Супер купот на УЕФА за европскиот првак ПСЖ - Канал 5

Супер купот на УЕФА за европскиот првак ПСЖ

 Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, му оддаде признание на Тотенхем против кого неговиот тим синоќа победи на пенали во Суперкупот на УЕФА.

Супер купот на УЕФА за европскиот првак ПСЖ

Европскиот шампион ПСЖ го освои Супер купот на УЕФА откако вечерва во Удине по изведување на пенали го совлада освојувачот на Лига Европа Тотенхем. Во регуларниот дел натпреварот заврши 2:2, а по изведувањето на пенали 4:3 за екипата од Париз.

Премирлигашот поведе во финишот на првото полувреме со голот на Мики Ван де Вен во 39.минута, а на почетокот на вториот дел екипата од Лондон го зголеми водството на 2:0 стрелец на голот беше Кристијан Ромеро.

Неизвесност во завршницата донесе Канг Ин Ли со голот во 85.минута, а голот за изедначување (2:2) го постигна Гонзало Рамош во 90+4 минута.

Енрике: Тотенхем одигра одличен натпревар, беа посилни од нас

Тотенхем до самиот финиш водеше со 2:0, но парижаните најпрво изедначија, а потоа беа поуспешни во пенал-серијата (4:3).

- Тотенхем одигра одличен натпревар, беа посилни од нас. Не знам дали овој резултат е фер, но тоа е фудбалот. Сè уште треба да се подобриме. Можевме да се бориме до крај, но сè уште можеме да се подобриме. Лукас Шевалие беше неверојатен и многу сум среќен за него. Ако треба да кажам нешто што беше важно за нас минатата сезона, тоа е нашето верување. Веруваме дека секогаш можеме да победиме. Многу сум среќен, и покрај фактот дека овој резултат можеби е нефер кон Тотенхем, изјави Енрике за веб-страница на УЕФА.

За ПСЖ, овој трофеј беше петти во 2025 година. Претходно, парискиот тим ја освои Лигата на шампионите, Лига 1, Купот на Франција и Суперкупот на Франција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан Мицкоски

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Благодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината.

Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Голферка во секси бикини

Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. 

Фото: Голферка во секси бикини

Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор.

Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува.

Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот.

Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание.

Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи.

Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува.

Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ.

Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер