Судот во Филаделфија не успеа да го спречи Маск да им дели по милион долари дневно на избирачи - Канал 5

Судот во Филаделфија не успеа да го спречи Маск да им дели по милион долари дневно на избирачи

Обвинителот од Филаделфија не успеа да го спречи технолошкиот милијардер и поддржувач на Трамп, Илон Маск, да продолжи со неговата контроверзна распределба на пари на гласачите.

Судот во Филаделфија не успеа да го спречи Маск да им дели по милион долари дневно на избирачи

Државниот судија во Пенсилванија вчера го одби барањето за судска забрана, објавија американските медиуми. Одлуката е главно симболична, бидејќи дневната распределба на еден милион долари за едно лице секој ден завршува денеска, на денот на изборите.

Маск најави дека до изборите ќе подарува по еден милион долари дневно на регистриран гласач во особено спорните американски држави. Првите чекови од милион долари ги предаде во Пенсилванија. Државата може да биде особено важна затоа што има 19 изборни гласови. За победа на претседателските избори потребни се 270 електорски гласови.

Окружниот обвинител на Филаделфија, Лари Краснер, го обвини Маск и неговата организација „America PAC“ дека воделе „нелегална лотарија“. Краснер тврдеше дека натпреварот на Маск го прекршува законот во Пенсилванија кој бара сите лотарии во државата да бидат регулирани од државата. Од страната на Маск возвратија дека нема случајна распределба. Поединците кои ги добивале парите биле платени за нивната амбасадорска улога во Комитетот за политичка акција (PAC).

Целта на иницијативата е регистрирање на гласачи кои потпишуваат петиција за слободата на изразување и „правото на носење оружје“. Го лансираше организацијата на Маск „America PAC“, која го поддржува републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп.

Според американскиот изборен закон, противзаконски е да им се плаќа на граѓаните да гласаат или да се регистрираат за гласање. Маск изјави дека подарокот од милион долари има за цел да привлече поголемо внимание на петицијата. Критичарите, сепак, гледаат проблем во тоа што можат да учествуваат само регистрирани гласачи. Може да се протолкува дека парите даваат поттик за регистрација. Американското Министерство за правда издаде предупредување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 20. септември 2026 година

Дневен хороскоп за недела, 20. септември 2026 година. 

Дневен хороскоп за 20. септември 2026 година

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Пред вас е многу ветувачки љубовен ден. Ќе имате можност да поминете преубаво заедничко време со саканата личност.

Кариера

Држете се до своите деловни партнери , зашто тие во моментов одлично ја водат целата работа. Не им замерувајте ако понекогаш се малку поостри.

Здравје и совет

Прошетајте се на свеж воздух.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Ќе покажете дека цврсто верувате во своите љубовни идеали и дека од саканата лилчност очекувате повеќе отколку што мисли.

Кариера

Во стручните прашања би можело да дојде до една расправија или натпревар во докажување кој е во право. По обичај , никој.

Здравје и совет

Несоница по кошмарните сништа.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Во вашата работна средина би можеле денеска да забележитер личност која ви е посебно наклонета.

Кариера

Ќе бидете мотивирани само за многу интѕересни теми како што се алтернативни , уметнички и слично.

Здравје и совет

Не манипулирајте со луѓето.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Разговорот што ќе го водите со личност која ви е особено драга , ќе биде доста сериозен , па дури и мрачен.

Кариера

Ако тргнувате на деловно патување , проверете ја состојбата на автомобилот , дали сте ги набавиле сите дозволи и слично.

Здравје и совет

Не е исклучена кашлица..

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Веројатно ви претстои убаво помионато време во тишината на домот. Оние во врска , ќе го повикаат партнерот кај себе , а самците ќе размислуваат дали да излезат.

Кариера

Ќе мора малку повеќе да се потрудите околу финансиите . Имате добра шанса , па би било штета да ја пропуштите.

Здравје и совет

Одете кон својата цел.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе почуствувате колку е тешко постојано да објаснувате зошто избегнувате блискост. Едбноставно дистанцата ви одговара.

Кариера

Ќе се обидете да ги направите поедноставно работите околу финансиските трансакции. За некои тоа ќе биде чекор напред.

Здравје и совет

Позанимавајте се со својата листа на приоритети.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Оние кои сеуште бараат сродна душа , денеска би можеле да ја запознаат на своето работно место.

Кариера

Ќе бидете наклонети да мешате деловно со приватно , но тоа нема да ви пречи во доброто функционирање на работното место.

Здравје и совет

Пазете се од провев.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Денеска не е најдобар ден за еротика , зашто ќе бидете студени. Затоа покажете љубов до одредена граница на физичко зближување.

Кариера

Загрижено ги следите сите новости , но се уште не го наоѓате она што го сакате. Сеуште постојат ограничувања.

Здравје и совет

Бидете трпеливи.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Пред вас е пријатен љубовен ден во кој ќе ги надминете сите критики кои биле кажани на ваша сметка.

Кариера

Добивате одредена заштита , но тоа не значи дека и натаму не треба да се докажувате.

Здравје и совет

Бидете праведни.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Со паметен избор на зборови ќе ја пополните празнината во личните односи. Се ќе успеете да надоместите со интелектот.

Кариера

Ако повторно се посомневате во вашите способности , само погледнете што сте постигбнале до сега. Набргу ќе се охрабрите.

Здравје и совет

Соработувајте со младите.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Партнерот ќе ве поттикне на нежност. Вашиот меѓусебен однос ќе се подобрува секој ден се повеќе.

Кариера

Со своето знаење ќе придонесете работата да се заврши што подобро , како и деловните партнери да ве почитуваат.

Здравје и совет

Одлично сте расположени.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Убавите љубовни шанси ќе бидат занемарени поради мала семејна тага или проблем.

Кариера

Ќе се чувствувате распнати меѓу желбите и можностите. Излезот е во реалното согледување на состојбата.

Здравје и совет

Бидете одговорни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Дали ова е најбизарниот спорт во светот? Натпреварувачки се удираат по задникот

Натпреварувачки се удираат по задникот, дали е ова најбизарниот спорт?.

Видео: Дали ова е најбизарниот спорт во светот? Натпреварувачки се удираат по задникот

Ако мислевте дека сте ги виделе сите можни боречки спортови, Романците најдоа начин да ги изненадат сите. Промоцијата RXF организира натпревар наречен „Booty Slap“, во кој жените се удираат со дланка по задникот.

Форматот е прилично едноставен. Две натпреварувачки стојат една спроти друга и наизменично упатуваат силни шлаканици со отворена дланка по задникот на противничката.

Според тековните правила на RXF, дуелот се состои од вкупно десет шлаканици, а победничката се одредува врз основа на силината на ударот – односно штетата што ја предизвикуваат ударите.

Натпреварувачките мора да имаат најмалку 18 години, а пред мечот нанесуваат специјална супстанца на рацете за да го максимизираат ефектот на шлаканиците. За разлика од класичниот „Power Slap“, целта овде не е да се нокаутира противничката со удар во главата.

Наместо тоа, натпреварувачките се стремат да зададат што е можно посилна шлаканица, принудувајќи ја ривалката да изгуби рамнотежа или едноставно оневозможувајќи ја да ја издржи болката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бред Пит ја „загубил“ девојката на свадбата на Тејлор Свифт

Еден од најголемите заводници во Холивуд, актерската ѕвезда Бред Пит откри дека за време на спектакуларната свадба на Тејлор Свифт и Тревис Келси накратко ја изгубил од вид својата девојка, Инес де Рамон.

Бред Пит ја „загубил“ девојката на свадбата на Тејлор Свифт

Еден од најголемите заводници во Холивуд, актерската ѕвезда Бред Пит откри дека за време на спектакуларната свадба на Тејлор Свифт и Тревис Келси – настан одржан на 3 јули во њујоршкиот „Медисон Сквер Гарден“, кој тој го опиша како „свадба на векот“ – накратко ја изгубил од вид својата девојка, Инес де Рамон, на преполниот подиум за танцување.

„Тоа беше неверојатна ноќ“ .

Говорејќи на премиерата на филмот *Heart of the Beast*, актерот раскажа дека тој и Инес поминале „10, можеби 12 часа“ на свадбата, на која присуствувале околу 1.000 гости, истакнувајќи дека тоа била „неверојатна ноќ“.

Поради правилото што им забранувало на гостите да ги користат своите телефони, Пит рече дека накратко ја изгубил Инес од вид во гужвата на подиумот, но брзо ја пронашол со помош на другите гости, додавајќи дека целата прослава била внимателно испланирана, емотивна и многу забавна.

Двојката, која е заедно од 2022 година, ја официјализираше својата врска на Инстаграм за време на свадбата.

Инаку на свадбата на векот меѓу истакнатите гости беа Џиџи Хадид, Бредли Купер, Ед Ширан, Сабрина Карпентер, Хју Грант, групата „Хаим“ и Том Хенкс.

Во меѓувреме, новиот филм на Пит, *Heart of the Beast*, пристигнува во кината на 23 септември, според „Филм-њуз“ (Film-News).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер