Свадбата на годината во Индија кон средината на јули - Канал 5

Свадбата на годината во Индија кон средината на јули

Наследникот на милијардерот Мукеш Амбани - Анант (29) ќе се ожени со својата девојка Радика Мерчант кон крајот на овој месец, на раскошна церемонија што веќе важи за свадба на годината во Индија.

Свадбата на годината во Индија кон средината на јули

Анант Амбани (29) е најмладиот син на најбогатиот човек во Азија, кој има проценето богатство од 118 милијарди долари, според индексот на милијардери на „Блумберг“. Неговиот син е одговорен за поттикнување на проширувањето на енергетскиот сектор во семејниот конгломерат, „Релајанс индустрис“ (Reliance Industries). Во март, двојката имаше тридневна претсвадбена забава во градот Јамнагар на западот, каде што присуствуваа околу 1.200 високи гости, меѓу кои Марк Цукерберг и Бил Гејтс.

Светлосното шоу со 5.500 беспилотни летала го осветли небото над тн. „Стаклена палата“ направена по нарачка за свеченостите каде што посетителите на забавата танцуваа цела ноќ на настап на познатата пејачка Ријана.

Свадбата во Мумбај треба да се одржи од 12 до 14 јули во домот на родителите на Анант, Мукеш и Нита Амбани - резиденцијата „Антилија“ од 27 ката, како и во семејниот Светски центар за конвенции „Џио“, каде што има место за повеќе од 16.000 луѓе.

Ванеса Алмеида, сопственичка на „Kуќaтa за подароци“ во градот Гоа во западна Индија, беше одговорна за пакување на околу 8.000 подароци за гостите во Јамнагар. Таа, за „Си-ен-ен“ изјави престојувала во градот две недели за да се осигура дека сите подготовки и сѐ оди како што треба.

- За време на настанот, од нас беше побарано да не го фотографираме настанот, луѓето или работата што ја работевме. Тие со многу почит, дури ги замолија и гостите да не го прават тоа бидејќи имаа свои тимови кои опфатија сè, вели Алмеида.

Потоа, еден викенд кон крајот на мај, парот одржа четиридневно крстарење по Средоземноморјето. Со повеќе застанувања низ Европа, освен пријателите и семејството, во патувањето уживаа и ѕвезди од Боливуд, а настапи имаа Кејти Пери, „Бекстрит бојс“ и оперскиот певец Андреа Бочели.

Податоците за тоа се строго чувана тајна.

Радика, пак, е ќерка на фармацевтскиот тајкун Вирен Мерчант и работи во неговата компанија „Енкор хелткејр“ (Encore Healthcare). Дипломирала на Универзитетот во Њујорк, а за „Вог“ (Vogue) дека го запознала Амбани преку заеднички пријатели за време на патување во 2017 година.

- Таа прва средба просто предизвика нешто посебно меѓу нас и не мина долго пред да започнеме врска, изјави таа.

Невестата и младоженецот се очекува да носат облека со симболика, којашто ќе ги прикаже индискиот занает, домашните дарби - со текстил изработен во Индија. Најмени се врвни индиски дизајнери, како што се Маниш Малхотра, Сабјасачи Мукерџи и Тарун Тахилијани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Цеца за фотките во бикини

Балканската музичка ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ ретко споделува провокативни фотографии, но секое нејзино појавување во бикини предизвикува вистински бум во јавноста. 

Фото: Цеца за фотките во бикини

Пејачката откри зошто одлучила да објави фотографија во бикини и како успева да ја одржи својата беспрекорна линија без строги диети. Иако публиката не е често навикната на разголени фотографии, Цеца предизвикува вистинска помпа на социјалните мрежи кога ќе одлучи да го покаже своето витко тело.

Секојпат кога позира на плажа, нејзиното издание предизвикува лавина реакции и воодушевување кај следбениците.

Зборувајќи за фотографите од Кипар кои своевремено предизвика вистински бум на интернет, пејачката ги објасни причините поради кои ја објавила: „Ретко објавувам попровокативни фотографии – не затоа што се срамам од своето тело, туку едноставно зависи од моментот и од тоа што сакам или не сакам во одреден момент. Искрено, најмногу се чувствувам опуштено кога сум закопчана до грло, што е сосема природно. Се трудам, без разлика што носам или што фотографирам, тоа да биде соодветно, бидејќи границата е многу тенка. А и што друго би можеле да фотографирате на море, освен во бикини?“, изјави мегапопуларната Цеца.

Цеца Ражнатовиќ изгледа подобро од кога било, а неодамна откри како ја довела својата линија до совршенство. Пејачката успеа да ослабе дури 8,5 килограми за само еден месец, без строги диети, гладување и опасни препарати.

Наместо опасни „кратенки“, Цеца се одлучи за режим што потсетува на автофагија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сабаленка ужива во танга

Сабаленка позира во танга, објавата од плажа собра над 300.000 лајкови.

Фото: Сабаленка ужива во танга

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка е на заслужен одмор по исцрпувачката сезона.

По исцрпувачката натпреварувачка година, втората тенисерка во светот, Арина Сабаленка, одлучи да направи пауза од турнирите и да замине на одмор, од каде што редовно ги известува своите фанови.

Нејзината најнова објава од плажа, на која носи танга, предизвика огромна реакција на социјалните мрежи, собирајќи над 300.000 допаѓања во рекордно време.

Во описот на фотографијата, белоруската тенисерка накратко наведе дека слободното време го поминува комбинирајќи релаксација на сонце со повремени тренинзи.

Кон крајот на сезоната, таа ја загуби водечката позиција на ВТА-листата, која ја презеде Елена Рибакина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Супер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на Баерн

Фудбалерите на Баерн и Борусија Дортмунд во германското супер дерби одиграа без победник  2:2 , во рамките на 8. коло од Бундеслигата. Милионерите од Дортмунд успеаја да надоместат негатива во самиот финиш.

Супер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на Баерн

Се чинеше дека Баварците ќе го задржат водството, но Фабио Силва го замолкна Минхен во 89-тата минута и му донесе голем бод на Дортмунд.

Првото полувреме го одбележа поништен гол на Џоб Белингем, како и неколку добри шанси на двете страни. Во 34-тата минута, Дортмунд ја затресе мрежата преку англискиот играч за врска, но голот беше поништен по прегледување на снимката (ВАР) поради офсајд.

Четири минути подоцна, Баерн ја казни пропуштената шанса на ривалот, откако Конрад Лајмер најдобро реагираше на одбиената топка и им донесе водство на домаќините.

Дортмунд потоа успеа да возврати. Во 60-тата минута, Карни Чуквуемека ја испрати топката во шеснаесетникот, а Серу Гираси го совлада голманот со прецизен удар во долниот лев агол и го израмни резултатот.

Шест минути подоцна, Баерн повторно поведе. Хари Кејн ја упати топката со глава пред голот, а Дајо Упамекано се најде на вистинското место и погоди за 2:1. Претходно, Англичанецот имаше можност да постигне гол од пенал, но во 56-тата минута ја погоди пречката.

Кејн повторно беше блиску до погодок во 75-тата минута, но неговиот удар заврши во стативата. Кога се чинеше дека Баерн сепак ќе го задржи водството, на сцена стапи Фабио Силва.

Во 89-тата минута, Португалецот ја искористи топката што стигна до него во шеснаесетникот и со прецизен удар во долниот лев агол ги постави конечните 2:2. Баерн имаше уште една голема шанса во судиското надополнување, но ударот на Ленарт Карл заврши во пречката. Така, Дортмунд успеа да избегне пораз во Минхен, додека домаќинот може да жали за пропуштените шанси и испуштеното водство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер