ВМРО-ДПМНЕ: Продолжува инфраструктурниот развој во Ѓорче Петров со нови 10 километри коловози, две градинки, 22 училници....
2ВМРО-ДПМНЕ: Продолжува инфраструктурниот развој во Ѓорче Петров со нови 10 километри коловози, две градинки, 22 училници....
3Амбицијата за вклучување на Преспа во листата на светско наследство на УНЕСКО мора да ја унапреди веќе ветената заштита
Синди Крафорд за првпат во јавноста по смртта на нејзиниот син: Сопругот не ја пушта, не можат да ја сокријат тагата
Aвстралиско-сиднејската епархија му го честита на архиепископот г. г. Стефан јубилејот – 40 години од архиерејската хиротонија
1Синди Крафорд за првпат во јавноста по смртта на нејзиниот син: Сопругот не ја пушта, не можат да ја сокријат тагата
2Aвстралиско-сиднејската епархија му го честита на архиепископот г. г. Стефан јубилејот – 40 години од архиерејската хиротонија
3 Најлоша причина за влегување во врска: „Се заљубив во неговиот потенцијал, а тоа беше само мојата проекција“
ЖивотСвадба од соништата како последна желба- по три недели починала невестатаБританката Кејтлен Чешир (23) починала три месеци по венчавката од соништата во Шропшир, каде му кажа „да“ на својот избраник Били Грин (29).Несреќната жена боледувала од лимфоретикулом кој ѝ се вратил по трет пат. Откако дознала дека не ѝ останува уште многу време, решила да организира свадба која сите ќе ја паметат. Само неколку дена откако ја слушнала лошата вест од докторот, во ноември 2023 година, Кејтилин го нашла совршеното место за брак, јавува Би-Би-Си. Она што не го очекувала е дека ќе ја добие салата бесплатно. Истовремено, организаторите контактирале со 33 добавувачи кои ги обезбедиле венчаницата, тортата, осветлувањето, машината за чад, фотографот и кетерингот - без надомест. Сѐ поминало како што таа отсекогаш сакала, а тоа го докажуваат и фотографиите на кои може да се види дека не ја симнала насмевката од лицето. Во објава на Фејсбук таа конкретно му се обратила на својот сакан: „Од најдобар пријател до дечко, од вереник до сопруг. Мојот вистински и засекогаш број еден“. Кателен им се заблагодари на сите за напорите да ја направат нејзината свадба убава. „Сите се трудеа да ја направат прекрасна и не можеме доволно да им се заблагодариме“, изјави таа за локалните медиуми. Организаторите одговорија со емотивна порака: „Создадовме нешто што ги оствари сите наши соништа и ќе остане со нас засекогаш. Од денес станува трајно сеќавање“. На почетокот на минатата година, Кејтилин зборувала за време на собирањето средства за лекувањето и открила дека лекарите не можат ништо повеќе да направат. Таа рече дека сакала да собере пари за клиничко испитување за да може подолго да биде со својот тригодишен син, но болеста била посилна. Таа починала во саботата на 20 јануари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Добра вест за Македонија! Продолжуваме да градиме!Добра вест за Македонија! Продолжуваме да градиме, да поврзуваме и да создаваме нови можности! [🇲🇰], напиша на својот Фејсбук премиерот Христијан Мицкоски.Денеска започнаа градежните активности на автопатската делница Букојчани – Кичево. Денес e почетокот на изградбата на автопатската делница Букојчани - Кичево, уште еден значаен инфраструктурен проект и важен чекор кон нашата голема цел, целосно автопатско поврзување на Скопје и Охрид. Со реализацијата на проектите Кичево – Охрид, Гостивар – Букојчани, Тетово – Гостивар и Букојчани – Кичево, ја создаваме инфраструктурната основа за побрз транспорт, поголема безбедност, нови инвестиции и посилен економски развој на Македонија. По години одложувања и изгубени можности, Македонија заслужува дела, а не изговори. Додека опозицијата продолжува со празни критики и политички препукувања, нашиот одговор се конкретните проекти што ќе им служат на граѓаните и на идните генерации. Делата се нашата одлика, а развојот на Македонија е нашата обврска! Македонија се гради, се поврзува и оди напред! [🇲🇰]Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Добра вест за Македонија! Продолжуваме да градиме!12:46Мицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево09:08Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00Македонија го одбележува 11 Октомври15:16Собрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14
Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00
ФудбалХаланд: „Секогаш е тешко да се дојде на „Енфилд““Англискиот фудбалски гигант Манчестер Сити оствари голема победа на гостувањето кај Ливерпул во дербитона Премиер лигата, а по натпреварот играчите не го криеја задоволството од начинот на кој тимот одговори на тешкиот предизвик на „Енфилд“. Ерлинг Халанд, стрелецот на еден од трите гола, го опиша триумфот како посебен момент за тимот и го пофали заедничкиот придонес на сите играчи. „Тоа беше прекрасен момент што долго ќе ни остане во сеќавање. Беше тешко и исцрпувачки, но уште еднаш покажавме неверојатен карактер, од Донарума па сè до напаѓачите. Горд сум на сите“, изјави Халанд за „Скај Спортс“. Норвежанецот беше прашан и дали атмосферата на „Енфилд“ била понапната од вообичаеното. Тој не сметаше дека имало значителни отстапувања од нормалата, потсетувајќи на тежината на гостувањата кај Ливерпул. „Не баш. Секогаш е тешко да се игра овде, уште од ерата на Пеп и Клоп. Време е да останеме силни, да бидеме заедно и да го правиме она на што можеме да влијаеме – да играме добар фудбал и да се бориме еден за друг. На крајот на краиштата, тоа е единственото што можеме да го направиме“, рече напаѓачот на Сити.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Продолжува инфраструктурниот развој во Ѓорче Петров со нови 10 километри коловози, две градинки, 22 училници....Продолжува инфраструктурниот развој во Ѓорче Петров со нови 10 километри коловози, две градинки, 22 училници, мега-парк на кејот на Вардар, три фитнес зони.Општина Ѓорче Петров посветено продолжува со реализација на проекти во образованието, детската заштита, патната инфраструктура и уредувањето на јавните простори, со фокус на подобрување на условите за живот на граѓаните. Еден од главните приоритети е подобрувањето на условите во училиштата и градинките, со цел создавање услови за поквалитетна настава и воведување едносменска настава во основните училишта. И токму затоа во тек е изградба на вкупно 22 нови училници во три училишни објекти, шест во ООУ „Страшо Пинџур“ во Даме Груев, осум во ООУ „Јоаким Крчоски“ во Волково и осум во подрачното училиште „Димитар Поп-Георгиев Беровски“ во Хром. А, паралелно се инвестира и во подобрување на училишните услови, опремувањето на кабинетите и модернизацијата на системите за греење, при што во соработка со УНОПС се планираат активности за надградба на системите за греење во сите шест основни училишта и во објекти на три детски градинки, со примена на современи топлински пумпи. Значајни инвестиции се реализираат и во детската заштита, така што во Дексион се гради нова детска градинка со капацитет од 120 деца, а продолжува и изградбата на градинката во Стопански двор, исто така со капацитет од 120 деца кој ќе располага и со централна кујна и магацински простор за потребите на ЈУДГ „Росица“. Од друга страна, општината продолжува со мерки за финансиска поддршка на граѓаните, за првачињата се обезбедени бесплатни ранци, училиштен прибор и еднократна финансиска помош од 3.000 денари, за полуматурантите поддршка од 5.000 денари, додека за младите на возраст од 18 до 25 години е предвидена програма за субвенционирање на полагањето возачки испит од Б-категорија во износ од 10.000 денари. Финансиската помош за новороденчиња е зголемена на 8.000 денари, поддршка од по 10.000 денари добиваат и учениците со попреченост во основното образование, а во мај беше отворен Центарот за дневен престој и индивидуален третман, наменет за стручна грижа и индивидуални третмани за деца и возрасни со попреченост. Изминатата година посветено се работеше и на патната инфраструктура, при што изградени се повеќе од 10 километри нови коловози, улици и улични краци. Меѓу значајните инфраструктурни зафати е реконструкцијата на улицата „Воин Драшкоци“ во Хром, изградба на канализациска мрежа на улиците 31 и 37 во руралниот дел на општината, реконструкцијата на улицата 101 во Волково и уредувањето на последната автобуска станица на линијата 22, во соработка со Град Скопје. Во населбата Александрија е поставена нова топловодна инфраструктура за поекономично и поеколошко централно греење, паралелно се работи и на ново улично осветлување и проширување на мрежата, изградени се три фитнес зони на отворено, а започнува и изградбата на новиот мега-парк „Македонија“ на кејот на реката Вардар, во близина на фудбалското игралиште Македонски лавови. Во областа на енергетската ефикасност се поставија фотоволтаични централи на училишните објекти, со вкупен капацитет од 2,2 MW, проект што се реализира преку јавно-приватно партнерство, кој освен заштеди треба да обезбеди и дополнителен годишен приход во општинскиот буџет од најмалку седум милиони денари. Развојот на општина Ѓорче Петров ќе продолжи и понатаму со фокус на инфраструктурата, образованието, поддршката на семејствата и создавањето поквалитетни јавни простори, со цел да биде место каде граѓаните ќе имаат подобри услови за живот, ќе создаваат семејства и ќе ја градат својата иднина. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter