Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот
1Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот
БизарноСвадба за која зборува регионот: Невестата не може да стои од тежината на златото со кое ја прекриваат (ВИДЕО)Свадба одржана во турската покраина Шанлиурфа неодамна стана вирален хит.Спектакуларната прослава не само што ги воодушеви гостите, туку привлече и внимание низ целиот свет поради невидениот луксуз. Младоженците беа опсипани со пари и злато На снимката се гледа невестата, адвокатката Наздар Барзани (25), која носеше вредни предмети тешки неколку килограми, вклучувајќи златен појас, ѓердани, дијамантски прстен, златна круна... Вредните предмети беа толку тешки што во еден момент таа мораше да седне, објавува ProtoThema. Свадбените гости ги опсипаа младенците со пари, а персоналот потоа ги собра и ги стави во кутии, што е видливо и на снимката. Гости од Турција и странство Странските медиуми објавуваат дека свадбата на Наздар и нејзиниот избраник, адвокатот Кахраман Зулфикар Изол (26), била една од најголемите и најлуксузните во регионот. Меѓу поканетите имало влијателни политичари, како и други важни личности од Турција и странство. 🕳️Şanlıurfa’da gerçekleştirilen bir aşiret düğününde, Kuzey Iraklı avukat geline kilolarca altın takıldı. Davetliler, para saçmak için adeta birbirleriyle yarıştı. 🕳️Eski AK Parti Şanlıurfa Milletvekili Zülfikar İzol’un yeğeni Avukat Kahraman Zülfikar İzol (26) ile Mesud… pic.twitter.com/eurcscCwyT — Posta.com.tr (@postacomtr) December 21, 2025 Прославата траела до доцна во ноќта, а покраината Шанлиурфа се најде во центарот на вниманието на јавноста, како поради своите традиционални обичаи, така и поради луксузот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМногу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреваротШкотските навивачи ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска.Каква беше денеска атмосферата во Скопје, каде видливо беше присуството на таканаречената Тартан арми. Какви се очекувањата на шкмотските навивачи? Скопје вечерва носи возбудлива атмосфера и поради уште еден настан традиционалната Бела ноќ. Што всушност носи нејзината програма, која најавено е дека ке трае до 3 часот по полноќ? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЦентарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритамСкопје денеска живее во фудбалски ритам. Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка. Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици. Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат. За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија. Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријаваНа 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари. Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: дрога Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter