Супер Џамбо во низок лет над стадион во Јоханесбург- за малку ќе ги допреше трибините (ВИДЕО) - Канал 5

Супер Џамбо во низок лет над стадион во Јоханесбург- за малку ќе ги допреше трибините (ВИДЕО)

Ербас А380 на авиокомпанијата Емирати извршил низок лет над Јоханесбург - најголемиот град во Јужна Африка - како дел од промотивна кампања.

Супер Џамбо во низок лет над стадион во Јоханесбург- за малку ќе ги допреше трибините (ВИДЕО)

Гледачите на рагби натпреварот помеѓу Спрингбокс и Ол Блекс во Емирати Парк беа почестени со спектакуларен прелет на А380 во саботата на 31 август. Супер Џамбо леташе ниско над стадионот пред почетокот на натпреварот помеѓу двата тима, а неговиот лет беше проследен со пиротехнички ефекти на теренот.

Големиот авион летал на височина од само 500 стапки или околу 152 метри, со брзина од 275 километри на час. А6-ЕОК полетал од аеродромот О.Р. Tambo International во 16:00 часот, а над стадионот се појавил 58 минути подоцна. По спектакуларниот прелет над главите на 62.000 љубители на рагбито, авионот се вратил на истиот аеродром од каде што полетал.

Од Emirates објавија дека се работи за промотивна кампања во Јужноафриканската Република во врска со воведувањето на нов дневен лет меѓу Дубаи (DXB) и Јоханесбург (JNB) со авион Ербас А380. Превозникот посочува дека ова е прв пат на Емирати во Африка.

Авиокомпанијата додава дека организацијата на овој лет траела со месеци и дека целиот настан бил координиран со локалните воздухопловни власти, контролата на летање и различни служби во рамките на Емирати.

Емирати моментално опслужува три дестинации во Јужна Африка. Авиокомпанијата го поврзува Дубаи со Јоханесбург, Дурбан (DUR) и Кејп Таун (CPT).

Повеќето летови на Емирати помеѓу ОАЕ и Република Јужна Африка се вршат со авиони Боинг 777, но рутата до Јоханесбург се оперира двапати дневно со авиони Ербас А380.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Запален автомобилот на Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ

Џип во сопственост на  мегапопуларната пејачка Александра Пријовиќ и нејзиниот сопруг, продуцентот и менаџер Филип Живојиновиќ бил запален во текот на ноќта на Бежанијска коса, пред нивниот семеен дом.

Запален автомобилот на Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ

Драма во текот на ноќта во елитната населба во белград, Бежанијска коса, каде интервенирала полицијата и екипа на итната помош

Џип во сопственост на мегапопуларната пејачка Александра Пријовиќ и нејзиниот сопруг, продуцентот и менаџер Филип Живојиновиќ бил запален во текот на ноќта на Бежанијска коса, пред нивниот семеен дом.

Автомобилот бил паркиран во непосредна близина на куќата на Александра и Филип, а пламените јазици го зафатиле возилото што се наоѓало до џипот.

Полициските службеници набргу започнале со истрага и прибирање траги што би можеле да помогнат во расветлувањето на сите околности на овој инцидент.

Сега влезот во семејниот дом на Прија и Филип е обезбеден од припадници на полицијата, а ролетните на прозорците од куќата се спуштени. Засега сè уште нема официјални информации за тоа како се случил инцидентот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Разговори за иднината во 12:05“ -Нелегално стекнатиот имот со политичката корупција мора да почне да се конфискува!

Новиот Кривичен законик е резултат на притисокот на Европската Комисија, која и во годинешниот Извештај за напредокот на Македонија забележи за крајно негативните последици од скандалозните измени на кривичното законодавство од 2023. 

Разговори за иднината во 12:05“ -Нелегално стекнатиот имот со политичката корупција мора да почне да се конфискува!

Во врска со најавата за донесување нов Кривичниот законик Организаторите на „Разговори за иднината во 12:05“ го соопштуваат следниот став:

Новиот Кривичен законик е резултат на притисокот на Европската Комисија, која и во годинешниот Извештај за напредокот на Македонија забележи за крајно негативните последици од скандалозните измени на кривичното законодавство од 2023. Факт е дека најавата за нов Кривичен законик е чекор напред во борбата против политичката корупција, но апсолутно не дава одговор како да се спроведе правдата и исполнат очекувањата на граѓаните.

Борбата против политичката корупција не смее да се сведе на гола реторика и обиди за перење совест за претходните гревови!

Тоа што едни наводно изразуваат каење и ги оценуваат измените на Кривичниот законик во 2023 како грешка, а другите сега популистички најавуваат нова казнена регулатива која наводно ќе важела само за сегашните нивни функционери, а не и за претходните, не ја менува горчливата правосудна реалност. Мнозинството граѓани со право се сомневаат дека меѓу актуелната власт и опозиција постои договор за меѓусебна амнестија. Да не заборавиме дека измените на Кривичниот законик во септември 2023 се усвоија во итна постапка, водена со ЕУ знаме, немаше ниту еден амандман од тогашната опозиција која направи кворум на гласањето, указот беше веднаш потпишан од тогашниот претседател на државата, а иницијативата за испитување на уставноста на овие измени и барањето за времена мерка со која ќе се стопираше примената на овие одредби беше конечно запрена од Уставниот Суд на 25 февруари 2026. Со скандалозните измени на Кривичниот законик се намалија затворските казни за злоупотреба на службената положба што отвори можност за брзо застарување на кривичните дела сторени со политичка корупција, се избришаа одредби кои предвидуваа казни за злоупотреба на јавни набавки и оштетувања на државниот Буџет. Проценката кажува дека околу 800 поранешни и сегашни носители на функции ги злоупотребуваат овие скандалозни измени на Кривичниот законик за ослободување од кривична одговорност.

Нема никаква дилема дека со скандалозните измени на Кривичниот законик од 2023 дел од политичарите - пазарџии и објавија војна на правдата во Македонија. Заради иднината на државата сметаме дека е дојдено крајно време од декларативни заложби да се премине на дела. Тоа и го должиме на актуелната младина и на генерациите кои доаѓаат. Корумпираните политичари без разлика на етничка, верска и партиска припадност мора да одговараат и покрај скандалозните измени на Кривичниот законик во 2023. Затоа, предлагаме:

После членот 112 од актуелниот Кривичен законик со кој се дефинира „незастарливост на кривични дела геноцид и воени злосторства“, да се додаде нов член 112-а со кој ќе се дефинира незастарливост на кривичниот прогон и конфискацијата на противправно стекнат имот и за кривичните дела сторени од сите избрани и именувани лица како и од јавни и државни службеници во централната и локалната власт кои располагаат со буџетски средства и државен капитал а кои со незаконито однесување и политичка корупција стекнале противправна имотна корист. Со ваква законска интервенција ќе се испрати јасна порака дека никогаш повеќе нема да има ниту јавна ниту скриена амнестија за политичари;

Во актуелниот Кривичен законик, во главата триесетта каде се дефинирани „кривични дела против службената должност“, во членот 359-а кој го дефинира кривичното дело „противправно стекнување и прикривање имот“ да се зголемат минималните казни затвор и тоа од шест месеци на три години и од една на пет години, а максималните казни затвор да се зголемат од пет на десет години и од осум на петнаесет години;

Конечно усвојување на посебен Закон за потекло на имот со кој ќе се создадат неопходните правни механизми за испитување на потеклото на движен и недвижен имот на сите сегашни и претходни избрани и именувани лица и нивните потесни семејства.

ОРГАНИЗАТОРИ НА „РАЗГОВОРИ ЗА ИДНИНАТА ВО 12:05“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈП Комунална хигиена-Скопје: Во текот на викендот опожарени четири контејнери за одлагање комунален отпад

Во текот на изминатиов викенд, непознати сторители опожариле четири садови наменети за одлагање на комуналниот отпад.

ЈП Комунална хигиена-Скопје: Во текот на викендот опожарени четири контејнери за одлагање комунален отпад

Опожарени се два пластични контејнера со зафатнина од 1,1 м3, лоцирани во населбата Ново Лисиче во скопската општина Аеродром, како и два метални контејнера со зафатнина од 1,1 м3, лоцирани на булеварот Македонско-косовска бригада во општината Чаир.

Со цел да не се наруши динамиката на одлагање, собирање и транспорт на комуналниот отпад, ЈП Комунална хигиена-Скопје во најкус можен рок опожарените садови ги замени со нови.

ЈП Комунална хигиена-Скопје апелира да престане уништувањето на садовите за одлагање отпад, со цел екипите на Претпријатието да можат навремено да ги извршуваат своите работни обврски на терен, согласно Оперативната програма за работа. Сите случаи на опожарување на контејнерите се пријавени до надлежните органи и се очекува да бидат преземени соодветни мерки за да се пронајдат и санкционираат сторителите.

Во текот на изминатата седмица, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија вкупно 760 кубни метри мешан комунален, кабаст и градежен отпад одложени на јавни и собраќајни површини во сите скопски општини. Најголемо количество отпад од диви депонии – вкупно 190 кубни метри, е расчистено во општината Центар.

Воедно, во ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ во општината Кисела Вода, беа реализирани еко-предавања за правилно постапување со отпадот и придобивките од неговата примарна селекција. Со едукативните активности беа опфатени вкупно 100 ученици од четвртите одделенија во училиштето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер