ЖивотСупертајфунот „Рагаса“ им се заканува на ФилипинитеФилипинскиот претседател Фердинанд Маркос Јуниор ѝ нареди на агенцијата за одговор при катастрофи да биде во целосна готовност и да ги мобилизира сите владини служби, бидејќи супертајфунот „Рагаса“ му се заканува на северот на земјата.Предупредувања за бурата се издадени низ цела источна и југоисточна Азија. Со ветрови од 215 километри на час и налети до 295 километри на час, „Рагаса“ помина низ островите Бабујан и се движи кон островот Калајан, зголемувајќи го ризикот од бранови повисоки од три метри, соопшти државната метеоролошка агенција. За островите Бабујан сè уште е активно предупредување за бура од висок степен, а на жителите им се советува да се држат подалеку од крајбрежните области и реките. На видео снимки од агенцијата за катастрофи се гледаат силни ветрови и обилни дождови во северната провинција Кагајан, кои предизвикуваат силни бранови и навалување на дрвјата. Владата ја прекина работата и наставата низ целиот регион на главниот град Манила и големи делови од островот Лузон поради предупредувања за прекин на електричната енергија, свлечишта и поплави. Авиокомпаниите откажаа дваесетина домашни летови, додека пристаништата ги прекинаа траектните услуги. Иако „Рагаса“ нема директно да го погоди Тајван, се очекува нејзините надворешни појаси да донесат обилни дождови на источниот брег на островот, кој е ретко населен. Тајван издаде предупредувања на копно и море, откажа 146 домашни летови и евакуираше повеќе од 900 луѓе од планинските јужни и источни области. И виетнамското Министерство за одбрана им нареди на своите сили да ја следат бурата и да се подготват за можен удар на копно подоцна оваа недела. Кинеските власти активираа мерки за контрола на поплави во неколку јужни провинции, предупредувајќи на обилни дождови кои почнуваат во вторник навечер. Хонг Конг најави 36-часовно затворање на аеродромите почнувајќи од вторник навечер, додека Макао и Џухај се подготвуваат за удар, со затворање на училиштата и подготовка на планови за евакуација. Во Хонг Конг, жителите утрово почнаа да се снабдуваат со секојдневни намирници. Долги редици се формираа во супермаркетите каде што производи како млеко веќе се распродадени, додека зеленчукот на пазарите се продавал за повеќе од трипати повисоки цени од вообичаените. Тагови: тајфун Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот во ПалиградНа терен е ангажиран голем број екипи и сили за гаснење на пожарот во реонот на Палиград и Китка.Во интервенцијата се вклучени 3 авиони и два пинцгауери на ДЗС, 1 хеликоптер на МВР, екипите на Противпожарната бригада на Град Скопје, како и екипите на Национални шуми. Директорот на ЦУК, Мухамед Али акцијата ја координира директно од терен. Сите екипи дејствуваат со засилен интензитет за локализирање и гаснење на пожарот, како и за спречување на неговото понатамошно ширење. Во моментов нема опасност за селото Палиград, ниту за другите села во подрачјето на Каршијак. Состојбата континуирано се следи, а сите екипи остануваат во целосна готовност за навремена реакција, со цел заштита на жителите и спречување на каква било потенцијална опасност.Тагови: ЦУК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПретрес во Крушево, пронајдена дрога и револвер, лишено од слобода едно лицеНа 22.08.2026 во 10:20 часот во Крушево, полициски службеници од ОВР Крушево го лишија од слобода К.Г.(58) од Крушево. При претрес во неговиот дом, извршен со судска нредба, биле пронајдени и одземени марихуана, стебла на канабис, семки и револвер. По целосно документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот во Палиград11:3073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска18:0073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска15:15Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:1043 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10
МакедонијаСДСМ: Потонаа сите лаги на ВМРО и Мицкоски за модуларната болница - да им се извинат на граѓанитеПет години ВМРО и Христијан Мицкоски ширеа лаги, конструкции и водеа политичка кампања против претседателот Венко Фулипче со монструозни обвинувања за модуларната болница.Ја злоупотребуваа трагедијата, ги злоупотребуваа болката и чувствата на семејствата кои ги загубија своите најблиски и бесрамно лажеа. Денеска сите тие лаги потонаа. Јавното обвинителство јасно утврди дека нема основа за одговорност на д-р Венко Филипче, нема злоупотреба на службената положба, нема штета на Буџетот, нема никаков криминал. ВМРО, Мицкски и 40% од медиумите од Орбановата мрежа водеа црна кампања, лепеа монструозни етикети, го нарекуваа Филипче убиец, Менгеле, се оцрнуваше лекар и професор кој целиот свој професионален живот го посветил на лекување пациенти. По пет години лаги, најмалку што можат да направат Мицкоски и ВМРО е јавно да се извинат. Да им се извинат на семејствата на загинатите чии болка и трагедија безмилосно ги користеа за дневнополитички поени. Да им се извинат на граѓаните кои пет години ги лажеа и манипулираа. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter