручна поддршка. „Овој викенд беше вистински ужас. Секое место на настаните беше навистина страшно. Им пружаме поддршка на колегите кои беа таму и кои, во некои случаи, се обидуваа да спасат животи со свои раце. Човек би морал да биде од камен за да не биде погоден од ова.“

Табита Акрет, чија ќерка била избодена 78 пати од нејзиното поранешно момче, изјави за „news.com.au“ дека викендот ја истакнал сериозноста на проблемот со семејното насилство во Австралија. „Ова е најлошиот викенд досега и живописно ја прикажува целосната ужасност на семејното насилство. Итно ни се потребни ресурси – средства за безбедност на жртвите, но и сериозни вложувања во превенцијата“, рече таа.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп, сепак, нема да помогне

За време на телефонски разговор со јеменскиот претседател Рашад ал-Алими, американскиот претседател Доналд Трамп не дал директно ветување за американска воена поддршка во борбата против Хутите, потврдија денес за Ројтерс повеќе независни извори.

Трамп, сепак, нема да помогне

Еден јеменски и еден западен извор наведоа дека Алими побарал американска поддршка за својата влада – која е поддржана од Саудиска Арабија – во борбата против Хутите, кои зазедоа клучни области долж теснецот Баб ел-Мандеб за време на офанзивата овој месец.

Трамп претходно изјави дека САД се во контакт со Хутите и дека групата сигнализирала оти нема да ги напаѓа американските бродови.

Тој, исто така, ги одби барањата на Саудиска Арабија за воена поддршка против Хутите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер