Судскиот С. го разреши судијата Енвер Беџети кој во декември беше ставен на црната листа на САД - Канал 5

Судскиот С. го разреши судијата Енвер Беџети кој во декември беше ставен на црната листа на САД

Разрешен е апелацискиот судија Енвер Беџети кој 9 месеци во фиока го чуваше предметот Тврдина - Таргет а заврши и на „црната листа“ на САД. 

Судскиот С. го разреши судијата Енвер Беџети кој во декември беше ставен на црната листа на САД

Одлуката за негово разрешување Судскиот совет ја донел вчера на затворениот дел од седницата. Според неофицијални информации „ЗА“ разрешување на Беџети гласале 9 членови на Советот. Оттаму засега нема потврда со оглед на тоа дека постапката за утврдување одговорност на судија е тајна. Во официјалното соопштение за јавност е наведено дека:

-По барање за утврдување на одговорност на судија (СС) донесе одлука за разрешување на судијата од вршење на судиската функција, и одлука за времено оддалечување до правосилно завршување на постапката;-Судски совет .

Иако во ноември 2023та по контрола во скопска Апелација Судскиот совет го казни само со 20 отсто од плата, новата постапка за Беџети е отворена откако заедно со поранешниот вицепремиер Артан Груби кој сега е во бегство, се најде на црната листа на САД лани во декември. Стејт департментот како главна причина тогаш наведе земање мито при неговото одлучување за предметот против Сашо Мијалков за масовното нелегално прислушување кој потоа застаре. Случајот го истражува и Јавното обвинителство од каде за Канал 5 велат дека:

-Предметот е во фаза на предистрага. Се прибираат вербални искази и се преземаат други дејствија.-ОЈО Скопје.

Името на Енвер Беџети се наведуваше и како главна причина за скандалите во Судскиот совет кога во април пред две години наместо на дневен ред да се стави иницијатива за поведување на дисциплинска постапка против него, се случи незаконското разрешување на тогашната претседателка Весна Дамева, по предлог на тогашниот нејзин заменик Селим Адеми.

Судскиот совет тогаш утврди и дека освен Тврдина – Таргет во фиока повеќе од две години Беџети го чувал и предметот Транспортер.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Да живее слободно Скопје

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска, пред Споменикот на ослободителите на Скопје и споменикот на генерал Михајло Апостолски, им оддаде почит на хероите што го дадоа најскапоценото за нашиот град да живее.

Ѓорѓиевски: Да живее слободно Скопје

- На 13 Ноември стоиме исправени пред историјата и длабоко се поклонуваме пред оние што ни ја подарија слободата. На луѓето чија храброст беше посилна од стравот, а љубовта кон татковината поголема од грижата за сопствениот живот. Пред 82 години, на 13 ноември 1944 година, Скопје ја извојува својата слобода. По тешките борби, по страдањата и неизвесноста, нашиот град ја дочека победата над фашистичкиот окупатор. Секоја негова улица носи дел од тоа паметење. Секое име врежано на спомениците носи приказна за еден живот, една младост, еден сон прекинат за да можат да живеат соништата на генерациите по нив. Нивната жртва засекогаш е вградена во темелите на слободно Скопје. Наша должност е да ја чуваме од заборав и да ги учиме нашите деца колку скапо е платено правото да живеат слободно. Антифашистичката борба ни остави завет да стоиме исправени пред неправдата, да го браниме човечкото достоинство и да ја чуваме силата на заедништвото. Тоа е духот на Скопје. Градот што и во најтешките мигови знаел да се издигне, да подаде рака и да покаже дека солидарноста е посилна од секоја поделба – рече Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека денес наша обврска е тој завет да се преточи во дела и да создаваме град на ред, чистота и сигурност.

- Скопје во кое нашите деца ќе сакаат да останат, да создаваат и да ја градат својата иднина. Со таа мисла работам секој ден. Пред една година затекнавме закочени проекти и наталожени проблеми. Денес, промените се гледаат, големите проекти се движат кон завршницата, а со секој нов парк, мост и обновена улица градиме подобри услови за скопјани. Круна на мојот мандат ќе биде првата подземна сообраќајница, дело што ќе им служи и на генерациите по нас.Нашите ослободители го исполнија својот завет со храброст и со жртва. Нашиот мора да го исполниме со одговорност и со дела. Да бидеме достојни за слободата што ни ја оставија. Да изградиме Скопје достојно за генерациите што доаѓаат. Нека е вечна славата на ослободителите. Нека ни е честит 13 Ноември. Да живее слободно Скопје. Да живее Македонија – рече Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит

По барањето на Максим Димитриевски ќе има лидерска средба на владините партнери во декември, потврди премиерот Христијан Мицкоски..

На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит

Тоа ќе биде прв пат на иста маса да седнат Мицкоски-Димитриевски-Касами и Меџити, повод е новиот закон за правосудниот испит, за кој во коалицијата имаат различни ставови дали треба тој да е на македонски, на албански или комбиниран.

Премиерот и денеска повтори дека предлогот кој е испратен до Венецијанската комисија е тој на правда - теоретскиот дел да може да се полага на албански, турски или англиски, но практичниот дел исклучиво на македонски јазик. За заканите на Димитриевски дека во случај ова решение да биде усвоено е можно да ја напушти коалицијата не сакаше да коментира.

„Владата се избира со мнозинство од 61 пратеник во парламентот. Ние имаме мнозинство кое е многу повеќе од 61 пратеник, така што Владата е стабилна, односно најстабилна во овој дел на Европа, можеби и пошироко. Продолжуваме да го испорачуваме за граѓаните она коешто е важно, еве како овој објект и друг тип политики.“ Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Наспроти ставот на премиерот, лидерите на Вреди јавно тврдат дека и практичниот дел во иднина ќе се полага на албански, а претседателот на ЗНАМ бара тој да е целосно на македонски. Предлогот за кој треба да даде мислење Венецијанска комисија според него е хибриден и само би го искомлицирал правниот систем на државата..

-ЗНАМ, без разлика од позиција на власт или опозиција, за едно такво решение доколку дојде до парламентот, ќе се произвесеме негативно. А доколку не бидеме испочитувани како владин партнер, ќе го размислиме нашето практикување на власт. Верувам дека ќе дојде до лидерска средба во демекври, бидејќи тоа го побарав од премиерот. Ние до ден денеска немаме седнато на една иста маса со владините партнери, освен онаа општа лидерска средба во поширок формат... Јас не сакам да бидам информиран, јас сакам да бидам консултиран. Сакам да бидам составен дел и јас и ЗНАМ на решението,- Максим Димитриевски – претседател на ЗНАМ.

Во вторникот Владата соопшти дека донела одлука да побара итно мислење од Венецијанска комисија, за независна меѓународна експертска оценка дали текстот е усогласен со Уставот, меѓународното право и европските стандарди. Венецијанската комисија уште во 2019 година даде мислење и за Законот за јазиците, но нивните забелешки никогаш не беа имплементирани.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Над 70 отсто од Европејците поддржуваат формирање армија на Европската унија

Околу 71 отсто од граѓаните на Европа поддржуваат формирање армија на Европската унија, додека 78 проценти од испитаниците во земјите-членки на унијата сметаат дека треба да се зајакнат нејзините одбранбени капацитети во соработка со НАТО.

Над 70 отсто од Европејците поддржуваат формирање армија на Европската унија

Тоа покажуваат резултатите од спроведеното истражување на безбедносниот Тинк-Тенк Глобсек за 2026 година, објавени во бриселски „Политико“.

Поддршката за формирање европска војска е забележана во сите анкетирани земји-членки на ЕУ. Најголема е во Романија, каде што идејата ја поддржуваат 82 отсто од испитаниците, потоа следуваат Литванија со 78 и во Франција со 75 отсто.

Во Полска и Бугарија поддршката изнесува околу 70 отсто, додека во Германија е 69 отсто.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер