КултураСвечен настан и изложба во чест на жртвите од Втората светска војна и војната во УкраинаСвечен настан во чест на жртвите од Втората светска војна (1939-1945) и Руската војна против Украина од 2022 година ќе се одржи денеска во Музејот на македонската борба, соопшти Амбасадата на Украина.Во рамки на настанот ќе биде отворена изложба на фотографии „XXI век. Европа. Непростливо злосторство ". – Ние, Украинците, се сеќаваме каква страшна трагедија беше за нас Втората светска војна. За нас 8 – 9 мај не е триумф, не е празник, туку спомен, оддавање почит на жртвите од војната, потсетување на страшните злосторства. За нас, ова не е култ на победата, туку ценење на мирот и животот. Ние, Украинците, сме херојски и храбар народ. Ние имаме прекрасна, моќна Армија. Ние сме на наша земја и никому нема да ја дадеме. И заедно, со нашите сојузници, како што беше за време на Втората светска војна, со земјите од антихитлеровата коалиција, а сега со земјите од антипутинската коалицијата, ќе победиме и сега, вели украинската амбасадорка Наталија Задорожњук. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиШестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31Августовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градови08:41
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
МакедонијаМакедонија со скок од 29 позиции на Глобалниот индекс за сајбер безбедностМакедонија бележи значителен напредок на Глобалниот индекс за сајбер-безбедност (National Cyber Security Index – NCSI), искачувајќи се за 29 позиции и достигнувајќи го 30. место меѓу 155 рангирани држави и територии.Со резултат од 84,17 поени од можни 100, државата се вбројува меѓу земјите со високо ниво на подготвеност за спречување сајбер-закани и за управување со сајбер-инциденти. Напредокот е забележан и во меѓународните медиуми, кои ја издвојуваат Македонија меѓу земјите што во последниот период оствариле забележително подобрување во националните капацитети за сајбер-безбедност. Глобалниот индекс за сајбер-безбедност го развива естонската „Академија за е-управување“ (e-Governance Academy – eGA). Индексот ја оценува подготвеноста на државите преку 49 индикатори распоредени во 12 области, опфаќајќи ги стратешките, превентивните и капацитетите за одговор на сајбер-закани. Оценувањето се заснова на јавно достапни закони, официјални документи, институционални механизми и докази за практично спроведени мерки. Според најновите податоци, Македонија има максимални оценки во повеќе клучни области, меѓу кои политиките за сајбер-безбедност, заштитата на критичната информациска инфраструктура, образованието и професионалниот развој, заштитата на личните податоци, одговорот на сајбер-инциденти и борбата против компјутерскиот криминал. „Скокот од 29 позиции е меѓународна потврда дека реформите што ги спроведуваме создаваат конкретни и мерливи резултати. Во изминатиот период воспоставивме појасна институционална одговорност, современа законска рамка и посилни механизми за заштита на критичната инфраструктура и за одговор на сајбер-инциденти. Овој резултат не е крајна цел, туку обврска да продолжиме уште поинтензивно да ја градиме сајбер-отпорноста на државата“, изјави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. Напредокот е резултат на координираната работа на институциите и на повеќе преземени системски чекори, меѓу кои донесувањето на Законот за безбедност на мрежни и информациски системи, усвојувањето на Стратегијата за сајбер-безбедност 2025–2028 и Акцискиот план за нејзино спроведување, воспоставувањето механизми за национална координација и зајакнувањето на капацитетите за пријавување и справување со сајбер-инциденти. Новата законска рамка ги утврдува надлежностите на Министерството за дигитална трансформација во областа на безбедноста на мрежните и информациските системи, воведува обврски за управување со сајбер-ризици и пријавување инциденти и ја зајакнува заштитата на суштинските и важните субјекти. Министерството ќе продолжи со спроведување на Стратегијата и Акцискиот план, јакнење на националните капацитети за превенција и одговор, развој на стручниот кадар, подигнување на свеста кај граѓаните и компаниите и продлабочување на меѓународната соработка. Безбедна дигитална држава значи сигурни јавни услуги, заштитени податоци, отпорна критична инфраструктура и поголема доверба на граѓаните во процесот на дигитална трансформација. Во прилог ви ги проследуваме официјалните извори: • Официјална ранг-листа на Националниот индекс за сајбер-безбедност (NCSI): https://ncsi.ega.ee/ncsi-index/ • Официјален профил на Македонија – 30. место и резултат од 84,17 поени: https://ncsi.ega.ee/country/mk/Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиШестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31Августовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градови08:41
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
БалканТажни вести од Хрватска: Пронајдено телото на еден ПортугалецЛоши вести пристигнуваат од Хрватска, бидејќи спасувачите го пронајдоа телото на еден од двајцата португалски државјани по кои се трагаше од вчера, 12 август. Како што беше објавено, телото е пронајдено пред заливот Завратница.Продолжува потрагата по вториот исчезнат португалски државјанин. Телото на еден млад маж – еден од четворицата португалски државјани, од кои двајца претходно беа пронајдени и спасени откако се најдоа во невреме во Велебитскиот Канал – беше пронајдено околу 8 часот наутро во морето кај заливот Завратница, додека потрагата по уште еден маж продолжува. Според капетанот на пристаништето во Сењ, Ненад Бугарин, телото било забележано од полициски хеликоптер утринава, а потоа било извлечено од водата од страна на екипа на Капетанијата на пристаништето во Сењ. Инаку, четворица млади пријатели од Португалија исчезнаа вчера, 12 август, по силно невреме во Велебитскиот канал во Хрватска, поради што и започна потрагата по нив. „Известување за четворица исчезнати лица, државјани на Република Португалија, беше примено во MRCC Риека ноќеска, на 12 август, во 04:41 часот, од страна на нивен познаник“, соопшти претходно Министерството за море, транспорт и инфраструктура на Хрватска. Според нивниот познаник, четворицата пријатели тргнале со рекреативен гумен чамец долг до 1,5 метри, веслајќи од локалниот камп северно од Сењ кон самиот град Сењ, по што им се изгубила трагата. Вчера беа пронајдени две лица – жена и маж. „Жената беше пронајдена во морето во заливот Бутињ околу 11:40 часот. Таа беше предадена на медицинскиот персонал во Нови Винодолски за да ѝ се укаже помош доколку е потребно“, изјави вчера Ненад Бугарин, капетан на Лучката капетанија во Сењ. Спасената жена, која поминала неколку часа во морето борејќи се со лошите временски услови, добила помош на лице место откако била извлечена на брегот, а потоа била пренесена во КБЦ Риека. Таа пристигнала во болницата во стабилна клиничка состојба и со нормални витални параметри. По сеопфатен медицински преглед и третман, таа е примена на Одделот за пулмологија заради понатамошно следење на состојбата и засега ќе остане во КБЦ Риека.Тагови: Хрватска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураШест незаборавни џез вечери на „Охридско лето“Првото издание на новата програма „Џез вечери“ во рамките на фестивалот „Охридско лето“, ќе се одржи од 13 до 16 август.Предвидени се шест концерти на врвни музичари меѓу кои Крсте Роџевски, Дине Донеф трио, Нубаја Гарсија, Питер Сомуа, „Kiioto“ и македонските уметници од Националниот џез оркестар. Програмата ќе се реализира во црквата „Света Софија“ и нејзиното Предворје, како и на сцената Долни Сарај. На првата џез вечер, на 13 август, се предвидени два концерти од кои првиот во 20 часот во црквата „Света Софија“ ќе го одржи Крсте Роџевски, македонски пејач, гитарист и композитор, активен на авангардната „даунтаун“ сцена во Њујорк уште од неговата преселба во градот во доцните 90-ти години на минатиот век. Тоа всушност ќе биде концертна промоција на албумот на Роџевски, „Orthodoxia Kai Thanatos“. Од 21 часот и 30 минути во Предворјето на црквата, следува уште еден концерт на Дине Донеф со неговото трио, во кое настапуваат Харис Ламбракис на неј и на оргули и Кирјакос Тапакис на уд. Дине Донеф (Костас Теодору) е композитор, контрабасист, мултиинструменталист, едукатор и автор со препознатлив музички јазик. На втората џез вечер, 14 август, на сцената Долни Сарај од 21 часот, љубителите на џез музиката ќе имаат вистинско уживање со концертната програма „Македонски сновиденија“ на Националниот џез оркестар на РС Македонија. Под диригентската палка на Владимир Николов, оркестарот ќе ја поведе публиката на магично музичко патување инспирирано од длабоките културни корени на македонската традиција, прераскажани преку слободниот јазик на џезот. Специјален гостин на концертот ќе биде Питер Сомуа, западноафрикански трубач со потекло од Гана, кој живее и работи во Холандија. Третата џез вечер на „Охридско лето“, 15 август, ќе донесе два концерти. Од 20 часот на Долни Сарај, Питер Сомуа повторно ќе настапи но овојпат со својот бенд. Во 21 часот и 30 минути на истата сцена ќе настапи британската саксофонистка и композиторка Нубаја Гарсија. „Џез вечерите“ на „Охридско лето ќе бидат заокружени со концерт на британскиот состав „Kiioto“, предводен од звучните музички имиња Лу Роудс и Роан Хит, кои повеќе од 30 години се дел од музичката индустрија. Тие ќе настапат на Долни Сарај со почеток во 21 часот. Инаку, во вечерите посветени на џезот кога има по два концерти, купената влезница за тој датум важи за двата музички настани.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиШестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31Августовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градови08:41
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00