Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
1Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
ЕвропаСудот во Шведска одобри запленување брод на барање на Украина Шведски суд денеска нареди запленување на товарниот брод „Кафа“, кој е под санкции и е осомничен за нелегален извоз на украинско жито од територии под руска окупација.Одлуката е донесена на барање на Украина, потврди главниот обвинител Руслан Кравченко, и ова е прв таков случај одобрен од странски суд. Бродот беше пресретнат во Балтичкото Море уште во март, пишува „Киев Индепендент“. Главниот украински обвинител Руслан Кравченко ја нагласи важноста на оваа одлука. „Ова е прв случај во кој, на барање на украинските обвинителски органи за меѓународна правна помош, странски суд одобри запленување на брод осомничен за учество во нелегален извоз на украинска стока од привремено окупираните територии“, рече Кравченко. Обид за прикривање на активноста Шведската крајбрежна стража го пресретна „Кафа“ во Балтичкото Море во март. Иако пловел под знамето на Гвинеја, шведските власти го сметале за брод без државјанство „според националното и меѓународното право“. Според главниот обвинител, „Кафа“ постојано влегувал и излегувал од територијата окупирана од Русија во Украина, кршејќи го законот. За да ги прикрие своите движења, бродот користел лажна регистрација и бил наведен во меѓународните бази на податоци под ознаката „Лажна Гвинеја“. Според Владислав Власјук, украинскиот претседателски комесар за санкции, бродот во времето на запленувањето превезувал жито од Мароко до Санкт Петербург. Власјук додаде дека бродот претходно учествувал во кражба на жито од окупираните украински територии, вклучително и пратка од кримското пристаниште Севастопол во јули 2025 година, која била истоварена во сириското пристаниште Тартус. Системска кражба на украинско жито Киев побара од шведското Министерство за правда да го претресе бродот, да ги испраша капетанот и членовите на екипажот и да нареди негово запленување. „Овој случај испраќа јасна порака: никаква манипулација со знамиња, рути или регистри нема да помогне да се избегне одговорност. Украина го гледа ова, го документира и го докажува“, рече Кравченко. Според Киев, Русија систематски проневери жито од териториите што ги окупира и го организира неговиот извоз преку мрежи поврзани со окупаторската администрација. Украина тврди дека ваквите операции ги кршат не само меѓународните норми, туку и домашните закони на земјите што примаат таков товар. Украинските власти велат дека помеѓу јануари и април оваа година, 25 бродови од руската флота за жито извршиле 50 патувања од окупираните украински пристаништа до трети земји, транспортирајќи претежно нелегални пратки жито. Во тој период, повеќе од 850.000 тони жито биле извезени од окупираните територии на Украина, изјави министерот за надворешни работи Андриј Сибига.Тагови: брод украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОд полноќ нови цени на гориватаАко дојде до драстичен раст и ескалација на цената на нафтата на светските берзи, владата е подготвена да преземе мерки за да го ублажи ризикот.Ако дојде до драстичен раст и ескалација на цената на нафтата на светските берзи, владата е подготвена да преземе мерки за да го ублажи ризикот, но секој чекор ќе зависи од детална анализа на финансиските импликации врз буџетот, вели министерката за енергетика Сања Божиновска. Од полноќ се очекуваат нови цени на горивата.. Маја се знае ли какви цени ќе има за горивата? Во видеото погледнете го целиот извештај. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија Мицкоски во Њујорк разговарал со американскиот државен секретар Марко РубиоВладината делегација ја продолжува посетата во Њујорк, каде во фокусот се политичкиот дијалог со американската администрација но и европската перспектива на земјава.Премиерот Христијан Мицкоски објави дека во Њујорк разговарал со американскиот државен секретар Марко Рубио. Според него, директната комуникација на високо политичко ниво е потврда за важноста на стратегиското партнерство меѓу Скопје и Вашингтон и можност за дополнително продлабочување на билатералните односи. „Во период на сериозни геополитички предизвици, силните партнерства и отворениот дијалог со нашите стратешки сојузници имаат уште поголема тежина. Македонија има јасни државни интереси и продолжува достоинствено и принципиелно да ги застапува заедно со нашите стратешки партнери.“- - Христијан Мицкоски. Околу 130 шефови на држави и влади неделава се во Њујорк на Генералното собрание на ОН, каде главни теми ќе бидат војните во Украина и на Блискиот Исток, глобалната безбедност, климатските предизвици и регулирањето на вештачката интелигенција а генералната дебата главниот дел со обраќања на светските лидери е од 22 до 28 септември. Првиот човек на ООН, Антонио Гутереш, пред почетокот на генералната дебата повика на разум и на посветеност кон мирот во светот. -Оваа недела, лидери од целиот свет, ќе се соберат во оваа иста соба, собата на Генералното Собрание на ООН. Мојата порака до нив е јасна: Дојдете за мирот, за достоинството за правдата и за хуманоста. Единствено со меѓународна соработка може да изградиме подобар свет. И никогаш не треба да се предадеме во борбата за тоа. изјави – Генерален секретар на ОН, Антонио Гутереш. Мицкоски во четврток треба да се обрати пред светските лидери од говорницата на ОН, со што ќе биде заокружен политичкиот дел од посетата на САД. Инаку вечерва по македонско време, на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации, ЌЕ се одржИ состанок на неформалната група „Пријатели на Западен Балкан“. Домаќин е шефот на италијанската дипломатија Антонио Тајани, а покрај претставниците на шесте земји од Западен Балкан учествуваат и земјите членки на групата, како и претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола. Главна тема е забрзувањето на европската интеграција на регионот. Во меѓувреме, Мицкоски и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски се сретнаа и со македонската заедница во Њу Џерси. Македонската делегација од САД најави продлабочување на стратешкото партнерство со Вашингтон, инвестиции во антимон, дата-центри и енергетикаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ нови цени на горивата15:24Мицкоски: Разговарав со државниот секретар на САД, Марко Рубио.08:31Црн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
МакедонијаСудењето на 13 полициски службеници почна од почеток, поради смена на Судечкиот советПолициски службеници биле присутни во дискотеката Пулс во Кочани во која имало и малолетници и пред да избувне кобниот пожар, потврдија денеска тројцата сведоци на обвинителството.Полициски службеници биле присутни во дискотеката Пулс во Кочани во која имало и малолетници и пред да избувне кобниот пожар, потврдија денеска тројцата сведоци на обвинителството на судското рочиште против 13-трe полицајци осомничени дека навреме не ја прекинале забавата, иако наводно знаеле дека во објектот има малолетници и пиротехнички средства. Според сведокот Николче Ефремов, кој кобната вечер бил во диското, полициските службеници воопшто не им помагале на повредените по избувнувањето на пожарот. -Сите испаничија, се туркаа еден врз друг. Секој со секого се влечеше, не можевме да излеземе надвор. Ми падна ѕид на главата. Еден другар лежеше затрупан со луѓе и едвај дишеше. Имаше полицаец таму, го прашав дали може да ми помогне? Ми кажа тоа не е негова работа,- - сведок Николче Ефремов. И другите две сведочења одеа во насока дека очевидците забележале присутни полициски службеници уште пред пожарот, но и во време кога на сцена била активирана пиротехниката. За родителите, ваквите сведочења се доказ дека полицајците не постапувале и не ги извршиле своите службени обврски. – Слушаме исказ кој не смее да помине незабележано – сведокот недвосмислено посочи дека полициски службеник во моментите кога луѓе се бореле за живот одбил да помогне при внесување на повредено лице во автомобил за да биде однесено во болница. Ако ова е потврдено преку доказна постапка, тогаш станува збор за постапување кое мора сериозно да се разгледа. Во тие моменти МВР немало време за изговори и префрлување одговорност. изјави Александар Наунов, родител на жртва во пожарот . Од другата страна, за дел од одбраната, обвинителството прави манипулација преку испитувањето на сведоците, бидејќи, предмет на товар на докажување велат не е дали полицајците им помагале на присутните по пожарот или не. -Обвинението е конфузно – од една страна обвинителството во воведните зборови укажува дека не им се става на товар тоа дали полицајците помагале или не, потоа упорно се поставуваат прашања и се наведува сведокот да каже дека полицијата била тотално незаинтересирана и не помагала за чисто да се создаде една слика дека обвинетите што денеска се товарат се виновни за нивните постапки, а се уште не разбравме за кои псотапки ги товарат,- изјави Александар Петровски, адвокат на обвинетата Благица Митева. На почетокот од денешното рочиште пак поради болест на еден од поротниците дојде до промена на судечкиот совет, по што судењето започна од почеток, а сите 13 обвинети полицајци одново се изјаснија за невини. Според обвинението, тие се товарат дека не ја прекинале забавата, ниту спречиле користење пиротехника. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook