Борозан: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните
1Борозан: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните
Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
2Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
БалканСупермаркетите во Грција ги симнуваат цените на 2.180 производи по интервенција на ВладатаПо иницијатива на грчката Влада, супермаркетите во Грција најавија намалување на цените на над 2.000 основни производи во просек за 8 отсто. Ова го објави генералниот директор на Сојузот на супермаркетите во Грција, Апостолос Петалас, по состанокот со министерот за развој, Такис Теодорикакис, јави агенцијата АНА-МПА. Иницијативата потекнува од Министерството за развој, а нејзината цел е да ги убеди трговските синџири да го намалат својот просечен профит кај овие производи во полза на општеството, а особено на ранливите групи. Телевизијата Скај прецизира дека намалувањето опфаќа 2.180 производи, од кои 1.074 се прехранбени производи, а 1.106 се од други категории. Од вкупниот број, 1.356 се сопствени брендови на синџирите, додека 824 се брендови на други компании. Намалените производи опфаќаат околу 10 отсто од вкупниот асортиман во супермаркетите. Новинарот Никос Филипидис за Скај соопшти дека намалувањето на цените ќе започне да биде видливо на рафтовите на продавниците кон крајот на седмицава. Овие производи ќе бидат специјално означени, а на етикетата ќе биде наведен и процентот на намалувањето. Целта на Владата е пониските цени да се задржат најмалку до крајот на годината. Тагови: грција супермаркети цени Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаБорозан: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓанитеСекој нов месец има нови поскапувања. Од наредната година се најавуваат и нови покачувања на струјата и парното. Во Европа се предупредува на нов удар поради раст на трошоците за енергија. Многу земји веќе преземаат мерки само владата на Мицкоски не прави ништо. Цела година ги остави граѓаните сами, дозволи цените да отидат до плафон, затоа што владата не ги воведе мерките што СДСМ ги предложи на почетокот на кризата. Трошоците за живот за македонските граѓаните од јануари до сега се зголемени за 4.000 денари. Во октомври синдикалната минимална кошничка е над 70.000 денари, а со кирија за стан од 60 квадратни метри изнесува скоро 90. 000 денари. Ниту три плати не се доволни да се покријат основните животни трошоци. Македонскиот работникот работи цел месец, а платата не му стигнува да преживее затоа има најниска плата во Европа. Платите не ги следат поскапувањата. Стандардот е на ниво на една третина од стандардот во ЕУ. Не трета економија во Европа туку една третина. Економските истражувања покажуваат дека на Македонија би и требале 52 години за да го достигне просекот на Европската Унија во благосостојбата. Околу 180.000 работници земаат плати помали од 31.200 денари месечно, минималната плата не мрда од 26 илјади денари. Арамијата Мицкоски го донесе народот до раб на преживување. Ја одби секоја мерка на СДСМ за помош на граѓаните. Одби 600 евра мининимална плата, ги одби мерките за заштита на животниот стандард. И во новиот ребаланс нема повисока минимална плата, нема 600 евра за работниците, нема мерки, нема помош за земјоделците. Има долгови, високи камати, а сметката ќе ја плаќаат граѓаните и идните генерации. За 4 милијарди евра арамијата Мицкоски го зголеми долгот за само две години, колку половина од вкупниот долг во изминатите 30 години. Оваа сурова реалност е свесна одлука на арамијата Мицкоски – работниците да работат за малку пари, и да бидат сиромашни. Арамиски ја троши државнат каса. Трупа долг врз долг, и прави ребаланс на ребалансот- не за граѓаните, туку за криминални партиски тендери, рече Маја Серафимовска Борозан од СДСМ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамФиат направи нов Папамобил- има црвен тепих и седиште на вртењеВо текот на протоколарните обврски при посетата на Уругвај, папата ќе вози во специјално адаптиран Фиат Титано, пикап кој до неодамна се склопувал во таа земја.Папата Лав XIV за време на неговата посета на Уругвај од 6 до 8 ноември, тој ќе користи специјално адаптиран Фиат Титано. Пикапот се претвора во папамобил со отворени страни, електрично склопливи скали и седиште кое може да се ротира и прилагодува по висина, пишува Motor1. За време на посетата, папата треба да ги посети Монтевидео, Пајсанду и Флорида. Возилото за неговиот транспорт се подготвува во објектите на Нордекс во Монтевидео, каде што специјализирани техничари и локални експерти вршат модификации според барањата на Ватикан. Бела кожа, црвен тепих и транспарентен покрив Отворените страни ќе им овозможат на собраните подобар поглед на папата. Покрај подвижното седиште, ќе бидат инсталирани уште две, а пристапот до задната платформа ќе биде олеснет со електрично склопливи скали. Седиштата и рачките ќе бидат покриени со бела кожа, додека подот ќе биде покриен со црвен тепих. За заштита од лоши временски услови е обезбеден транспарентен покрив. На предните страни од возилото ќе има знамиња на Ватикан, а на вратите грбот на Ватикан. Деталите на решетката на ладилникот, рамките на светлата за магла и делови од предниот и задниот браник исто така ќе бидат обоени во бело. Перформанси што не можат да се купат Папин Титано се разликува од серискиот модел по неговата единечна кабина. Ваквите перформанси не се достапни во ниту една јужноамериканска земја. Бразил, најголемиот пазар за овој модел, и Аргентина, каде што се произведува, нудат само верзија со двојна кабина. Интересно е и тоа што Титано воопшто не се продава во Уругвај. Нордекс го склопуваше таму до средината на 2025 година од делови увезени од Кина, но сродниот Рам Дакота се нуди на уругвајскиот пазар. Може да има дизел мотор со 200 КС Не е потврдено на која верзија е базиран идниот папамобил. Тркалата се совпаѓаат со оние на верзијата Volcano AT 4x4, која се продава во Бразил. Доколку тоа послужи како основа, Титаното на Папата ќе биде напојувано од 2,2-литарски турбодизел мотор со 200 КС и 450 Nm вртежен момент. Оваа верзија има осумстепен автоматски менувач и погон на сите четири тркала со автоматско вклучување и редуктор. Тагови: папамобил фиат Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Црна хроникаСо „Ролс-ројс“ возел со 194 км/час на автопатот Гостивар- Тетово, гостиварецот е приведен Мобилната единица на МВР со полициски пресретнувач откри возач кој управувал „ролс-ројс“ со брзина од 194 км/ч на автопатот Гостивар – Тетово.Вчера во 12:05 часот, на автопатот Гостивар – Тетово, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи, со специјално полициско возило – пресретнувач, регистрирале патничко моторно возило „ролс-ројс“ со тетовски регистарски ознаки, кое се движело со брзина од 194 километри на час, на делница каде што максималната дозволена брзина изнесува 80 километри на час. Возачот Б.М. (44) од Гостивар е лишен од слобода поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“, предвидено во член 297-а од Кривичниот законик. Преземени се соодветни мерки и активности, а против него ќе биде поведена соодветна постапка согласно закон. Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените сообраќајни контроли на територијата на целата држава, вклучително и со употреба на специјалните полициски возила – пресретнувачи, со цел навремено откривање и санкционирање на несовесните возачи, унапредување на безбедноста на патиштата и заштита на животот и здравјето на сите учесници во сообраќајот. Непочитувањето на ограничувањата на брзината претставува еден од главните фактори за предизвикување сообраќајни незгоди, кои неретко имаат сериозни последици по човечките животи, здравјето и имотот. Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со одговорно однесување да придонесат за поголема безбедност на патиштата, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook