Судскиот совет ќе ја преиспитува работата на судијата Ферати - Канал 5

Судскиот совет ќе ја преиспитува работата на судијата Ферати

По бурата реакции во јавноста и на семејството на Теодора, Судскиот совет ќе ја „чешла“ работата на судијата Ељведин Ферати, кој ја изрече двегодишната затвороска казна за Менсур Пајазити, кој смртно ја прегази 22-годишната девојка

судијата Ферати

По бурата реакции во јавноста и на семејството на Теодора, Судскиот совет ќе ја „чешла“ работата на судијата Ељведин Ферати, кој ја изрече двегодишната затвроска казна за Менсур Пајазити, кој смртно ја прегази 22-годишната девојка, потврдува за Канал 5 претседателот на советот, Александар Камбовски.

Тој вели дека ќе се направи увид дали е постапувано според закон во однос на казната, чија висина Ферати во читањето на пресудата ја оцени како пример и поука за сите во сообраќајот. Камбовски засега не ја коментира пресудата додека како што вели, не ги види деталите.

-Секогаш кога има реакции од јавноста, а сведоци сме дека имаше во овие два дена, секако дека Судскиот совет ќе изврши увид и ќе направи проверки дали е се како што треба, односно дали е се сработено согласно законот. Тоа навистина и во јавноста одекна, но тоа што јас првично го гледав, се работи за предмет кој ги поминал трите инстанци и во таа фаза на постапката била извршена промена на обвинението, односно на квалификацијата од страна на ЈО, но за да можам поточно и конкретно да дадам коментар сепак мора да извршиме увид во списите и не би сакал да шпекулирам и да давам изјави кои нема да кореспондираат со тоа што е реална состојба во предметот,- - Александар Камбовски – Претседател на Судски совет.

Работењето на судијата Ферати и неговата вчерашна пресуда да одат „под лупа“ на Судски, побара и премиерот Христијан Мицкоски, кој и денеска правосудството го оцени за најслаба алка во борбата против криминалот и корупцијата. Посочи дека лично ќе го следи случајот, а за оние кои се воделе од лични, наместо од интересите на граѓаните, најави одговорност.

-Има ли некој во државава кој смета дека тука имаме задоволена правда, не само што сметам дека правдата не е задоволена, туку како човек и родител на две деца сум разочаран. Ова не е правда. Јавно барам од Судскиот совет да се преразгледа работењето на овој судија и уште еднаш да се анализира оваа пресуда. Ова нема да биде уште еден случај кој што ќе се затвори без одговорност, лично ќе го следам и јас ви ветувам дека правдата ќе ја истераме до крај. Ова е моментот кога мора да покажеме дека законите важат за сите, затоа што можна следна жртва е секој еден од нас,- – Христијан Мицкоски – Претседател на Влада.

И за министерот за правда - Филков реакциите во јавноста се јасни, вели, сега на ред е Судскиот совет.

-Тие 2% доверба кои што се доделени на судството уште еднаш се покажа дека не се за џабе,- Игор Филков – Министер за правда.

Инаку, Пајазити кој ја прегази Теодора првично доби 3,6 години затвор, па откако се пожалил на апелација, казната била намалена на две години. Потоа Пајазити се жалел и до Врховниот суд, кој предметот го врати на повторно судење, каде Ферати, по признавањето на вината му изрече казна затвор од две години.

За Ферати постапка отвори ДКСК, оти како што тогаш наведоа, сам си поправал оценки во индексот за да „фати“ услов за упис во академијата на судии. Истрага отвори и обвинителството, која ја прекинале пред еден месец, оти според информациите се појавиле документи од Тетовскиот универзитет дека во 2014 година Ферати преполагал четири испити за да си го покачи просекот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Не е само „Volkswagen“: И моделите на овој бренд исто така може да имаат сериозен технички проблем

Германската управа за моторни возила (KBA) во петокот предупреди дека, покрај милиони возила на „Volkswagen“ и „Audi“ ширум светот, и околу 1,7 милиони возила на Шкода може да имаат потенцијално опасен дефект.

Не е само „Volkswagen“: И моделите на овој бренд исто така може да имаат сериозен технички проблем

Предупредувањето се однесува на потенцијално слаб шраф во механизмот за управување, кој е подложен на корозија. Во најлош случај, шрафот би можел да пукне, соопшти „KBA“.

Минатата недела, агенцијата објави дека сопствениците на 2,16 милиони возила на „Volkswagen“ – конкретно моделите „Tiguan“, „Touran“, „Golf Variant“, „Caddy“ и „Golf“ произведени помеѓу 24 септември 2013 и 1 јули 2024 година – треба да контактираат со сервисен центар за да се изврши проверка и евентуална замена на проблематичниот дел, пренесува „DPA“.

Истото важи и за моделот „Audi Q3“ произведен помеѓу 31 октомври 2017 и 23 мај 2024 година.

Истиот ден, групацијата „Volkswagen“ упати повик до сопствениците на овие возила да ги донесат на технички преглед.

Се чини дека и возилата на Шкода – кои исто така се дел од групацијата „Volkswagen“ – се погодени од истиот проблем со дефектниот шраф.

Истото важи и за засега неутврден број возила од шпанскиот бренд „SEAT“.

Меѓу моделите на Шкода, под лупа се „Kodiaq“, „Karoq“, „Octavia“ и „Superb“, соопшти „KBA“, без да прецизира датуми на производство.

Ова опфаќа околу 1,7 милиони возила ширум светот, вклучително и околу 370.000 во Германија.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голема сообраќајна несреќа со повеќе возила во Кенија: Најмалку 17 загинати

Бројот на загинати во несреќата со повеќе возила на автопатот кон крајбрежниот град Момбаса во Кенија се искачи на 17, соопшти полицијата.

Голема сообраќајна несреќа со повеќе возила во Кенија: Најмалку 17 загинати

Во соопштението се наведува дека несреќата се случила во текот на ноќта во областа Салама, откако возач на камион не успеал да престигне друго возило, што довело до судири со други возила – вклучително и комбе – пренесе АП.

Полицијата претходно соопшти дека во несреќата загинале најмалку 13 лица.

„Луѓето патуваа кон место за молитва во округот Накуру, западно од кенискиот главен град Најроби“, изјави Мартин Кивува, надбискуп на Католичката надбискупија во Момбаса.

Сообраќајните несреќи се сериозен проблем низ цела Африка.

Тие често се припишуваат на лошото одржување на возилата, прекумерната брзина и лошата состојба на патиштата.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Посебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратон

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Посебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратон

На 04.10.2026 (недела) со почеток во 08:00 часот, во организација на Сојуз на спортови на Скопје, ќе се одржи - „Виз Ер Скопски маратон 2026“ со следните траси на движење: траса на движење на трката од 5км – Старт на ул.„11-ти Октомври“ (кај зелен пазар), право по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, полукружно на крстосница помеѓу бул.„3-та Македонска Бригада“ и ул.„Коста Новаковиќ“ и по истата траса назад до целта – плоштад „Македонија“ на ул.„11-ти Октомври“ и траса на движење на маратонот, полумаратонот и штафетната трка (по наведената траса за штафетната трка и маратонот натпреварувачите се движат 2 пати) – Старт Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“, право кон „Рекорд“ односно по ул.„Димитрие Чуповски“, право по ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, право по ул.„Војвода Васил Чакаларов“, се до крстосница со ул.„Ангел Динев“ каде се врти полукружно назад по истата траса се до Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“ и се продолжува право по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, лево по ул.„Васко Карангелевски“, десно по бул.„Јане Сандански“ се до крстосница со бул.„Србија“ каде се врти полукружно и во истата коловозна лента назад по бул.„Јане Сандански“ се до крстосница со бул.„Кузман Јосифовски Питу“ каде се врти полукружно назад во истата коловозна лента до крстосница со ул.„Васко Карангелевски“, десно по ул.„Васко Карангелевски“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по ул.„11-ти Октомври“ до целта- Плоштад Македонија.

Од тие причини Единица за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер