Десетгодишно момче од Украина му подари на градоначалникот Митко Јанчев знаме и ознака од воената единица на својата мајка
1Десетгодишно момче од Украина му подари на градоначалникот Митко Јанчев знаме и ознака од воената единица на својата мајка
Шоу бизСуки Вотерхаус и Роберт Патинсон станаа родителиГлумицата и модел, Суки Вотерхаус и нејзиниот свршеник Роберт Патинсон го добија своето прво дете. Парот е сликан од папараци при лежерна прошетка низ Лос Анџелес, додека глумецот турка светло-розова бебешка количка, па официјално непотврдените наводи говорат дека двојката има ќерка. Инаку, Суки и Роберт не споделуваат премногу со јавноста за нивната врска. Сепак, пред само неколку недели, новопечената мајка сè уште го имаше трудничкиот стомак. Глумците се во врска нешто повеќе од пет години. На крајот на минатата година западните медиуми објавија дека тие се свршиле откако Суки била фотографирана со дијамантски прстен на раката./МИА Suki Waterhouse & Robert Pattinson have welcomed their first child. pic.twitter.com/gfeaz0LRLl — Pop Base (@PopBase) March 26, 2024 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДесетгодишно момче од Украина му подари на градоначалникот Митко Јанчев знаме и ознака од воената единица на својата мајка Некои подароци не се мерат по нивната вредност, туку по приказната што ја носат, напиша на својот Фејсбук првиот човек на Кавадарци, Митко Јанчев. Десетгодишно момче од Украина, кое од синоќа престојува во Кавадарци, денес му подари на градоначалникот Митко Јанчев знаме и ознака од воената единица на својата мајка – подарок со огромна симболика и значење. Неговата мајка веќе четири години е на фронтот, бранејќи ја својата татковина. Четири години во кои ова дете расте со надеж дека повторно ќе ја прегрне. Со овој скромен, но исклучително значаен гест, момчето ја изрази својата благодарност за можноста да престојува во Кавадарци, каде заедно со другите деца од најпогодените воени подрачја ќе помине десет дена исполнети со мир, дружење, спортски и културни активности и нови пријателства. Постојат подароци што немаат материјална вредност, но носат приказни кои засекогаш остануваат во сеќавање. Денешниот е токму таков, стои во објавата на Јанчев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАлармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода13:17Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30Кос: Македонија е една од најдобрите земји во реформите, но мора да ги донесе уставните измени15:07Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08Стевчо Јакимовски доброволно замина во затворот „Скопје“ 18:05
Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30
Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08
ЗабаваОпштина Карпош го одбележува меѓународниот ден на шахот со „Шаховско утро“По повод Меѓународниот ден на шахот, Општина Карпош организира „Шаховско утро“, кое ќе се одржи на 20 јули 2026 година (понеделник), со почеток во 09:00 часот, на платото „Млечен“.Настанот има за цел да го промовира шахот како интелектуална игра која ги развива логичкото размислување, концентрацијата, стратегиското планирање и спортскиот дух, како и да поттикне дружење и меѓугенерациско поврзување. На настанот ќе присуствува и градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, кој ќе се придружи на заедничкото одбележување на овој значаен ден. Општина Карпош ги поканува сите љубители на шахот – деца, млади, возрасни и пензионери, без разлика на нивото на искуство – да земат учество во ова заедничко шаховско дружење и да бидат дел од одбележувањето на Меѓународниот ден на шахот. Со организирањето на вакви настани, Општина Карпош продолжува да промовира активности кои ги поттикнуваат здравите животни навики, интелектуалниот развој, спортскиот дух и активното учество на граѓаните во животот на локалната заедница. Ги покануваме сите заинтересирани граѓани да ни се придружат и заедно да го одбележиме Меѓународниот ден на шахот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаЗеленски назначи нов министер за одбрана во обид да ја реши политичката кризаУкраинскиот претседател Володимир Зеленски назначи нов министер за одбрана, во обид да ја смири политичката криза предизвикана од разрешувањето на доскорешниот министер Михајло Федоров, чија смена предизвика серија на протести во земјата.На неговото место доаѓа Евгениј Хмара, кој како шеф на домашната разузнавачка служба СБУ ги надгледуваше украинските напади со дронови во длабочината на Русија. Зеленски досега не ја објасни причината за смената на 35-годишниот Федоров, кој го обвини началникот на генералштабот Олександар Сирски дека ги блокирал иницијативите на министерството и не ги решавал проблемите директно. Поради смената на федоров, оставка поднесе заменик-заповедникот на украинските воздухопловни сили Павло Елизаров.Тагови: Володимир Зеленски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter