3Десетгодишно дете од Скопје е тешко повредено откако било удрено од автомобил управуван од 70-годишна жена
ЖивотСуспендиран полски новинар-песната на Ленон на отворањето на ОИ ја нарече „визија за комунизмотТВП, полскиот јавен сервис, вчера соопшти дека Пшемислав Бабиаж е суспендиран и нема да му биде дозволено во живо да ги коментира спортските настани од Летните олимписки игри во Париз.Јавниот сервис на Полска вчера соопшти дека суспендирал новинар и спортски коментатор кој реагирал на изведбата на легендарната песна на Џон Ленон „Замисли“ („Imagine“) на отворањето на Олимписките игри со тврдење дека се работи за еден вид „визија на комунизмот“. ТВП, полскиот јавен сервис, вчера соопшти дека Пшемислав Бабиаж е суспендиран и нема да му биде дозволено во живо да ги коментира спортските настани од Летните олимписки игри во Париз. Во песната Ленон пее за имагинарен свет без рај и пекол, без држави, религија и приватна сопственост. „Замисли сите луѓе да живеат за денес, замисли сите да живеат во мир, можеби ќе речеш дека сум сонувач, но не сум единствен …“ се зборовите во легендарната песна од 1972 година. - За жал, ова е визијата на комунизмот, рече Бабиаж за време на церемонијата на отворањето на Олимпијадата, што предизвика контроверзни коментари во Полска. Објаснувајќи ја суспензијата, ТВП во соопштението наведе: „Заемно разбирање, толеранција, помирување – тоа не се само основните идеи на Олимпијадата, туку и основата на стандардите кои ја водат новата полска телевизија. Нема причина да се прекршуваат“. Конзервативниот претседател Анджеј Дуда и поранешниот премиер Матеуш Моравјецки беа меѓу првите кои реагираа за да го „заштитат“ суспендираниот новинар. - Вистината ќе се брани! Вашите постапки ќе бидат запаметени и цензурата ќе пропадне, напиша Моравјецки на Х. И некои коментатори блиски до политичката левица во Полска соопштија дека казната е престрога. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп: Канада е една од најлошите земји во светотАмериканскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Канада е „една од најлошите земји во целиот свет“. Оваа изјава доаѓа во време на зголемени тензии меѓу Вашингтон и Отава, кои ги оптоваруваат историски пријателските односи. „Проблемот е што тие се однесуваа многу неправедно кон Соединетите Држави. Тие беа една од најлошите земји во светот. Знаете, ние добро соработуваме со Кина, добро соработуваме со луѓето и склучуваме добри договори“, рече Трамп во Овалната соба. „Но, навистина беше многу тешко да се соработува со Канада. Тие воведоа царини од 400 отсто и повеќе за нашите земјоделци. Тие ја злоупотребуваат нашата доверба“, додаде тој. Трамп: Канада е една од најлошите земји во светот. Тие ја злоупотребуваат нашата доверба. Денес стапи на сила забраната на Трамп за увоз на канадски стоки во вредност од речиси една милијарда долари, што претставува нова ескалација на трговскиот спор меѓу двете земји. Забраната се однесува на млечни производи, моторни возила и низа алкохолни пијалаци од Канада. При потпишувањето на извршните налози за забраната, Трамп како причина ја наведе „дискриминацијата“ на американските производи. Односите меѓу САД и Канада се невообичаено лоши за време на вториот мандат на Трамп. Причината не се само трговските спорови, туку и потезите на претседателот насочени кон припојување на Канада кон Соединетите Држави. Ситуацијата ескалираше во август по неуспехот на трговските преговори, по што двете земји воведоа меѓусебни царини. Претходно овој месец, Карни истакна дека неговата земја премногу се потпирала на „лесни“ економски врски со САД. „Изминатите 40 години беа период на длабока економска интеграција со Соединетите Држави. Точно е дека тоа беше лесен пат, но нè направи премногу зависни од еден економски партнер. Јасно е дека тоа време помина“, изјави Карни во видео објавено на YouTube на почетокот на септември.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВладата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ Владата препорача работа од дома за вработените во осумте државни институции, лоцирани во административната зграда „Нова Македонија“, по поплавата која вчера се случи во објектот по пукање на топловодна цевка. Поради ризикот за електричните инсталации, од безбедносни причини исклучена се и струјата и водата.. Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата. -Имајќи ги предвид последиците, особено продирањето на вода во дел од електричните инсталации, како и потребата од спроведување на сите неопходни технички и безбедносни проверки пред повторно ставање на објектот во редовна функција, владата донесе заклучок со кој се препорачува на институциите сместени во објектот да го реорганизираат своето тековно работење односно вработените привремено да ги извршуваат своите работни обврски преку работа од дома, без физичко присуство во зградата - информираат од владата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДесетгодишно дете од Скопје е тешко повредено откако било удрено од автомобил управуван од 70-годишна женаДесетгодишно дете од Скопје е тешко повредено откако било удрено од автомобил „шевролет“, управуван од 70-годишна скопјанка.Несреќата се случила во неделата околу 20 часот на крстосницата од улицата „Христо Татарчев” и улицата „Франк Харкорт Манинг” во Скопје. „Пријавено е дека 70-годишната М. Г. од Скопје, управувајќи патничко возило ‘шевролет’ со скопски регистарски ознаки, удрила во 10-годишно дете од скопје“,информираат од МВР. Детето се здобило со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Свети Наум Охридски” во Скопје.Тагови: сообраќајка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11