Судски совет и Здружение на судии по одлуката на Уставен: Потребни се воздржаност и заштита на судската независност - Канал 5

Судски совет и Здружение на судии по одлуката на Уставен: Потребни се воздржаност и заштита на судската независност

Одлуките на Уставниот суд се конечни и извршни, но истовремено, значајно е да се почитуваат уставно загарантираната самостојност на судовите и законски уредениот тек на судските постапки.

Судски совет и Здружение на судии по одлуката на Уставен: Потребни се воздржаност и заштита на судската независност

Одлуките на Уставниот суд се конечни и извршни, но истовремено, значајно е да се почитуваат уставно загарантираната самостојност на судовите и законски уредениот тек на судските постапки – реагираат од Судскиот совет и Здружението на судии за пријавата на Уставниот суд против судија од Основниот граѓански суд Скопје за непочитување на нивна конкретна одлука. Во заедничкото соопштение, се потенцира неправосилноста на решението на судијата, против кое е поднесено и жалба по која сега треба да одлучува Апелација.

-Постапката сè уште е во тек, а оценката на законитоста на првостепената одлука му припаѓа само на надлежниот второстепен суд. Во такви околности, Судскиот совет и Здружението на судиите сметаат дека секое институционално постапување поврзано со конкретната неправосилна судска одлука бара особена внимателност и воздржаност, за да не се создаде впечаток на прејудицирање на исходот од постапката или на притисок врз судиите кои одлучуваат во конкретниот предмет.

Како што додаваат, без оглед на уставната положба, ниту еден орган не може да определува или да прејудицира каква одлука треба да биде донесена од судот.

Канал 5 го контактираше Претседателот на Уставниот суд - Дарко Костадиновски, за став по реакциите кои деновиве ја разбрануваа правната фела отворајќи ги дилемите - дали во овој случај, Уставниот суд ги пречекорил неговите надлежности, дополнително создавајќи потенцијален притисок врз судската независност и автономија. Костадиновски не одговори конкретно на досегашните дилеми но изјави дека ќе го разгледа заедничкото соопштение на Судскиот совет и Здружението на судии и како што рече, доколку има потреба, Уставниот суд ќе излезе со свој став.

Според правниот експерт Дарко Аврамповски, ваквата постапка на Уставниот суд е избрзана токму поради неправосилноста на решението на судијата од Основниот суд, меѓутоа како што вели, заедничкото соопштение на Судскиот совет и Здружението на судии делумно ја носи дебатата за односот меѓу редовното судство и Уставниот суд во непотребен правец.

-Мислам дека во конкретниот случај одлуката на УС да го активира овој механизам беше преуранета бидејќи не станува збор за правосилна одлука од страна на Основниот суд, допрво треба да одлучува Апелација за истото прашање. // Меѓутоа, во овој случај зборуваме за одлуките на Уставниот суд а не за било кој друг државен орган, кој дава упатство за тоа како вие треба да го разбирате и применувате Уставот во пракса. Не станува збор дека е одлука на државен орган која редовните судови мора да ја спроведат, особено затоа што одлуката на Уставниот суд не навлегува во меритумот на предметот и каква треба да е конечната одлука во предметот. - Дарко Аврамовски, Коалиција сите за правично судење

Предметот по кој Уставниот суд одлучуваше се однесува на повреда на слободата на јавно изразување на новинарка во настаните во Собранието од 2017та година, а судијата од Основниот граѓански суд Скопје, повикувајќи се на Законот за парнична постапка, навел дека Одлука на Уставниот суд не може да биде основ за повторување на постапката како нов факт или доказ.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По нападот врз саудискиот аеродром со 12 загинати, Хутите со ново предупредување до патниците и авиокомпаниите

Јеменските бунтовници Хути повторно ги предупредија авиокомпаниите, аеродромскиот персонал и патниците да не ги користат саудиските аеродроми, еден ден по нападот врз аеродромот „Крал Калид“ во Ријад, во кој загинале 12 лица, а 309 биле повредени.

По нападот врз саудискиот аеродром со 12 загинати, Хутите со ново предупредување до патниците и авиокомпаниите

Јеменските бунтовници повторно упатија предупредување до авиокомпаниите, аеродромските работници и патниците да ги избегнуваат саудиските аеродроми, нагласувајќи дека нивната порака треба да се сфати сериозно.

Хутите соопштиле дека саудиска арабија е одговорна за, како што тврдат, неуспешните обиди за пресретнување на проектилите што оваа група ги лансирала кон ријад, пренесува „Ројтерс“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СЗО уште чека информација од Русија за дијагнозата на починатата жена

Светската здравствена организација соопшти дека сè уште чека од Русија информација за дијагнозата на починатата жена, за која има сомнежи дека била заразена со белодробна чума.

СЗО уште чека информација од Русија за дијагнозата на починатата жена

СЗО пред три дена соопшти дека во оваа фаза не е во состојба да изврши целосна проценка на ризиците поради недостиг на целосна слика за ситуацијата по смртта на вработена во Биолошки институт во Сибир.

Еден ден подоцна, руските власти објавија дека не откриле „никаква инфективна болест“ по испитувањето на сите луѓе кои во последно време биле во контакт со починатата лаборантка во Иркутскиот институт за истражување на чума, и ги демантираа медиумските информации за случајот како лажни.

Според нив, жената починала од „пневмонија“, од која се разболела по контакт со луѓе, односно надвор од лабораторијата. Според нивните информации, таа „била вакцинирана и имала имунитет против опасните патогени со кои работела“.

СЗО вчера сепак констатираше дека сè уште нема „потврдена дијагноза“ и забележа дека околу случајот сè уште има „голема нејаснотија“.

Здравствената агенција на ОН, со седиште во Женева, додаде дека ќе продолжи „да ја следи ситуацијата и да ги проценува потенцијалните последици по јавното здравје со пристигнувањето на нови информации“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нова разорна поплава во Непал: Однесени десетици куќи и мостови, се трага по исчезнати

Ненадејна поплава на реката Будхи Гандаки утрово,  предизвика големи штети во непалскиот округ Горка.

Нова разорна поплава во Непал: Однесени десетици куќи и мостови, се трага по исчезнати

Надојдената вода однела куќи и мостови, оштетила градилиште на хидроелектрана и принудила жители од повеќе населени места да се повлечат на побезбедни локации.

Според локалните власти, кои ги цитира „Катманду пост“, меѓу 35 и 40 куќи биле однесени во населбите Џагат Багар, Салери и Гатихола, во руралната општина Чумнубри. Поплавата ја погодила и соседната општина Дарче.

Локалните жители и туристите почнале да се повлекуваат откако околу четири часот наутро слушнале силни звуци од реките во планинското подрачје. Водостојот нагло се менувал, а предупредувањата за евакуација биле пренесувани и преку разгласи.

Во Џагат првичните извештаи наведувале пет до седум однесени куќи. Во мачакола водата навлегла во повеќе домови и привремени објекти, додека во салери, во општината Дарче, уште околу 20 до 22 куќи биле изложени на ризик.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер