Свадбени скандали од Балканот: Мислев дека тоа е мит сè додека таткото на невестата отворено не нè праша... - Канал 5

Свадбени скандали од Балканот: Мислев дека тоа е мит сè додека таткото на невестата отворено не нè праша...

Општо е познато дека свадбите кај нас на Балканот се прават според одредени обичаи. Дали се оди по невестата или младоженецот се крева на тапан, обичаите варираат, но едно е сигурно – секоја свадба е различна.

Свадбени скандали од Балканот: Мислев дека тоа е мит сè додека таткото на невестата отворено не нè праша...

Имено, на Редит неодамна се отвори тема за свадби со прашањето: „Кои сè селански, непристојни и некултурни работи сте ги виделе на свадби? Настани како пукање во воздух. Што сè сте виделе на свадби, а сте искоментирале дека е непримерно?“, напишал еден корисник.

Одговорите изненадиле многу корисници, а меѓу нив имало и еден контроверзен.

Гост му дал пари на младоженецот, па барал кусур!

За некои, обичајот со парите и јавното читање кој колку дал е нешто најгрозно.

„Веќе неколку пати сум зборувал за тоа кога јавно се кажува колку која фамилија дала пари, или за ситуации кога гостин ќе му даде на младоженецот 100, па потоа го прашува да му врати 50. Мислев дека тоа е мит сè додека таткото на невестата отворено не нè праша дали планираме да ‘читаме’.“

Друг корисник признал дека една ситуација целосно го шокирала.

„Еден од поапсурдните моменти беше кога младоженецот лижеше задник на бебе-кукла која беше намачкана со нутела. Кога дојдоа по невестата, на вратата затекнале кукла и пелени, и требало да ги смени пелените пред да продолжи понатаму.“

Уште еден раскажал како еден гостин на масата му делувал целосно некултурно.

„Вујкото, во моментот кога јагнешкото беше донесено на масата, без разлика што веќе имаше два пладња со храна, ја зеде чинијата со јагнешко и со прстите почна да ги допира сите парчиња за да си го одбере најмеснатото и најубавото. Секако, по секое изедено парче ги лижеше мрсните прсти пред да продолжи да ги бира останатите делови од месото, а на крајот уште и подригна бидејќи, изгледа, ова не му било доволно ‘вкусно’.“

Некои корисници раскажувале и за неверојатни моменти за време на самата церемонија.

„Не сум видел лично, но пријател беше на свадба каде што, додека свештеникот ја водел церемонијата, на младоженецот му заѕвонил мобилниот телефон. Тој се јавил, разговарал неколку минути, а потоа сите продолжиле како ништо да не се случило.“

„Таткото на невестата извадил моторна пила“

На крајот, еден корисник кој работи како келнер на свадби открил можеби и најбизарни сцени.

„Со години работев како келнер на свадби, можам книга да напишам. На една свадба, таткото на невестата толку се напил што извадил моторна пила и на таткото на младоженецот му исекол четири маслинови дрвја. Се степале, настанал целосен хаос“, напишал тој, па додал:

„На еден прв свадбен танц, грижливата мајка на младоженецот среде првиот танц му го ‘презеде’ синот и почна да игра со него. Невестата почна да плаче, половина роднини станаа, мајката викаше на сите… леле мајко, кога ќе се сетам на тие денови.“

Koje ste sve seljačke, nepristojne i nekulturne stvari vidjeli na svadbama?
by u/splicanin123 in askcroatia

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Обвинителството отвори постапка за измами на граѓани со т.н. “кубански вакцини”

Основното јавно обвинителство Велес, постапувајќи во оформен предмет против едно лице за кривични дела – Измама од член 247 и Надрилекарство од член 209 од Кривичниот законик, обезбеди наредби за претреси на повеќе локации.

Обвинителството отвори постапка за измами на граѓани со т.н. “кубански вакцини”

Се постапува за обезбедување докази во однос на сознанијата дека осомничениот, со намера да прибави противправна имотна корист, довел во заблуда повеќе лица, лажно нудејќи им “кубански вакцини” против рак.

При претрес на работното место на осомничениот во Велес, пронајдени се докази кои ќе бидат предмет на вештачење. Одземени се и електронски уреди, а се преземаат и други дејствија на проверки.

Надлежниот јавен обвинител врши распити на оштетени и други лица кои би можеле да имаат сознанија важни за целосно испитување на настанот.

Основното јавно обвинителство Велес до судот достави и предлог за определување на мерки на претпазливост – одземање на патната исправа и обврска на осомничениот да се јавува во Судот.

Лицето во моментов е хоспитализирани во медицинска установа, каде му е врачено решението за определување на мерките.

Како што пристигнуваат дополнителни информации и сознанија, Јавното обвинителство и МВР продолжуваат да преземаат дејствија за обезбедување докази, соопштуваат од Обвинителството.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Британска банка укинува 5.000 работни места поради воведување вештачка интелигенција

Британската банка Барклис денес објави дека отпушта околу 5.000 работни места, или приближно пет проценти од вкупната работна сила.

Британска банка укинува 5.000 работни места поради воведување вештачка интелигенција

Британската банка Барклис денес објави дека отпушта околу 5.000 работни места, или приближно пет проценти од вкупната работна сила, како дел од програмата за намалување на трошоците, делумно водена од поголемата употреба на вештачка интелигенција.

Главната финансиска директорка Ана Крос изјави дека околу 1.000 отпуштања веќе се спроведени, додека преостанатите 4.000 се очекуваат до крајот на годината, објавува Гардијан.

Според менаџментот, инвестициите во технологија и вештачка интелигенција ја зголемуваат продуктивноста на вработените и ги поедноставуваат деловните процеси.

Банката планира дополнително да ја подобри оперативната ефикасност со заштеди од околу 1,1 милијарди фунти во текот на 2027 година.

Во третиот квартал од 2026 година, Барклис оствари добивка пред оданочување од 2,3 милијарди фунти, или околу 2,75 милијарди евра, што е за 12 проценти повеќе отколку во истиот период минатата година.

Вкупните приходи на банката се зголемија за 3 проценти на годишно ниво на 7,4 милијарди фунти, или повеќе од 8,8 милијарди евра.

Приходите од тргување со обврзници на „Барклис“ се намалија за 19 проценти, што е полошо од падот од 5 проценти забележан кај американските банки, а извршниот директор на банката, Ц.Е. Венкакришнан, изјави дека е разочаран од резултатите.

Банката објави нов откуп на акции во вредност од 500 милиони фунти, со што вкупниот износ вратен на акционерите оваа година достигна 2,8 милијарди фунти, или околу 3,34 милијарди евра.

„Барклис“ се подготвува и за можно зголемување на данокот на банките во Велика Британија, за кое се очекува владата во Лондон да одлучи како дел од буџетот што ќе биде презентиран на 28 октомври.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Израел ѝ нареди на војската да се подготви за целосно затворање на Западниот брег

Израел ѝ нареди на својата војска да се подготви за целосно блокирање на Западниот Брег по нападот во кој беа повредени пет Израелци.

Израел ѝ нареди на војската да се подготви за целосно затворање на Западниот брег

Канцеларијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху соопшти дека им наредила на безбедносните сили да го блокираат Хеброн и да бидат подготвени целосно да ја затворат целата палестинска територија.

Наредбите дојдоа откако израелската војска соопшти дека убила двајца вооружени лица и спречила „терористички напад“ во кој биле повредени неколку лица.

Војската соопшти дека вооружените лица носеле пушка М16 и пиштол.

Не е јасно кој бил целта на наводниот напад, а идентитетот на убиените и повредените сè уште не е потврден.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер