Судот во Белград ги прогласи за оштетени родителите на убиените деца во ланскиот масакр - Канал 5

Судот во Белград ги прогласи за оштетени родителите на убиените деца во ланскиот масакр

Во Вишиот суд во Белград без присуство на јавноста продолжува судењето на родителите на момчето кое на 3 мај минатата година уби девет негови врсници и училишниот чувар во ОУ „Владислав Рибникар“.

Судот во Белград ги прогласи за оштетени родителите на убиените деца во ланскиот масакр

Својата одбрана треба да ја дадат обвинетите Владимир и Миљана Кецмановиќ, како и инструкторот и сопственик на стрелиштето каде, како што се сомнева, момчето научило да пука, а прашања ќе можат да им поставуваат и родителите на убиените деца, пишува Телеграф.

Во судот пристигнаа родителите на убиените деца, како и обвинетата Миљана Кецмановиќ, која се брани од слобода, додека нејзиниот сопруг е во притвор.

Вишото јавно обвинителство се откажа од сослушувањето на родителите на убиените деца, за да им овозможи да бидат присутни на судењето кога обвинетите ќе ја изнесат својата одбрана и да можат да поставуваат прашања.

Судот го прифати тоа барање и родителите денеска влегоа во судница.

Прашања, покрај родителите, на првообвинетиот Владимир Кецмановиќ ќе му поставуваат обвинителството, бранителите, оштетениот и судот.

Со одлука на судот, судењето се одвива без присуство на јавноста, поради заштита на интересите на малолетните жртви.

Инаку, еден од двајцата обвинители кои досега го застапуваа обвинението, Никола Ускоковиќ, е вратен во основното обвинителство, бидејќи е испратен на работа во ВЈТ, а постапката за избор на ова обвинителство се уште не е завршена. .

Поради оваа причина, за прв пат во судот едно обвинение ќе го застапува главниот јавен обвинител на ВЈТ во Белград, Ненад Стефановиќ, кој беше присутен во судницата од самиот почеток на судењето.

Таткото на момчето убиец е обвинет дека сторил кривично дело – тешко кривично дело против општата безбедност, бидејќи на стрелиште однел 13-годишно дете и го научило да пука, како и за недоволно чување оружје во куќа.

Момчето К.К., кое во моментот на ова дело сè уште немало 14 години и затоа не одговарало кривично, со два пиштоли на татко му што ги зел на 1 мај ги застрелал своите соученици.

Кобниот ден ги ставил во ранецот, отишол на училиште и на првиот час уби 10 луѓе, а повредил уште пет деца и наставничка по историја.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Чудо во Унгарија: Лубеница тешка 84 килограми

Била потребна мала градинарска количка за да се изнесе од стаклената градина.

Видео: Чудо во Унгарија: Лубеница тешка 84 килограми

Необична лубеница - вид што не се гледа секој ден - е одгледувана оваа година во унгарското село Медѓесбоџас,на фармата на Тамас Дарвас, една од лубениците достигна неверојатна тежина од 83,95 килограми.

Била потребна мала градинарска количка за да се изнесе од стаклената градина.

Дарваш одгледува лубеници повеќе од три децении, но неговиот пат кон производството на толку огромни плодови не бил случаен. Сè започнало во 1998 година, кога купил десет семиња во САД.

Оттогаш, од година во година, тој ги избирал семињата од најголемите лубеници за да ги користи во наредната сезона. На тој начин, земјоделецот со децении селектирал растенија што даваат сè поголеми плодови.

Дарваш претходно објасни дека станува збор за сорта првично развиена во американската сојузна држава Арканзас, специјално за натпревари во одгледување џиновски лубеници. Според неговите претходни изјави, под соодветни услови, поединечни лубеници можат да достигнат тежина и до 150 килограми.

Годинешниот резултат е особено значаен за него, бидејќи повеќекратно го надмина неговиот претходен забележителен успех.

Во 2023 година, Дарваш го привлече вниманието на јавноста со лубеница тешка 63,25 килограми. Сепак, сега таа граница е поместена за повеќе од 20 килограми.

Колку изнесува светскиот рекорд?

Иако 84 килограми би биле доволни сериозно да ја оптоварат обичната домашна вага, унгарската лубеница сè уште е далеку од светскиот рекорд. Најголемата официјално регистрирана лубеница во светот тежела дури 159 килограми.

Таа била одгледана од Американецот Кристофер Кент од Сејвил, Тенеси, а рекордот бил потврден на 4 октомври 2013 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Илинден со нова мерка за поддршка на најмладите

Општина Илинден воведува субвенции за првачиња, мерка наменета за помош на семејствата во пресрет на почетокот на учебната година. 

Општина Илинден со нова мерка за поддршка на најмладите

За таа цел, објавен е Јавен повик за доделување еднократна финансиска помош за семејствата со деца кои во учебната 2026/2027 година ќе го започнат своето основно образование.

Со новововедената мерка, секое дете запишано во прво одделение ќе добие еднократна финансиска помош во износ од 3.000 денари. Родителите или старателите кои сакаат да го остварат ова право потребно е да поднесат барање со соодветната документација преку Архивата на Општина Илинден. Деталите за условите, потребните документи и постапката за аплицирање се објавени на официјалната веб-страница на Општината.

Новата мерка има за цел да им помогне на семејствата во подготовките за почетокот на учебната година и да обезбеди дополнителна поддршка за најмладите ученици при нивниот прв чекор во образовниот процес. Паралелно со финансиската помош, Општината ќе продолжи и со досегашната практика на обезбедување ранци со училишен прибор за првачињата.

Финансиската поддршка е дел од Програмата за финансиска поддршка на жителите на Општина Илинден за 2026 година, преку која се спроведуваат повеќе мерки и активности наменети за поддршка на различни категории граѓани.

Линк до повикот: https://ilinden.gov.mk/wp-content/uploads/2026/08/javen-povik-finansiska-pomosh-prvachinja.pdf

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Франција во потрага по пиромани: Уапсени 474 лица за предизвикување пожари

Во Франција, од почетокот на јули, 474 лица се уапсени под сомнение дека предизвикале пожари, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи на таа земја.

Франција во потрага по пиромани: Уапсени 474 лица  за предизвикување пожари

Меѓу уапсените има 183 малолетници, односно речиси 39 отсто од вкупниот број, објавија порталите BFM TV и „Фигаро“. На почетокот на август, француското Министерство за внатрешни работи соопшти дека две третини од апсењата биле поврзани со подметнување пожари.

Утрово избувна нов шумски пожар во департманот Ланд во југозападна Франција, каде што синоќа изгореа околу 600 хектари, а околу 500 луѓе беа евакуирани поради приближувањето на пожарот кон населени места.

Франција сè уште е зафатена од топлотен бран. За денес се прогнозираат температури од 35 до 38 Целзиусови степени, а на места и до 40, додека ноќите ќе останат многу топли во голем дел од земјата, со температури меѓу 20 и 26 степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер