ФудбалСуспензија од два меча за албанскиот фудбалер Даку од УЕФА за навредите кон Македонците Европската куќа на фудбалот УЕФА му изрече казна на албанскиот репрезентативец Мирлан Даку поради неговото скандалозно однесување и навреди кон Македонците и Србите по мечот Албанија - Хрватска на ЕУРО 2024 .Европската куќа на фудбалот УЕФА донесе одлука по дисциплинската постапка за албанскиот репрезентативец Мирлан Даку по неговото скандалозното скандирање и однесување по завршување на натпреварот меѓу Албанија и Хрватска во Хамбург на ЕВРО 2024. Даку е казнет со два меча суспензија од УЕФА поради националистички скандирања „Е.и ги Македонците…, е.и ги Србите…“ по дуелот со Хрватска. По добиената суспензија од УЕФА, Даку ќе го пропушти утрешниот натпревар на Албанија против Шпанија во последното коло од групната фаза, но и евентуален осминафинален дуел на ЕВРО 2024, доколку Албанија успее да се пласира во следниот круг. Поради скандалозните навреди кон Македонците и Србите, Даку ќе биде казнет и од својот клуб рускиот Рубин Казан, кој синоќа објави дека фудбалерот сигурно ќе добие финаниска и друг вод на казна. – Етичко-дисциплинската комисија на УЕФА донесе одлука во врска со инцидентот што се случи по завршувањето на натпреварот меѓу Албанија и Хрватска на ЕП 2024 година на кој учествуваше напаѓачот Мирлинд Даку. Комисијата на УЕФА одлучи да го суспендира албанскиот фудбалер на два натпревари, тој нема да може да настапи на следниот натпревар против Шпанија, кој е закажан за в понеделник на 24 јуни во Дизелдорф – објави ФС Албанија. Казна од УЕФА од 47500 евра поради инцидентите на албанските навивачите во Хамбург, доби и Фудбалски сојуз на Албанија. Казната е за употребата на пиротехнички средства од страна на нивните навивачи, за упадот на терен како и за несоодветните националистички пораки за време на натпреварот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаТри маскирани лица ограбиле обложувалница во ЧаирОграбена обложувалница во Чаир, тројца вооружени со маски му се заканувале на вработениот.Три маскирани лица ограбиле спортска обложувалница на подрачјето на Чаир во Скопје, при што со огнено оружје му се заканувале на вработениот, објави ТВ21. Според информациите од полицијата, случајот бил пријавен на 30 октомври, во 23:54 часот. „Три лица од машки пол, со закана со огнено оружје, му ги одзеле на вработениот парите од дневниот промет“, соопшти МВР. Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и идентификување на сторителите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
МакедонијаДИК: Заврши гласањето на болните и немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор Заврши гласањето на болните и немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор за вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница. Според податоците пристигнати до Државната изборна комисија, од вкупно 9 пријавени лица за гласање во казнено поправните установи во државата, гласале вкупно 8 лица. Од вкупно 107 болни или немоќни лица со право на глас, правото на глас го оствариле 104 лица. Гласањето во текот на денот се одвиваше без проблеми и секој гласач имаше можност слободно да го оствари своето право на глас.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
МакедонијаПредизборен молк пред вториот круг на предвремените избори за градоначалник во БрвеницаСпоред информациите од Државната изборна комисија вкупно107 болни и немоќни лица денеска можат да го остварат своето право на глас. Таква можнмост имаат и 9 лица кои се наоѓаат на издржување казна затвор.Гласањето на затворениците се спроведува во три Казнено-поправни установи на територијата на државата, лоцирани во скопје, штип и тетово. Гласањето започна утринава во 7 часот, а вториот круг од изборите во Брвеница ќе го следат вкупно 61 акредитиран набљудувач, од кои 56 се домашни, а пет се меѓународниКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook