Судот во Романија ја отфрли жалбата на Ѓорѓеску за забрана за учество на изборите - Канал 5

Судот во Романија ја отфрли жалбата на Ѓорѓеску за забрана за учество на изборите

Романскиот Врховен суд ја отфрли жалбата на десничарскиот претседателски кандидат Калин Ѓорѓеску да се кандидира на повторените избори во мај, објави Ројтерс.

Судот во Романија ја отфрли жалбата на Ѓорѓеску за забрана за учество на изборите

Претходно денеска, Ѓорѓеску поднесе жалба на одлуката на Централната изборна комисија со која му се забранува да се кандидира.

Тој се кандидираше како независен кандидат на изборите поништени во декември минатата година поради сомнежи за руска вмешаност, што, како што заклучи судот, делуваше во негова корист, што и Москва и Ѓорѓеску го негираа.

Романската екстремна десница има уште четири дена да најде замена за својот претседателски кандидат.

Ѓорѓеску ја поднесе својата кандидатура во петокот, но изборната комисија ја отфрли два дена подоцна, што предизвика протести од неговите поддржувачи кои се судрија со полицијата.

Крајниот рок за поднесување претседателски кандидатури е 15-ти март, со што на националистичките партии, вклучително и Алијансата за Сојузот на Романците (АУР) и Младинската партија (ПОТ), им дава малку време да најдат замена за Ѓорѓеску.

Анкетите покажаа дека тој се уште е фаворит меѓу гласачите, па многу ќе зависи од тоа кого ќе поддржи како негова замена.

Еден од предложените кандидати е лидерот на АУР, Џорџ Симион, кој беше четврти во првиот круг од поништените избори, иако рече дека не сака да се кандидира.

Тој вчера изјави дека сите опции се на маса, а Ѓорѓеску ќе одлучи за идните чекори.

Обвинителството отвори истрага против Симион за поттикнување насилство откако на Ѓорѓеску му беше забрането да се кандидира.

Според Ројтерс, дури и да не учествува на изборите, се очекува гласачите да ги фаворизираат партиите кои се против сегашниот естаблишмент.

Фото: Сопруги на српски фудбалери го истакнаа деколтето?!

Поубавите половини на српските фудбалски ѕвезди,  Предраг Рајковиќ, Александар Митровиќ и на Зоран Бамби Тошиќ го „запалија“ интернетот!

Фото: Сопруги на српски фудбалери го истакнаа деколтето?!

Девојките и сопругите на скапоплатените фудбалери отсекогаш важеле за вистински убавици кои предизвикуваат воздишките меѓу мажите каде и да се појават.

Така е и со сопругите на српските спортисти кои речиси секојдневно ја креваат температурата на социјалните мрежи.

Деновиве на Инстаграм особено се активни поубавата половина на голманот на новиот шампион на Саудиска Арабија, Ал Итихад, Предраг Рајковиќ - Ана, сопругата на најдобриот стрелец во дресот на Србија, Александар Митровиќ - Кристина и избраничката на Зоран Бамби Тошиќ - Јована Гајиќ.

Во преден план на фотографиите се бујните гради и облини на овие убавици.

Кристијано Роналдо повторно е најплатениот спортист во светот

Светската фудбалска ведета, Португалецот Кристијано Роналдо повторно е најплатениот светски спортист. 

Кристијано Роналдо повторно е најплатениот спортист во светот

Португалскиот ас трета година по ред, а петти во кариерата е најплатениот спортист во светот со годишна плата од 275 милиони долари, објави магазинот Форбс.

На второ место на листата на најплатени спортисти на Планетата е американскиот кошаркар Стеф Кари од Голден Стејт Вориорс со 156 милиони долари, а трет е британскиот боксер Тајсон Фјури со 146 милиони долари.

Четвртото место го зазема НФЛ ѕвездата Дак Прескот со 137 милиони, додека аргентинскиот фудбалер Лионел Меси од третото падна на петтото со заработка од 135 милиони.

Најкорисниот кошаркар во НБА лигата, Србинот Никола Јокиќ е 41-ви со заработка од 57,6 милиони долари.

Фото: Сексапилна пејачка блеска во бикини!

Кој би рекол дека светската музичка ѕвезда Никол Шерцингер има 46 години.

Фото: Сексапилна пејачка блеска во бикини!

Најсексапилната пејачка во светот според нејзините милиони фанови, со нови фотки иако е длабоко влезена во петтата деценија од животот повторно покажа како блеска во бикини.

Никол уште еднаш ги почести своите фанови со атрактивен изглед во бикини.

По нејзиниот деби настап на овогодинешната Мет Гала, убавата Никол Шерцингер е на заслужен одмор.

Пејачката неодамна на Инстаграм објави жешки фотографии од уште пожешка плажа, а судејќи по објавата, таа ужива „за сите пари“.

притисни ентер