3Кирјас со остар настап пред европските либерали: 2026 не е 2001, ЕУ мора повторно да стане атрактивна и да престане со надменост!
ЖивотСурово: Да знаев дека ќе родам дете со посебни потреби, ќе го абортирав Познатата британска старлета Кејти Прајс (37) за прв пат проговори за животот со дете со посебни потреби.Оваа изјава шокира многумина. Имено, Прајс прв пат јавно изјави дека најверојатно би ја прекинала бременоста кога би знаеле какви одрекувања со себе носи животот со дете со посебни потреби. За сето ова да не звучи толку сурово, Кејти изјави дека на тоа би се одлучила доколку би била помлада, но денеска размислува за посвојување на уште едно дете со пречи во развојот. Тринаесет годишниот син на Кејти, Харви е слеп и страда Прадер-Вилиев синдром поради што постојано чувствува глад. Харви страда и од аутизам и уште неколку нарушувања во однесувањето, а има проблеми и со движењето. „Кога останав бремена со Харви бев многу млада. Да знаев тогаш дека ќе биде слеп, без оглед на тоа колку сурово ова звучи, ќе ја прекинев бременоста. Знам дека ова звучи ужасно“ – изјави таа. ❤❤❤ A photo posted by Katie Price (@officialkatieprice) on Feb 25, 2016 at 4:12am PST „Сепак, доколку сега останам бремена и кога би ми рекле дека моето дете ќе има некаков проблем, би го задржала. Сега дури и би посвоила дете со посебни потреби. Се додека не се најдете во таа ситуација не знаете ништо“ – изјави Прајс. Кејт често зборува за својот син со посебни потреби и истакнува дека ништо не би менувала на него. „Го обожавам и никој никогаш не би требало да се срами од своето дете со посебни потреби“ – изјави таа во една претходна прилика. Кејти го роди Харви во 2002 година додека беше во љубовна врска со фудбалерот Двајт Јорк. После Харви, Прајс роди уште четири деца.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАкциски контроли на подрачјето на Центар во Скопје, констатирани повеќе прекршошциЗа сите констатирани прекршоци ќе следуваат соодветни санкции.На 14/15.11.2026 во периодот од 22:00 до 07:00 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар со Државниот пазарен инспекторат спроведоа акциска контрола, при што се констатирани 18 прекршоци по Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, 12 лица се лишени по член 215 од Кривичниот законик, едно лице е лишено за безобѕирно управување моторно возило, три лица се лишени по член 204 од Кривичниот законик, а пет лица се приведени по член 4 и член 6 од ЗППЈРМ. Исто така, за време на активноста бе аизвршени контроли во неколку угостителски објект, при што во еден од нив беа затекнати седум малолетници кои консумираат алкохол. Додека, пак, забележано е дека тобако продава алкохол на малолетници, по што заедно со ДПИ се преземени мерки за санкционирање. Во истиот период, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје спроведоа контрола на настна техно журка, одржана во подземен паркинг Кресненско востание, при што 65 лица се легитимирани, а извршен е преглед на 13 возила, а е едно лице е лишено по член 215 од Кривичниот законик. За сите констатирани прекршоци ќе следуваат соодветни санкции.Тагови: Акциски контроли Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТехнологијаИсториски успех: „SpaceX“ за прв пат го фати „Starship“ (ВИДЕО)Вселенскиот брод „Starship“ на „SpaceX“ се врати на Земјата во саботата, а џиновските механички раце го фатија во воздух над истата локација во Тексас од која полета 22 часа претходно.Тоа беше прв пат ваков маневар за заробување да биде успешно извршен, откако претходниот обид не успеа, пишува „France24“. They did it! SpaceX has just caught their Starship rocket for the first time ever, marking the first recovery of a conventional orbital rocket upper stage in history! This is one of the greatest engineering achievements in history. Congrats to the entire @SpaceX team! 🚀 https://t.co/9KAzAcd3e8 — Sawyer Merritt (@SawyerMerritt) November 14, 2026 Успех во сенка на неуспехот Иако заробувањето на самиот „Starship“ беше целта на која се надеваа Елон Маск и неговиот тим, компанијата не успеа да го спроведе планираното двојно заробување. Погонската фаза, позната како бустер, експлодираше кратко по лансирањето во петокот. Додека вселенскиот брод од не'рѓосувачки челик се спушташе вертикално кон лансирната рампа, остатоците од бустерот беа обезбедени во Мексиканскиот Залив. И покрај проблемот со бустерот, самото заробување на вселенскиот брод беше импресивно. „Можете ли да верувате?“, коментираше Ден Хуот, преносот во живо на „SpaceX“. „SpaceX“ вели дека успехот од саботата ја докажува целосната повторна употреба на „Starship“, што е клучен предуслов за идните мисии на Месечината и Марс. Иако петочниот бустер не успеа да се врати, компанијата успешно го сними три пати претходно, потврдувајќи ја функционалноста на методот. НАСА, исто така, одговори позитивно. Вселенската агенција го финансира развојот на „Starship“ со милијарди долари за да слетаат астронаути од мислијата „ Artemis “ на Месечината и да помогнат во изградбата на постојана база на Месечината до крајот на оваа деценија. Маск има поамбициозни планови, вклучително и лансирање на цела флота од вселенски бродови за изградба на град на Марс. Извор: Индекс.хрТагови: SpaceX Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПретрес во Радовиш, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лицеНа 14.11.2026 во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода С.В.(29) од Радовиш. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и предмети со остатоци од марихуана. За настанот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: дрога Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter