Судски совет: Нема наредба за претрес, соработуваме со ОЈО Скопје

Судскиот совет на Република Македонија ги демантира наводите за извршен претрес во нивните простории, истакнувајќи дека постапиле по писмените барања на Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје. 

Советот нагласува дека не е издадена наредба за претрес и дека ќе продолжи да соработува со сите надлежни органи, водејќи се од начелата на независно, одговорно и транспарентно судство.

- Судскиот совет на Република Македонија по повод пласираните информации во јавноста за наводен „извршен претрес“ во просториите на Советот во текот и по завршувањето на работното време, ја информира јавноста дека по примени писмени барања на ОЈО Скопје, Судскиот совет на РСМ постапи по истите. Нагласуваме дека не е издадена наредба за претрес, ниту е извршен претрес во просториите на Судскиот совет на РСМ, стои во соопштението од Судски совет.

Оттаму дополнуваат дека Советот соработува и ќе продолжи да соработува со сите надлежни органи и институции во државата водејќи се од начелата на независно, одговорно и транспарентно судство и се оградува од било какви влијанија и притисоци одвнатре и однадвор, а со цел заштита на независноста и интегритетот на судството.

Како што потврди Јавното обвинителство претходно, полициски службеници по наредба на Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје вчера влегле во Судскиот совет за да ги обезбедат записниците во врска со сомнежите за евентуално сторено кривично дело поврзано со мандатот на претседателката на Судски совет, Весна Дамева, која поднесе оставка на 2 декември.

Министерството за внатрешни работи за МИА денеска потврди дека е во тек предистрагата. Како што информираа од Министерството за внатрешни работи за МИА, бараните два записници кои треба да се проверат се одземени.

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, поднесе оставка на 2 декември. Таа рече дека причината за оставката е недостатокот на поддршка и обидите за нарушување на нејзиниот интегритет од страна на високи функционери.

Стаорци играат фудбал Олд Трафорд- голем срам за Манчестер Јунајтед (ВИДЕО)

Претходните гласини дека сѐ повеќе и повеќе стаорци се појавуваат на легендарниот стадион на Манчестер Јунајтед, Олд Трафорд, се чини дека се точни врз основа на неодамнешните фотографии и снимки.

Сега се појави ново видео, на кое се гледа како стаорец тргна да игра фудбал со играчите.

Имено, тој истрча на теренот, а навивачите не пропуштија да го забележат и снимат, коментирајќи го со препознатлив британски хумор.

За ова сѐ почесто се зборува на социјалните мрежи каде навивачите се прашуваат како е можно вакво нешто да му се случи на голем клуб како Јунајтед.

Американците поставуваат бодликава жица на границата со Мексико пре инаугурацијата на Трамп

Агенти на американската гранична патрола вчера поставиле бодликава жица меѓу градот Ел Пасо, Тексас и неговиот мексикански сосед, Сиудад Хуарез, забележа репортер на АФП.

Агентите на Царината и граничната заштита (ЦБП), исто така, спроведоа безбедносни вежби во близина на меѓународниот мост што ги поврзува двата града, што е забележано три дена пред инаугурацијата на Доналд Трамп, кој се враќа во Белата куќа во понеделник.

Минувањето на автомобили било 40 минути во прекин. „Ова е второ затворање што го гледам за една недела“, изјави за АФП Јадира Мартинез, корисник на меѓународниот мост.

Сиудад Хуарез е една од точките овластени од Соединетите држави за мигрантите да поднесуваат барања за азил преку апликацијата „CBP One“. Овој механизам, кој Доналд Трамп вети дека ќе го елиминира, помогна да се намали бројот на нелегални премини.

По неговата победа, Трамп рече дека сака да прогласи национална вонредна состојба за да го спроведе својот план за масовно протерување мигранти и дека има намера да ги искористи вооружените сили за тоа.

„Закана број еден за нашата домашна безбедност е јужната граница со Мексико“, изјави вчера Кристи Ноем, која новоизбраниот претседател ја назначи на чело на американското Министерство за домашна безбедност, посебно одговорна за контрола на „имиграцијата“.

Euro NCAP објави листа на најбезбедните автомобили (ВИДЕО)

Euro NCAP ги објави најбезбедните автомобили по категории.

Титулата најдобар во класата овде, се разбира, не значи најдобар автомобил во целина, туку исклучиво во однос на безбедноста. Ова е област која Euro NCAP ја испитува со години и се етаблира како водечка институција во проценката на безбедносните карактеристики на автомобилите.

Малите теренци моментално се најпопуларниот сегмент во Европа, па не е изненадување што 20 од вкупно 44 нови модели на автомобили тестирани во 2024 година поминаа на тестот. А меѓу нив, кинескиот Zeekr X ја понесе титулата најдобар, пред, на пример, Toyota C-HR, Cupra Tavascan и Volvo EX 30.

Но, тоа не е сѐ, бидејќи овој подбренд на Geely успеа да го засени дури и далеку поскапиот Porsche. Имено, Zeekr X успеа да постигне подобри безбедносни оценки од Porsche Macan, со што ја освои класата на електрични возила.

Нема сомнеж дека кинеската автомобилска индустрија незапирливо напредува и го освојува глобалниот пазар со сè поквалитетни и поконкурентни возила.

Сепак, на полето на безбедноста, ако го прашате Euro NCAP, Mercedes е сепак најдобар. Мерцедес го обезбеди целокупниот победнички статус благодарение на Е-класата, која минатата година заработи врвни оценки. Во другите категории, Mazda CX-80 беше прогласена за најдобра во категоријата големи теренци и Škoda Superb/VW Passat во категоријата семејни модели.

притисни ентер