Судскиот совет одржуваше седница еден час пред почетокот на собраниската сеница за интерпелации - Канал 5

Судскиот совет одржуваше седница еден час пред почетокот на собраниската сеница за интерпелации

Еден час пред почетокот на собраниската седница, на која пратениците расправаат за интерпелациите на дел од членовите на Судскиот совет, тие одржуваа своја редовсна седница.

Судскиот совет одржуваше седница еден час пред почетокот на собраниската сеница за интерпелации

На неа, беше изгласан дневниот ред и беа донесени неколку одлуки. Меѓудругото беа презентирани извештаите за работата на Судовите за 4-то тромесечие од минатата година, беше избрана нова Генерална секретарка на Судскиот совет, а беше формирана и работна група за утврдување одговорност на судија. Најголемиот дел од членовите за чии интерпелации се гласа во законодавниот дом беа активно вклучени и земаа збор за време на седницата.

-За четвртиот квартал на ниво на државата работата на судовите се оценува како ажурна. - Павлина Црвенковска – член на Судски совет

-Ова не ни е баш реална слика за Судот и состојбата ќе чекаме годишниот извештај да се спреми тогаш ќе имаме по опширно.- Миљазим Мустафа– член на Судски совет

-Јас немам никаков проблем со ниту едниот ниту другиот за мене е во ред и ВД генералниот секретар и друг предлог како ќе одлучите.- Тања Чачаровска Илиевска– член на Судски совет

Пред почетокот на собраниската седница, Весна Дамева побара пауза на седницата на Судскиот совет, објаснувајки дека сака да присуствува во Собранието. Неколку минути подоцна, пред седницата да биде затворена за јавноста, беше изгласана и последната точка и беше дадена пауза.

- Бидејки веќе истекува времето во 12 е закажана седницата на Собранието за мојата интерпелација и јас би сакала да присуствувам, дали има разбирање кај колегите да се направи пауза за да можам да учествувам? - Да ја завршиме точката и апсолутно, ако не стигнеме да ја завршиме рековме 15 до 12 прекинуваме. - Весна Дамева – член на Судски совет

Членката на Судскиот совет Тања Чачарова- Илиевска по завршувањето на седницата изјави дека нема да присуствува во Собранието. Според неа интерпелација на член на судски совет е недозволен и противуставен акт.

-Овој акт во случајов што е поднесен од група на пратеници, кај мене се 7 души потпишани претставува преседан во досегашната парламентарна демократија на Република Македонија. Значи повеќе од 30 години до сега ниту еднаш не се случило Собрание да поднесе интерпелација на член на судски совет.- Тања Чачарова – Илиевска – член на судски совет

Следните чекори на властите доколку петте членови на судскиот совет избрани од Собранието не си поднесат оставки не се познати, со оглед на тоа што гласањето на нивна недоверба не значи престанок на мандатот. Тие веќе писмено одговорија дека не чувствуваат морална и професионална одговорност и нема да си поднесат остаквка.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерство за култура: Министерот Сулејмани уште од утре ќе ги повика синдикатите на разговори за Колективниот договор

По одлуката на Уставниот суд за укинување на Колективниот договор во културата, министерот, Седат Сулејмани, уште од утре ќе ги повика претставниците на Синдикатот на културата и на СОНК на средба.

Министерство за култура: Министерот Сулејмани уште од утре ќе ги повика синдикатите на разговори за Колективниот договор

По одлуката на Уставниот суд за укинување на Колективниот договор во културата, министерот, Седат Сулејмани, уште од утре ќе ги повика претставниците на Синдикатот на културата и на СОНК на средба, со цел во наредниот период да се интензивира социјалниот дијалог и заеднички да се работи на изнаоѓање прифатливо и одржливо решение за регулирање на статусот и правата на културните работници и уметниците, соопштија од Минстерството.

-Министерот Сулејмани смета дека трудот, професионалниот ангажман и придонесот на вработените во културата мора да бидат соодветно вреднувани и дека во процесот што следува треба да се изнајде решение со кое нивните права и интереси ќе бидат соодветно заштитени.– стои во соопштението..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Полицијата го повика родителот на малолетникот, кој закачи албанско знаме на полициско возило во Тетово (ВИДЕО)

Утврден идентитетот на лицето кое постави знаме на полициско возило во Тетово.

Полицијата го повика родителот на малолетникот, кој закачи албанско знаме на полициско возило во Тетово (ВИДЕО)

Во врска со настанот на подрачјето на СВР Тетово, кога за време на прославата на Денот на албанското знаме беше поставено албанско знаме на полициско возило, по преземените мерки утврден е идентитетот на лицето.

Лицето, во присуство на родител, е повикано на разговор во полициска станица, со цел целосно расчистување и документирање на случајот по што ќе следи соодветен поднесок, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжуваат антивладините протести во Тирана- демонстрантите и полицијата си разменуваат петарди и солзавец (ВИДЕО)

Денеска во Тирана се одржува нов антивладин протест, за време на кој демонстрантите, откако се собраа на плоштадот Скендербег, се упатија кон зградата на албанската влада.

Продолжуваат антивладините протести во Тирана- демонстрантите и полицијата си разменуваат петарди и солзавец (ВИДЕО)

Денеска во Тирана се одржува нов антивладин протест, за време на кој демонстрантите, откако се собраа на плоштадот Скендербег, се упатија кон зградата на албанската влада, а за време на митингот, некои учесници фрлаа петарди, на што полицијата одговори со солзавец.

Според „Еуроњуз“, протестот се совпаѓа со албанскиот празник Ден на ослободувањето.

Ситуацијата на протестот ескалираше откако демонстрантите фрлаа петарди и други предмети пред седиштето на владата, на што полицијата одговори со солзавец.

Протестот се одржа еден ден по демонстрациите на 28 ноември, за време на кои се случија насилни судири меѓу демонстрантите и полицијата, со употреба на солзавец и молотови коктели, додека неколку граѓани беа приведени, а десетици побараа медицинска помош.

Според здравствените служби, вчера 50 лица беа упатени на медицинска помош, вклучувајќи 17 полицајци, 21 демонстрант, шест новинари и шест минувачи.

Полицијата во Тирана уапси 12 лица и отвори кривични постапки против 19 други за насилство за време на протестот одржан претходниот ден во главниот град на Албанија. Протестот, одржан на 114-годишнината од независноста на Албанија, беше организиран поради незадоволството на граѓаните од работата на владата на премиерот Еди Рама и барањата за негова оставка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер