ЖивотСуша го зафати Виетнам, можно зголемување цената на еспресото и инстант кафето на глобално нивоВиетнам, вториот најголем производител на кафе во светот, го погоди силна суша, што доведе до загриженост за зголемувањето на цените на еспресото и инстант кафето на глобално ниво.„Виетнамската трговска берза очекува производството на кафе да се намали меѓу 10 и 16 отсто поради екстремните жештини што ја погодија земјата меѓу март и почетокот на мај“, рече Нгуен Хуу Лонг, кој одгледува кафе на плантажа од 50 хектари во Гиа Лаи, една од најдобрите провинции за производство на кафе во Виетнам. Иако времето е подобрено во последните недели, останува нејасно дали тоа ќе помогне да се зголеми производството и да се намалат цените на зрната робуста, сортата која најчесто се среќава во еспресото и инстант кафето, чиј најголем светски производител е Виетнам.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотГаличка свадба 2026 - Александар и Мартина ја крунисаа љубовта со вековните галички обичаиВо раскошни мијачки носии и според обичаите кои со генерации се пренесуваат, Александар Пендароски и Мартина Михајлова ја крунисаа својата љубов, станувајќи дел од вековната приказна на Галичката свадба. Но, нивната свадба годинава не е само продолжение на традицијата, таа е и продолжение на посебна семејна приказна. Пред точно 35 години, на првата современа Галичка свадба, судбоносното „да“ го кажале и родителите на младоженецот. Денес, истата чест му припадна и нему, правејќи ја оваа свадба единствена по својата симболика. Тесните галички сокаци беа исполнети со бројни посетители, домашни и странски, кои имаа можност да бидат дел од овој посебен ден. Атмосферата и чувството да се присуствува на Галичката свадба го опишаа како незаборавно и прекрасно искуство. Главните свадбарски обичаи започнаа уште во раните утрински часови. Според вековната традиција, меѓу обичаите се бричењето на зетот, гледањето низ прстен, но и одењето по вода од трите галички чешми. Откако невестата ја напушта родната куќа, свадбената поворка, придружена од звуците на зурлите и тапаните, минува низ преполните галички сокаци.. Младенците судбоносното „да“ го кажаа во црквата „Св. Апостоли Петар и Павле“, а веселбата продолжи со изведба на мијачки песни и традиционална музика, со кои и годинава беше заокружена една од најпрепознатливите македонски традиции. Токму еден од највпечатливите моменти е изведбата на традиционалните македонски ора по венчавањето. Младенците се закитија и со бројни дарови, меѓу кои и пафта со мотив од Галичник од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова... Галичката свадба се одржува секое лето и претставува една од најзначајните културни манифестации во земјава, која повеќе од шест децении го зачувува автентичниот свадбениот обред, песните, ората и носиите на Мијаците. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаИзборниот законик и европската перспектива во фокус на партиските обвинувањаПо вчерашните прозивки на премиерот Христијан Мицкоски, и лидерот на СДСМ Венко Филипче, партиските штабови и денеска продолжија со меѓусебни обвинувања за Изборниот законик и европскиот пат. На три дена до истек на крајниот рок од исполнување на реформската агенда, од владејачката партија ја повторија нивната позиција дека опозицијата треба да пресече што побрзо и да постигнат договор за нов изборен законик за да се заокружи списокот на обврски. Велат условот за дијаспората останува ист, во спротивно доколку останат старите изборни правила, од ВМРО-ДПМНЕ потенцираат дека одговорноста нема да е нивна. -Наместо Македонија да покаже политичка зрелост и да испрати порака дека најважните закони можат да се носат со договор, опозицијата избра конфронтација и дневнополитички пресметки. ВМРО-ДПМНЕ и понатаму останува на ставот опозицијата да седне и да се договори што сака, а ние тоа веднаш ќе го прифатиме, само да се олесни гласањето на дијаспората. Одлуката да не се искористи оваа можност и на следните избори повторно да бидеме со стариот ИЗ е исклучиво одговорност на СДС, Левица и ДУИ. - Валентин Манасиевски – портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Од опозициската СДСМ пак им забележуваат дека целосно кренале раце од евроинтеграциите на Македонија. Потврда за тоа биле изјавите на премиерот Мицкоски, за кој од партијата на Филипче велат дека бара изговори и алиби за неуспех во испорака на вистински реформи. -Христијан Мицкоски вчера потврди дека е подготвен да ја жртвува Македонија, и кажа збогум на Европа и порача дека ќе чека покана. Со децении да чекаме заглавени додека регионот оди напред. Мицкоски призна дека тој и неговата криминална организација ВМРО, не сакаат Македонија да биде членка на Европската Унија. Не затоа што не веруваат во Европа, туку затоа што се плашат од тоа што Европа го носи: независно судство, европско јавно обвинителство и одговорност за сите оние што ја ограбиле и ја уништиле државата. - Богданка Кузеска – портпаролка на СДСМ Дали ќе има договор до среда за Изборниот законик најверојатно ќе се знае утре по понеделничката собраниска координација на партиите. Од Левица најавија дека утре ќе се состанат со останатите опозициска партии за да ги усогласат ставовите за Изборниот законик. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести16-годишник со нож тешко повредил 14-годишник во Сарај15:09Успешно евакуирани три лица од непристапен терен на Бистрица на Шар Планина11:10Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26Мицкоски во посета на Општина Охрид09:47
Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06
Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26
МакедонијаУтре ден „Д“ за имињата на улиците на Тетово и за судбината на општинскиот совет Ќе има ли расплет за преименувањето на тетовските улици на утрешната седница на општинскиот совет? Откако Уставниот суд ја поништи одлуката од 2007ма година за која Општина Тетово не добила согласност од Владата за менување на имињата, сега пред актуелниот состав е нова иницијатива од ДУИ. Во неа повторно се предлагаат имињата кои беа во осопорената одлука, но дел се сосема други улици, па затоа предлогот го третираат како целосно нов и очекуваат да биде прифатен од советниците. Од партијата на Ахмети за Канал 5 велат дека тој потег не би предизвикал распуштање на советот, иако според Законот за локална самоуправа, Советот се распушта ако повторно го донесе прописот кој претходно бил поништен или укинат со одлука на Уставниот суд. Политичкиот аналитичар Љуљзим Фаризи оценува дека неизвесно е дали воопшто оваа точка ќе биде ставена на дневен ред за да се расправа и гласа, а според него неизвесно е како тоа ќе се рефлектира при евентуални нови избори за совет. -И истите се обидуваат од тоа да профитираат, односно ДУИ што ја има направено грешката во минатото, да се обидат да ја поправат но за политичка цел. Но од тоа што вчера видовме дека имаше многу мал број кои излегоа на тој протест, се разбира дека двете структури ќе тактизираат за одлуката утре, но топката е во Влен кои ќе одлучуваат дали ќе одат на предвремени избори за советот на Тетово или не.- Љуљзим Фаризи – политички аналитичар Протестниот марш против одлуката за променетите имиња на улиците кој синоќа се одржа во Тетово беше во организација на ДУИ. Учесниците носеа пароли „Историјата не се брише и улиците зборуваат албански“, Ова е Тетово, а не Белград“, „Титовлен“, пораки кои на крајот ги залепија на влезот од општинската зграда. Денеска од Уставен се огласија преку писмена реакција- да не се политизираат одлуките на судиите, судот нема да подлегне на политички притисоци. -Посебно сакаме да нагласиме дека за Судот нема никаква релевантност какви и кои се имињата на улици, школи, инфраструктурни објекти и слично. Тоа се политички одлуки кои ние не ги цениме, но она што е важно за Судот и за граѓаните е дали тие одлуки се донесени во законски пропишана постапка. - велат од судот. Освен во Тетово, иницијатива за промена на улици со имиња на борци на ОНА има и во Чаир, Командант Тели и Зекирија Хасани. Советот дал согласност, но засега нема одговор дали имало и Бадентерово мнозинство, како што налага законот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести16-годишник со нож тешко повредил 14-годишник во Сарај15:09Успешно евакуирани три лица од непристапен терен на Бистрица на Шар Планина11:10Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26Мицкоски во посета на Општина Охрид09:47
Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06
Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26