Судскиот совет за петтемина разрешени судии

Судскиот совет на денешната седница постапуваше по трите предмети за утврдување одговорност кај судии за кои Советот за жалби при Врховниот суд ги укина решенијата на Судскиот совет. 

Според законската процедура Судскиот совет одново постапи по трите предмети и повторно донесе решенија тројцата судии да бидат разрешени од функцијата. Судскиот совет при одлучувањето се водеше и од насоките на Советот за жалби.

Во едниот предмет напатствијата од Советот за жалби беше да се провери навременоста, преиначувањето, односно прецизирањето на барањето за утврдување одговорност, како и да се оцени дали судијата постапувал како судија или како В.Д. претседател на суд. Напатствијата се испочитувани и Судскиот совет уште еднаш ги утврди околностите при повторената постапка и ја донесе својата одлука за разрешување затоа што се утврдени околности дека судијата сторил повреда на закон. Тој постапил спротивно на Законот за судовите, односно исклучил неколкумина судии од системот АКМИС при процесот на распределба на предмети и ги довел во нерамноправна положба судиите во судот во период кога истекувал рокот на СЈО за покренување постапки. Со тоа судијата ги пречекорил законските овластувања и постапувал нестручно и несовесно.

Во врска со вториот и третиот судија, чии постапки за разрешување исто така се одлучуваа по втор пат во Судскиот совет, Советот за жалби даде насока да се почитува принципот на индивидуализација на постапката, како и целосно да се утврди фактичката состојба. При повторената постапка пред Судскиот совет земени се предвид насоките на Советот за жалби. Инаку, едниот судија постапувал во предмет во кој едната странка била застапувана од адвокатска канцеларија во која бил вработен синот на судијата како адвокат со што судијата ги прекршил законските норми, односно постапувал нестручно и несовесно. Другиот судија во својство на В.Д. претседател пак, донел решение со кое не го изземал судијата од предметот, иако имал законска надлежност за тоа и знаел дека постои конфликт на интереси преку роднинските релации на судијата со адвокатската канцеларија. И овој судија постапил нестручно и несовесно.

Решенијата на Судскиот совет се конечни и тројца судии немаат право на жалба до Советот за жалби.

Покрај овие три случаи, за кои се одлучуваше во повторена постапка, Судскиот совет заседаваше и за други два случаи, со двајца судии на основни судови против кои е поднесено барање за утврдување одговорност. Кај првиот судија е констатирано дека биле донесени две различни решенија за иста правна ситуација и применил различни законски одредби. Судскиот совет заклучи дека судијата постапувал несовесно и нестручно затоа што ги прекршил одредбите од Законот за парнична постапка. Затоа донесе решение за разрешување на судијата.

Во врска со вториот судија е утврдено дека ги прекршил одредбите на Судскиот деловник, како и на Законот за парнична постапка. Судијата не ги почитувал законските рокови за закажување и одржување на рочишта со што постапил нестручно и несовесно.

Овие двајца судии имаат право на жалба до Советот за жалби. Двете барања за утврдување одговорност се поднесени од членови на Судскиот совет чија надлежност е да ја следат работата на судовите и на судиите.

СДСМ: На 8 ми мај граѓаните масовно да излезат на изборите, се одлучува за иднината на државата

Граѓаните треба масовно да излезат на изборите на 8-ми мај и да гласаат. Се одлучува за иднината на државата.

Прашањето е каква држава сакаме да изградиме?

Дали ќе следи уште една лоша реприза од тоталитарното владеење на Груевски и неговата криминална екипа, или заедно со СДСМ ќе имаме слободна, просперитетна и европска иднина.

Изборот е во рацете на граѓаните но тоа може да има сериозни негативни последици кон иднината на Македонија.

СДСМ ги повикува сите граѓани, да излезат на гласање во среда, да го заокружат бројот 1 и да гласаат ЗА, за европска иднина, за европски стандарди и вредности, за држава во која децата ќе сакаат да останат, се наведува во партиското соопштение.

Генералштаб на Украина: Руските сили ги интензивираа нападите кон Авдејево

Русија ги засилила нападите во правец кон Авдејево, соопшти утринава Генералштабот на вооружените сили на Украина, наведувајќи дека украинските сили во изминатите 24 часа одбиле 50 руски напади на тој дел од фронтот.

Руските сили се фокусираа на неколку сектори на фронтот во Донбас, пренесува Униан.

Во правец кон Бахмут, украинските сили одбиле 22 руски напади, а во изминатите 24 часа на линијата на фронтот се случиле 134 судири.

Кина во историска мисија- лансира сонда на темната страна на Месечината

Кина денеска ќе ја лансира лунарната сонда Чанге-6, соопшти кинеската Национална вселенска администрација.

Сондата ќе собира примероци од темната страна на Месечината. Тоа ќе биде прва ваква мисија во историјата на човештвото, јавуваат кинеските медиуми.

Во тек се последните подготовки за мисијата, која ќе започне од местото за лансирање Венчанг во кинеската провинција Хејнан.


притисни ентер