МФ: Усвоен Ребалансот на Буџетот – Продолжува поддршката на инвестициите, локалниот развој и политиките за економска стабилност
1МФ: Усвоен Ребалансот на Буџетот – Продолжува поддршката на инвестициите, локалниот развој и политиките за економска стабилност
БалканСуспендирани над 6.000 ученици во Грција поради користење мобилен телефон за време на наставаОд почетокот на учебната година во Грција, поради употреба на мобилен телефон за време на наставата суспендирани биле 6.043 ученици, според министерот за образование, религија и спорт Кирјакос Пиеракакис, јави дописничката на МИА од Атина.Во интервјуто за радиото „Скај“, надлежниот министер истакна дека мерката воведена за првпат оваа година има „спектакуларно добро“ влијание и е прифатена од училишната заедница. На 11 септември започна новата учебна година во Грција, една од новините воведени беше и забраната за користење на мобилните телефони за време на наставата, а кога беше презентирана мерката, грчкиот премиер истакна дека слоганот оваа година е „мобилниот во ранец“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВодата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20Гостивар се очекува денеска да добие техничка вода 08:11Скопје се сеќава- 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-тата15:35Скопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-та08:43
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
ЕкономијаМФ: Усвоен Ребалансот на Буџетот – Продолжува поддршката на инвестициите, локалниот развој и политиките за економска стабилностСобранието денеска го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година.Собранието денеска го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година со кој се обезбедуваат повеќе средства за развој и капитални инвестиции, поддршка на земјоделството, социјалната заштита, општините и реализација на развојните приоритети на Владата, како и за непречено исполнување на законските обврски. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во експозето по предлогот истакна дека тој претставува навремено и одговорно усогласување на буџетските проекции со новите економски околности, како и за обезбедување средства за исполнување на законските обврски кои во меѓувреме се случуваа и реализација на развојните приоритети согласно степенот на нивната реализација. Со Дополнетиот ребаланс вкупните приходи се ревидираат на 379,5 милијарди денари, што претставува зголемување од 1,2 проценти во однос на иницијалниот Буџет. Вкупните расходи се ревидираат на 425,8 милијарди денари или повеќе за 2,8% од првичните проекции. Буџетскиот дефицит е проектираниот на 46,3 милијарди денари или 4,1% од БДП. „Со овие измени обезбедуваме средства за исплата на зголемените плати во секторите каде што е предвиден раст, дополнителна поддршка за земјоделството, повеќе средства за социјална заштита и за општините. Она што особено го издвојува овој ребаланс е обезбедувањето дополнителни средства за забрзување на инвестицискиот циклус и реализацијата на инфраструктурните проекти“, рече министерката. Таа додаде дека измените се насочени кон продолжување на политиките за економска стабилност, развој и одговорно управување со јавните финансии и потенцира дека денес со изгласувањето на Ребалансот продолжува инвестицискиот циклус, изградбата на инфраструктурата, поддршката за локалниот развој и се обезбедува сигурност и предвидливост за граѓаните и стопанството. Со ребалансот се обезбедуваат 5,8 милијарди денари повеќе средства за капитални инвестици и се проектирани на ниво од 46 милијарди денари што е 14,3% повеќе во споредба со иницијалниот буџет, а заради забрзаната динамика на реализација на капиталните проекти. Имено, во првата половина од годината реализацијата на капитални расходи достигна 19,4 милијарди денари, што претставува раст од 53,5 проценти во однос на истиот период минатата година. Зголемувањето на ставката за капитални расходи и инвестиции во инфраструктурата е причината за корекцијата на дефицитот од 0,6 процентни поени во однос на иницијалната проекција на буџетскиот дефицит. Средствата се насочени кон реализација на проекти коишто директно го подобруваат животот на граѓаните и ќе создадат економски придобивки во наредните години. Планирано е финансирање проекти во патната инфраструктура и железничката инфраструктура, во областа на животната средина и комуналната инфраструктура, енергетика, образованието и детската заштита, земјоделство, правосудството, како и средства за капитални проекти во општините, односно поддршка на локалниот развој. Со ребалансот се обезбедени дополнителни средства за сервисирање на најприоритетните обврски коишто произлегоа од потпишаните колективни договори, односно за повисоки плати, повеќе средства за земјоделството, како и за социјалната заштита. Дополнително, преку вградувањето на амандманите, се обезбедија средства за жените коишто вршат земјоделска дејност, средства за воспоставување национална СОС линија за поддршка на жртвите на родово и семејно насилство, како и средства за отворање и ставање во функција на два згрижувачки центри за жртви на семејно и родово базирано насилство. Исто така, дополнителни 6 милиони денари се обезбедија за транспорт на вода за населението во Гостивар поради прогласената епидемија, 1 милион денари за Управата за извршување на санкции; 10 милиони денари во МОН за реконструкција на факултети, 12 милиони денари во Јавното обвинителство за продолжување на лиценца за набавка на софтвер, 170 милиони денари се во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство за изградба на дистрибутивни центри во Скопје и Струмица и реновирање и адаптација на зградата на ИПАРД, како и 80 милиони денари во Агенцијата за стокови резерви. Растот на БДП за 2026 година со Ребалансот е проектиран на 3,5%. Одделение за односи со јавностКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОЈО: Притовр за четири лица за илегална трговија со дрога во СкопјеОсновното јавно обвинителство Скопје нареди да се спроведуваат истражни постапки против вкупно четири лица кај кои во текот на викендот беа откриени одредени количества наркотична дрога.Основното јавно обвинителство Скопје нареди да се спроведуваат истражни постапки против вкупно четири лица кај кои во текот на викендот беа откриени одредени количества наркотична дрога, со што беа исполнети елементите на кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори согласно член 215 став 1 од Кривичниот законик. Во првата истрага се опфатени татко и син, на возраст од 50 и 19 години, кои во домот на ул. „Македонско-косовска бригада“ заеднички држеле околу пет килограми марихуана, спакувани во повеќе ќеси и наменети за натамошна продажба. При претресот во нивниот дом полицијата пронашла и три дигитални ваги со траги од дрога. Истрага е поведена и против 25-годишник од Арачиново кој неовластено заради продажба држел околу 1,8 килограми марихуана спакувана во десет пакувања и една дигитална вага, кои му биле пронајдени при претрес и одземени. За истото кривично дело осомничен е и 23-годишен жител на Аеродром, кој во напуштена подрумска просторија на булеварот АСНОМ, осомничениот заради продажба неовластено држел 640 грама психотропна супстанција амфетамин, 541 жолти таблети, како и 0,15 грама жолта грутчеста материја која претставува 3,4-метилен-диоксиметамфетамин. Кај него биле пронајдени и 69 перфорирани жолти картончиња со присуство на ЛСД, како и дигитални ваги и други предмети на кои имало остатоци од психотропни супстанции, кокаин и канабис. За сите четворица осомничени јавниот обвинител достави предлог за определување мерка притвор до надлежниот суд, соопштуваат од Обвинителството.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВодата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20Гостивар се очекува денеска да добие техничка вода 08:11Скопје се сеќава- 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-тата15:35Скопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-та08:43
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
СветПоранешниот претседател на Јужна Кореја е осуден за лажење во изборната кампања Јужнокорејскиот суд денеска го осуди поранешниот претседател Јун Сук Јеол на 18 месеци затвор,условно на три години, откако го прогласи за виновен за кршење на изборниот закон со давање лажни изјави за време на претседателската кампања во 2022 година.Доколку пресудата биде потврдена по жалба, може да ја принуди партијата на Јун да врати околу 27 милиони долари, или 39,7 милијарди јужнокорејски вони, што ги доби од Националната изборна комисија по неговата претседателска победа. Лажни изјави во кампањата Централниот окружен суд во Сеул утврди дека Јун дал лажни информации двапати за време на кампањата, помеѓу декември 2021 и јануари 2022 година. „Кога кандидатот лично објавува лажни информации на јавни настани со големо влијание, како што се дебати и интервјуа, влијанието врз донесувањето одлуки на гласачите е многу значајно“, рече судот во својата пресуда. Обвинителите побараа двегодишна затворска казна, додека Јун, кој негираше какво било кривично дело, планира да поднесе жалба на пресудата, рече неговиот правен советник. Партијата би можела да изгуби милиони Според изборниот закон на Јужна Кореја, политичките партии добиваат државна компензација за трошоците за кампањата ако нивниот претседателски кандидат победи или добие најмалку 15 проценти од гласовите. Доколку кандидатот последователно добие затворска казна или парична казна од најмалку еден милион јужнокорејски вони, партијата мора да ги врати примените средства.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter