Супериорниот Ферстапен ја освои Големата награда на Сао Паоло

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, ја потврди доминацијата сезонава во Формула 1, триумфирајќи вечерва во трката за Големата награда на Сао Паоло.

Холандскиот возач стартуваше од полпозицијата и ја зачува предноста до крајот на трката, минувајќи прв низ целта на патеката Интерлагос пред Ландо Норис (Мекларен) и Фернандо Алонсо (Астон Мартин).

За Ферстапен ова е 17. победа оваа сезона во која од поодамна ја обезбеди третата светска титула во серија.

Воедно, Ферстапен ја продолжи традицијата во тековната сезона во која победи на сите трки на кои стартуваше од полпозицијата

Следната трка, 21 во календарот за оваа сезона, ќе се вози на 18 ноември за ГН на Лас Вегас. /МИА

Бензема: Мбапе знае дека во Реал убиваат за 2-3 меча без постигнат гол

 Фудбалерот на Ал-Итихад, Карим Безема го сподели своето мислење за притисокот врз напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе.

- Мбапе знае дека има голем притисок во Реал Мадрид, таму те убиваат ако одиграш 2-3 натпревари без постигнат гол. При тоа, можете да ја освоите Златната топка, а потоа да не постигнете гол на три натпревари, го цитира Бензема, новинарот Фабрицио Романо на својата страница на социјалната мрежа.

Оваа сезона Мбапе на 14 натпревари во сите натпреварувања постигна осум гола и две асистенции. Последен пат 25-годишниот Французин погоди на гостувањето во Ла Лига со Селта Виго (2:1) на 19 октомври.

Мбапе веќе изложен на критики, како од медиумите, така и од стручниот штаб на „Кралскиот клуб“.

Вучиќ предлага референдум: Нема да останам претседател ако ја немам поддршката од народот

 Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во емисијата „Кирилица“ на телевизија „Хепи“ изјави дека оставката на министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ е чин на одговорност, но тој не го принудил на тоа.

- Веднаш рекоа дека Вучиќ го натерал да поднесе оставка, но морам да ги разочарам и да кажам дека не сум. Реков дека ќе ја почитувам волјата на премиерот и политичката и човечката чесност на Горан, но не го ни советував да го стори тоа, рече Вучиќ, кој на прашањето дали ќе има уште оставки, одговори дека тоа е сосема сигурно.

Тој рече дека Весиќ ќе остане во СНС и ќе продолжи „да работи и да се бори заедно“.

Тој рече дека на протестите по несреќата на Железничката станица во Нови Сад во која животот го загубија 14 лица, се бара „неговата глава“.

- Владата на Србија нема да ја урнете. Ви нудам решение и голема победа. Еве, дајте ни ги вашите 70-80 гласови во српското Собрание и ќе побараме од народот советодавно мислење на референдум за разрешување на Александар Вучиќ, рекол Вучиќ, пренесува Нова.рс.

Тој рекол дека нема да остане претседател доколку ја нема поддршката од народот.

- Ако 50 отсто од народот се согласи со тоа на референдум, јас нема да бидам претседател на Србија ниту еден ден. Јавно ветувам дека тој ден ќе поднесам оставка и ќе се оди на нови претседателски избори. Ако народот каже дека е за разрешување, не му треба процедура, тој ден ќе си поднесам оставка и не сум претседател. Така си ги решиле сите свои проблеми. Тоа можеме да го направиме во јануари, март или мај, изберете кога сакате, но не го малтретирајте овој народ, заклучи Вучиќ.

Силва за мечот со Спортинг: Ни недостасуваат многу играчи, но во Сити не бараме изговори

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити, Бернардо Силва ги сподели своите очекувања од натпреварот против Спортинг во 4. коло од Лигата на шампионите.

- Со оптималниот состав ние сме посилни, нема смисла тоа да се негира. Ни недостигаат многу неверојатни играчи, но нема да бараме изговори, не функционира така Сити. Пред неколку години Кевин де Брујне пропушти шест месеци, но ние ја освоивме титулата. Секогаш сме способни за ова, изјави Силва за сајтот на УЕФА.

Натпреварот Спортинг – Манчестер сити се игра вечер од 21 часот во Лисабон.

По три кола во елитното натпреварување Манчестер сити е на 3. место со седум бодови, Спортинг е на 8.место исто така со седум бода.

притисни ентер