3Манасиевски: Филипче, Заев и Ковачевски се првите другари на Вучиќ, не можат да се исперат колку и да пробуваат
СветСуперјахта со полна брзина удри во луксузен брод кај Бодрум, патниците врескаат (ВИДЕО)Се појавија шокантни снимки од суперјахта како удира во луксузен брод во близина на брегот на Турција додека преплашените патници врескаат.Видео кое кружи на социјалните мрежи покажува суперјахта вредна повеќе од 100 милиони евра како се движи кон друг брод во близина на брегот на Бодрум, Турција. Неколку моменти подоцна дошло до несреќа кога бродот удрил во преградата на моторната јахта. Wild footage shows $160m superyacht crash into luxury boat in #Turkey. Dramatic footage captures the moment a $160 million superyacht, 'Ice,' smashes into the smaller luxury yacht 'A . Mey' in Yalıkavak, Turkey, ripping off its stern. Follow us -> LiveLeak pic.twitter.com/RdKMoqKt3i — LIVE LEAK OFFICIAL ®️ (@Daily_News86) September 4, 2024 Засега не е познато како дошло до судирот, но помалиот чамец претрпел голема штета на крмата. Оние кои биле на бродот биле неповредени. На видеото се слушаат патниците како панично врескаат додека суперјахтата удира во нивниот брод. Крајбрежната стража започна истрага за несреќата. Несреќата се случила помалку од еден месец по трагедијата на брегот на Сицилија, кога суперјахта на милионер потона и однесе седум животи. Меѓу загинатите се и сопственикот на јахтата Мајк Линч и неговата ќерка Хана (18).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈанчев: Спасен коњот во Кавадарци- хуманоста се покажува со дела Случајот со измачениот коњ, кој се струполи на улица во Кавадарци, ја вознемири јавноста и уште еднаш ја потврди потребата од поголема одговорност, хуманост и доследна заштита на животните. Зад оваа слика стои страдањето на едно беспомошно суштество, изложено на нехуман третман. Но, случајот покажа и дека навремената реакција, емпатијата и соработката можат да направат вистинска разлика. На местото на настанот, една хумана сограѓанка без двоумење му помогнала на паднатиот коњ, ослободувајќи го од каишите и железните конструкции за кои бил врзан и обезбедувајќи му храна и вода. По пријавата, веднаш интервенираа и припадниците на МВР – ПС Кавадарци, со што беше овозможено преземање на неопходните активности за заштита на животното. Во решавањето на случајот значајна улога имаше и Агенцијата за храна и ветеринарство, во чии надлежности е постапувањето во случаи поврзани со заштитата и благосостојбата на животните. Благодарение на преземените активности и соработката на надлежните институции, коњот е одземен од сопствениците и е заштитен од натамошно малтретирање. Тоа е најважниот исход од овој случај. Општина Кавадарци упатува благодарност до Агенцијата за храна и ветеринарство, припадниците на МВР – ПС Кавадарци, активистите за заштита на животните и сите граѓани кои реагираа и придонесоа за заштитата на коњот. Истовремено, упатуваме јасен апел до сите граѓани: не премолчувајте и не останувајте рамнодушни кога сте сведоци на насилство, малтретирање или неодговорно постапување кон животните. Пријавете го секој ваков случај веднаш во полиција, за надлежните институции навремено да постапат. Заштитата на животните не завршува со разрешувањето на еден случај. Борбата против несовесното постапување мора да продолжи преку подигнување на јавната свест, институционална одговорност и доследно спроведување на законите. Нашата заедничка обврска е да градиме општество во кое суровоста нема да се премолчува, а грижата и почитта кон животните ќе бидат вистински вредности, потврдени со конкретни дела.- објави градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев. Тагови: Митко Јанчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаБожиновска: Инвестираме во знаење за посигурна и поодржлива енергетикаМинистерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, се обрати на Четиринаесеттата студентска конференција за енергетска ефикасност и одржлив развој – СКЕЕОР 2026.Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, се обрати на Четиринаесеттата студентска конференција за енергетска ефикасност и одржлив развој – СКЕЕОР 2026, нагласувајќи дека знаењето, науката и иновациите се клучни за изградба на сигурен и одржлив енергетски систем. Во рамки на посетата, Божиновска оствари средба со деканот на факултетот, на која се разговараше за унапредување на соработката меѓу академската заедница и институциите. Министерката истакна дека енергетската ефикасност, обновливите извори и модернизацијата на инфраструктурата се неопходни за економската конкурентност и одржливиот развој на државата. Притоа, нагласи дека технолошкиот напредок мора да биде проследен со инвестиции во образованието и стручните кадри. „Младите не се само идните инженери, истражувачи и носители на одлуки. Тие се генерацијата што уште денес може да понуди нови перспективи и иновативни решенија за предизвиците со кои се соочуваме“, нагласи Божиновска. Таа посочи дека студентските истражувања треба да најдат практична примена преку посилно поврзување на универзитетите, институциите и компаниите. „Инвестицијата во образованието, науката и младите стручни кадри е подеднакво важна како и инвестицијата во енергетската инфраструктура. На младите им требаат можности да ги тестираат своите идеи, да соработуваат со индустријата и да видат дека нивното знаење може да направи вистинска разлика“, порача министерката. Божиновска ги повика студентите и младите истражувачи да продолжат да развиваат иновативни решенија за поефикасно користење на енергијата, интеграција на обновливите извори и унапредување на конкурентноста на индустријата. Учеството на СКЕЕОР 2026 ја потврди важноста на соработката меѓу академската заедница, институциите и стопанството во создавањето нови знаења, развојот на стручните кадри и градењето одржлива енергетска иднина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМанасиевски: Филипче, Заев и Ковачевски се првите другари на Вучиќ, не можат да се исперат колку и да пробуваатФилипче, Заев и Ковачевски се првите другари на Вучиќ, не можат да се исперат колку и да пробуваат.Филипче во време на КОВИД кризата постилаше црвени килими за да пречека мала бројка на вакцини донирани од Вучиќ и со хвалоспеви да го поздравува. Сето тоа се случуваше затоа што Филипче сакаше да направи ќар од набавка на вакцини во Македонија. Во продолжение, да го погледнеме и видеото од истото. Почитувани, Заев на руски пранкери кажуваше лоши зборови за Вучиќ, па од кога тој повик излезе во јавноста му се извинуваше на самиот Вучиќ и велеше дека тоа што го говорел за него не било така. Понизно и со свиткана кичма. А потоа го пречекуваше на гранични премини, му се заблагодаруваше и го величаше на секој можен начин. Да го проследиме и тоа видео. Почитувани, За Ковачевски мислам дека не треба да говориме, тој беше главниот другар на Вучиќ со кого пееја и пиеја до раните утрински часови. Секако за Република Македонија придобивка немаше од истото. Да го погледнеме и третото видео. Почитувани граѓани, Српскиот свет во Македонија го промовираа Заев, Филипче и Ковачевски. Го промовираа и бугарскиот и рускиот, само не македонскиот. Затоа и граѓаните не им даваат доверба. Прочитани се. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕТагови: Валентин Манасиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter